Европа
Папата Франциско жестоко ги критикува оние што не носат маска

Папата Франциско нема разбирање за демонстрантите што се против ограничувачките мерки, особено против носењето маски.
За луѓето што протестираа по насилната смрт на афроамериканецот Џорџ Флојд, вели дека изразиле здрав гнев против расизмот.
„Некои групи протестираа, одбија да се држат дистанца, маршираа против забраната за патување – како мерките наметнати од владите да се еден вид политички напад врз личната слобода“, напиша папата во новата книга, пренесува „Гардијан“.
Тој го поддржа носењето маски како вид заштита од коронавирусот.
„Истите тие луѓе што протестираа против ограничувачките мерки никогаш не би протестирале против смртта на Џорџ Флојд ниту, пак, би демонстрирале затоа што некаде во светот на децата им недостига вода за пиење, образование или поради семејствата што ги изгубиле сите приходи поради пандемијата. Не, тоа не ги допира, тие не би протестирале затоа што не се во можност да излезат од својот мал свет на лични интереси“, додаде Франциско.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Европа може да ја надомести американската воена помош, вели поранешен украински министер

Поранешниот заменик украински министер за одбрана рече дека Европа може да ја надополни празнината во воената помош што ја оставаат САД.
Володимир Харвилов, кој ја извршуваше функцијата од 2022 до 2023 година, рече дека Европа е „во пораст“ и дека може да ја снабдува Украина со „оружје и поголемиот дел од нејзините дневни потреби“.
„Европа ќе може да ја поддржи Украина наместо САД“, рече тој во емисијата „Тудеј“ на Радио 4.
Тој нагласи дека Украина е „многу благодарна“ за американската помош меѓу 2022 и 2024 година и дека комуникацијата со администрацијата на Трамп ќе продолжи на сите нивоа.
Тој додаде дека Украина ќе разговара со европските сојузници како да се здобијат со софистицирани системи, кои во моментов само САД можат да ги испорачаат.
Европа
Би-би-си: Какви опции има Зеленски сега? Јасно е што сака Трамп

„Што може Зеленски да направи за да ја промени ситуацијата? Да му се извини на претседателот Трамп? Да го прифати договорот за минерали под какви било услови?“, прашува Би-би-си во коментар откако американскиот претседател Доналд Трамп ја прекина воената помош за Украина.
„Администрацијата на Трамп се чини дека го сака токму тоа – да ја префрли вината за тензиите врз Зеленски, обвинувајќи го дека не е доволно благодарен. Одлуката за замрзнување на помошта очигледно е обид да се изврши притисок врз украинскиот претседател да направи отстапки. Сепак, Зеленски веќе навести дека е подготвен на компромис.
Во едно минатогодишно интервју, тој рече дека може да прифати губење на териториите што веќе ги окупира Русија, доколку за возврат, неокупираните делови на Украина би можеле да се приклучат на НАТО. Овој месец, тој отиде чекор подалеку – велејќи дека би бил подготвен да се повлече од функцијата доколку за возврат на Украина и биде одобрено членство во НАТО.
Сепак, Трамп ја отфрли можноста Киев да стане дел од алијансата, а со тоа да се усогласи со позицијата на Москва. Што точно Трамп очекува од Русија, земјата која ја нападна Украина, останува непознато“, заклучува Би-би-си.
Соединетите Американски Држави ја прекинуваат воената помош за Украина неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп се судри со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба, потврди претставник на Белата куќа за Ројтерс.
„Претседателот јасно стави до знаење дека е фокусиран на мирот. Потребно ни е нашите партнери да бидат посветени на таа цел. Паузираме и ја разгледуваме нашата помош за да се увериме дека таа придонесува за решението“, рече претставникот.
Канцеларијата на Зеленски не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.
„Ова не е трајно прекинување на помошта, тоа е пауза“, цитира Фокс њуз претставник на администрацијата на Трамп. Блумберг објави дека е запрена испораката на целата американска воена опрема која моментално не е во Украина, вклучително и оружје во транзит на авиони и бродови или оние кои чекаат во транзитните области во Полска.
Европа
Првата реакција на Украина: Ова не го замислувавме ниту во нашиот најлош кошмар

Олександр Мережко, украински пратеник од партијата на претседателот Зеленски, рече дека е „шокиран“ од веста дека Соединетите Држави ја запираат воената помош за Украина.
Говорејќи за „Њуздеј“ на Би-би-си, тој рече: „Она што се случува е неверојатно. Ниту во моите најлоши кошмари не можев да замислам дека Трамп може да ја спречи воената помош за Украина во време кога ни е најпотребна“.
Мережко смета дека американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да ги турка Украина и Европа настрана за да постигне договор со Русија.
„Мислам дека господинот Трамп треба сериозно да размисли како ќе остане запаметен во историјата. За мене ова е ден кој ќе остане во историјата како срамен“, заклучи тој.