Европа
Папата повика на молитва за жртвите од експлозијата во Бејрут

Папата Франциско ги повика верниците да се молат за жртвите од стравотната експлозија во Бејрут, во која најмалку стотина луѓе го загубија животот, а повеќе од 4.000 беа повредени, како и за нивните семејства.
„Да се молиме за жртвите и семејствата на жртвите од експлозијата во Бејрут. Исто така, да се молиме за Либан со помош на социјална, политичка и верска посветеност да ги надмине овие крајно трагични и болни моменти“, напиша тој на својот профил на „Твитер“.
Let us pray for the victims of the explosions in Beirut and for their families; and let us pray for Lebanon so that, through the dedication of all its social, political and religious elements, it might face this extremely tragic and painful moment.
— Pope Francis (@Pontifex) August 5, 2020
Трагедијата се случи кога околу 2.750 тони амониумнитрат складирани во пристаништето во Бејрут експлодира поради несоодветно чување. Експлозијата предизвика голема материјална штета, а се почувствува на оддалеченост од 10 километри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Знамиња со кукасти крстови се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер, полицијата започна истрага

Три нацистички знамиња со кукасти крстови беа поставени на влезот на автопат во областа Есингеледен во Стокхолм, главниот град на Шведска, на 20 април, на роденденот на Адолф Хитлер.
Портпаролот на полицијата во Стокхолм, Матс Ериксон, изјави дека започнале истрага за злосторство од омраза.
Ериксон нагласи дека не е соодветно да се случуваат такви работи во Шведска. Тој посочи дека на влезовите на автопатите често се појавуваат транспаренти со политички пораки.
„Конкретно активистите споделуваат политички пораки бидејќи тука има густ сообраќај. Не е убаво да се споделуваат такви пораки“, рече Ериксон.
Тој додаде дека нацистичкото знаме најверојатно било поставено за да го одбележи роденденот на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, кој е роден на 20 април.
Европа
Објавени првите фотографии од телото на папата Франциско: во рацете има бројаница

Ватикан утрово ги објави првите фотографии од телото на папата Франциско. Неговото тело е положено во едноставен дрвен ковчег, со бројаница во рацете, митра на главата и облечен во црвена литургиска одежда, ден откако почина од последиците од мозочен удар во неговиот дом.
Телото на папата Франциско се уште се наоѓа во неговиот дом Санта Марта, каде што тој се опоравуваше откако помина повеќе од еден месец во римската болница Гемели поради билатерална пневмонија.
Според планот, утре, 23 април, среда, телото ќе биде преместено во базиликата Свети Петар за да можат верниците да им оддадат почит.
Европа
Украина: Соборивме 38 руски дронови, лансираа 54

Во текот на ноќта Русија лансираше 54 беспилотни летала, од кои 38 беа соборени, додека останатите 16 не стигнаа до целите. Регионите на Одеса и Киев беа нападнати во текот на ноќта, а во утринските часови започнаа нова непријателска акција, соопшти денеска Авијацијата на вооружените сили на Украина, пренесува УНН.
Според извештајот на Авијацијата на вооружените сили на Украина, Русите синоќа нападнале со 54 нападни беспилотни летала (UAV), а зоните за лансирање биле Милерово, Курск, Брјанск, Приморско-Ахтарск (Русија) и Чауда (Крим).
Воздушниот напад е одбиен со помош на воздухопловните сили, противавионски ракетни единици, опрема за електронско војување и мобилни огнени групи на украинската одбрана, соопштија тие.
До 9 часот потврдено е дека биле соборени 38 нападни беспилотни летала Шахед на истокот, северот, југот и центарот на земјата, објави Военото воздухопловство на социјалните мрежи.
„Поради непријателскиот напад беа погодени регионите на Одеса и Киев“, се вели во извештајот.
„Нов бран руски напади започна во 8 часот! Групи ударни беспилотни летала влегуваат од север над областа Суми“, нагласија од воздухопловните сили на вооружените сили на Украина.