Свет
Папата сака да оди во посета на Ирак
Папата Франциско во понеделникот рече дека сака да отпатува за Ирак следната година, што ќе биде прво папско патување во земјата.
Изјавата на Франциско дојде за време на обраќањето до членовите на група добротворни организации кои им помагаат на христијаните на Блискиот Исток и во други области.
„Постојана мисла ме следи кога мислам на Ирак“, рече тој во своето обраќање, а потоа додаде: „Каде што имам желба да одам идната година“.
Војните и конфликтите доведоа до егзодус на христијаните во Ирак и некои други земји на Блискиот Исток. Малото христијанско население во Ирак од неколку стотици илјади претрпе потешкотии кога исламската држава контролираше големи делови од земјата, но ги поврати своите слободи откако џихадистите беа отстранети оттаму.
Во 2000 година починатиот папа Јован Павле сакаше да го посети древниот ирачки град Ур, кој се смета за родно место на Аврам. Тоа требаше да биде првиот дел од аџилакот во Ирак, Египет и Израел.
Но, преговорите со владата на тогашниот ирачки лидер Садам Хусеин беа неуспешни, па тој не можеше да ја посети земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.