Европа
Папата провозе деца на мигранти во „папамобилот“

Папата Франциско денеска во својот „папамобил“ провозе осуммина деца од мигранти, кои неодамна стигнале во Италија од Либија.
Франциско ги повика децата, кои доаѓаат од Сирија, Нигерија и Конго, на почетокот од неговата неделна аудиенција и го насочи „папамобилот“ на рута околу плоштадот Свети Петар со нив на задното седиште.
Децата биле бескрајно радосни и мавтале наоколу пред да се збогуваат од папата со прегратки и селфи, објави агенцијата АП.
Ватикан објави дека повеќе деца пристигнале во Италија на брод со имигранти пред неколку месеци, додека други допатувале на 29 април со своите семејства преку хуманитарни коридори.
Франциско се соочува со тврдокорната италијанска влада околу потребата мигрантите да се прифатат и да се интегрираат во општеството.
Агенцијата потсетува дека од патувањето во Грција во 2016 година, папата се врати со десетина Сиријци во својот авион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Украинска пратеничка предупреди: „Ѓаволот е во деталите“

Украинската пратеничка Јулија Сирко во интервју за „Скај њуз“ предупреди дека ѓаволот е во деталите кога станува збор за можен мировен план меѓу Украина и Русија, објави „Скај њуз“.
„Кога разговарате со Русите и работите со Русите, мора да размислувате три чекори напред“, рече Сирко.
Клучни неодговорени прашања
Таа нагласи дека Украинците очекуваат одговори на клучните прашања, а безбедносните гаранции се на прво место. „Кој ќе ја финансира огромната количина оружје и војници што ни се потребни за да одржиме 2.000 км фронтова линија?“, праша таа.
Сирко објасни дека прашањето за безбедносните гаранции е сложено, а позиционирањето на сојузничките трупи игра клучна улога во тоа. Таа објасни дека ако европските сили се позиционираат на западната граница на Украина, „тоа ќе биде само логистика“ и претставува сосема поинаква ситуација.
„Мора да бидете на фронтовската линија во сивата зона меѓу Русија и Украина, тоа е едно прашање“, истакна таа. „Ако војниците останат на западната граница, таму нема да имате никакви проблеми или закани, па тоа е друго прашање“.
Таа заклучи дека верува оти Русите нема да го прекршат договорот доколку европските армии се подготвени да останат на фронтовската линија. „Ако европските армии ќе може да издржат на бојното поле и ќе бидат подготвени да останат… не мислам дека Русите ќе го прекршат тоа“.
Европа
(Видео) Додека се одржуваа состаноци во Вашингтон, нападите продолжија

Руските сили извршија напади со беспилотни летала и ракети врз централна и јужна Украина, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски беше на средба со американскиот претседател Доналд Трамп и европските лидери во Вашингтон, објави германската новинска агенција дпа.
Според украинските воздухопловни сили и воените набљудувачи, нападите биле насочени кон централниот украински регион Полтава, особено кон индустрискиот град Кременчук.
Десетици беспилотни летала и најмалку две балистички ракети биле испукани кон регионот.
Балистичката ракета наводно погодила цел во јужниот украински регион Одеса.
Деталите за штетата или жртвите остануваат нејасни.
Руските медиуми, повикувајќи се на гувернерот на Волгоград, Андреј Бочаров, објавија дека остатоците од беспилотните летала предизвикале пожари во рафинерија за нафта и оштетиле болница, но нема пријавени повредени.
Летовите на аеродромот во Волгоград се привремено прекинати.
Украина се брани од руска инвазија речиси три и пол години.
фото: принтскрин
Европа
Лидерите на ЕУ денес ќе одржат видеоконференција за разговорите во Вашингтон

Лидерите на Европската унија денес ќе одржат видео-конференција за да ги разгледаат резултатите од разговорите во Вашингтон. Средбата е закажана за 13 часот, потврди претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста.
На видео-конференцијата ќе учествуваат сите членови на Европскиот совет, највисокото политичко тело на ЕУ, и ќе се фокусира на координирање на следните чекори по разговорите во Вашингтон.
I have convened a video conference of the members of the European Council for tomorrow at 13.00 CEST, for a debriefing of today’s meetings in Washington DC about Ukraine.
Together with the US, the EU will continue working towards a lasting peace that safeguards Ukraine’s and…— António Costa (@eucopresident) August 18, 2025
Пред состанокот, Коста ја нагласи важноста на соработката со Соединетите Американски Држави на социјалната мрежа Икс.
„Заедно со Соединетите Американски Држави, ЕУ ќе продолжи да работи кон траен мир што ги штити виталните безбедносни интереси на Украина и Европа“, напиша Коста.
фото: принтскрин