Свет
Папата повика на прекин на огнот што е можно побргу за да се избегне опасноста од натамошна ескалација на конфликтот
Во својот говор на општа аудиенција на плоштадот Свети Петар, папата Франциско го осуди последниот бран руски ракетни напади врз Украина. Тој повика на прекин на огнот што е можно побргу за да се избегне опасноста од натамошна ескалација на конфликтот. За време на својот говор, тој не се осврна на последниот инцидент што се случи во Полска, во кој загинаа двајца полски државјани, пренесува „Скај њуз“.
„Со болка и загриженост дознав за нов и уште пожесток ракетен напад врз Украина, кој предизвика смрт и штета на многу цивилна инфраструктура. Да се молиме Господ да им ги преобрати срцата на оние што сè уште се држат за војна и дека во маченичката Украина преовладува желбата за мир за да се избегне ескалација и да се отвори патот за примирје и дијалог“, рече Папата.
Папата Франциско ги повика верниците да се молат за мир во Украина додавајќи дека верниците во молитвата може да кажат „побрзај Господи“ за војната да заврши што е можно побргу.
Инаку, Главниот штаб на украинските вооружени сили соопшти дека Русија вчера лансирала 110 проектили и 10 нападни беспилотни летала од иранско производство во Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

