Свет
Папата Франциско: Војната во Украина би била лудост
Папата Франциско во средата рече дека војната во Украина ќе биде лудост и изрази надеж дека тензиите меѓу земјата и Русија може да се надминат преку мултилатерален дијалог.
Говорејќи на општа аудиенција во средата, папата им се заблагодари на оние што учествуваа на Меѓународниот ден на молитвата за мир во Украина на 26 јануари.
„Да продолжиме да му се молиме на Бога тензиите и заканите од војна да може да се надминат преку сериозен дијалог и дека разговорите во формат Нормандија можае да придонесат за таа цел“, рече тој алудирајќи на разговорите меѓу Русија и Украина со посредство на Германија и Франција.
„И да не заборавиме: војната е лудило“, рече папата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
18-месечно бебе се задушило со капаче од паста за заби во Венеција: мајката го држела во раце
18-месечно бебе се задуши во Венеција со капаче од паста за заби. Трагедијата се случила минатата недела во семејната куќа во Лидо, додека бебето било со мајката. Момент бил во прашање за детето да го турне пластичниот дел во устата и тој да и загчлави во трахеата.
Локалните здравствени власти проверуваат што точно се случило, а според приказната на мајката, таа ја однела својата ќерка во тоалет за да ги измие забите. Меѓутоа, девојчето во еден момент ја зела пастата, ја ставила во уста и го скинала горниот дел, пластичното капаче.
“Јас и ќерка ми бевме во бањата за да и ги измиеме забите. Таа најде нов производ на кој сè уште беше пластичното пакување, затворено, но успеа да го откине со забите”, рекла Емили.
Родителите веднаш се обиделе да ги одблокираат дишните патишта, но не успеале.
Бидејќи не можеле сами да го извадат парчето пластика од нејзиниот душник, веднаш се упатиле во локалната болница, од каде што требало да биде пренесена во Падова. Меѓутоа, хеликоптерот имал проблеми, па полетале со друг, поради што изгубиле драгоцено време.
Девојчето околу 12 часот пристигнало во Падова каде била приклучена на уреди.
„Предолго беше без кислород, со инструменти ја извлекоа пластиката што ја проголта. Се прашуваме зошто не ја извадија веднаш во Венеција. Нема ли таму инструменти? Ги молевме лекарите да го направат тоа, неколку пати“, вели мајката.
Девојчето било приклучено на машини во петокот и се борела да преживее цела ноќ. Во саботата наутро на лекарите им било јасно дека нема надеж за малото девојче.
„Болничарите во Венеција беа добри, час и половина се обидуваа да и го спасат животот, не се откажаа. Да имаа машина да видат каде е заглавена пластиката, можеби ќе ја спасеа“, заклучи мајката.
Свет
(Видео) Порој пробива ограда на автопат во Германија: невремето предизвика катастрофални поплави
Југот на Германија беше погоден од обилни врнежи во последните денови, кои предизвикаа катастрофални поплави.
Многу области беа принудени да го евакуираат населението, а беа регистрирани и човечки жртви. На места блокиран е патниот и железничкиот сообраќај.
#BREAKING A massive flood occurred on the streets of Ebersbach an der Fils near Stuttgart, Germany 🇩🇪, due to a heavy rainstorm on June 2, 2024.
Video: Daniboyd342pic.twitter.com/3mHil8cuDj— 𝐓𝐡𝐞 𝐇𝐞𝐫𝐚𝐥𝐝 𝐃𝐢𝐚𝐫𝐲 (@TheHeraldDiary) June 3, 2024
На социјалните мрежи се споделуваат фотографии и видеа кои ги покажуваат размерите на оваа природна катастрофа.
Видео од корисник на мрежата X стана вирално, прикажувајќи дел од автопатот во близина на Штутгарт каде што беше избегната катастрофа.
Регион
(Видео+Фото) Град со големина на лешник уништи фасади од куќи, поплавени улици и домаќинства: големо невреме во делови од Војводина
Страшно невреме денеска попладне зафати делови од Војводина, но најголеми последици почувствуваа жителите на Бачка Паланка.
На видеата и фотографиите кои се шират на социјалните мрежи, град со големина на лешник падна врз домаќинствата и ги покри нивните дворови.
На улиците се појавија големи порои, а некои згради беа поплавени.
Се појави и видео од поплавената гимназија Бачка Паланка.
Како што претходно беше најавено, силната бура забележана на североистокот на Босна се пресели во Војводина и се движи понатаму кон Романија.
Според жителите на Бачка Паланка, некои домаќинства останале без струја.
Републичкиот хидрометеоролошки завод претходно издаде предупредување за невремето.