Свет
Папата Франциско излезе од болница

Папата Франциско (84) денеска ја напушти болницата во Рим, каде што беше опериран на дебелото црево пред 11 дена, објавија локалните медиуми.
Фотографите од пред болницата Џемели покажаа два автомобила придружени од безбедносната служба на Ватикан, како доаѓаат на страничниот излез нешто пред 11 часот, откако вработените во болницата ставија инвалидска количка во багажникот на едно од возилата, пренесува „Ројтерс“.
Првиот од двата автомобила имаше затемнети стакла.
На 4 јули на Папи му беше отстранет дел од дебелото црево. Тој се појави во јавноста за првпат по операцијата во неделата, стоејќи околу 10 минути за време на говорот од балконот на болничката соба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Објавени излезните анкети во Германија: ЦДУ има 29 отсто, АфД 19,5

Според првите излезни анкети, партиите на Унијата ЦДУ/ЦСУ освоиле 29 отсто од гласовите, а потоа АфД со 19,5 отсто од гласовите. СПД е на трето место со 16, а Зелените на четврто со 13,5 отсто.
Како што претходно објави Дојче Веле, 52 отсто од вкупно 59,2 милиони гласачи гласале на избирачките места до 14 часот. Ова не ги вклучува оние кои претходно гласале по пошта. Ова е значително повеќе отколку во септември 2021 година, кога до 14 часот гласале 36,5 отсто од гласачите. Одѕивот е поголем отколку на изборите пред пандемијата во 2017 година, кога гласале 41 отсто од гласачите.
„Ова покажува дека има голем интерес за изборите“, изјави Федералната изборна комесарка Рут Бренд.
Свет
Драма на лет од Њујорк поради закана од бомба: авионот принудно слета во Рим

Авион на Американ Ерлајнс кој летал од Њујорк до Делхи бил пренасочен на аеродромот Фиумичино во Рим поради закана за бомба.
Авионот моментално слетува на аеродромот во Рим и сите служби се во подготвеност.
Во авионот има 285 патници.
Two Italian Eurofighters escorted American Airlines flight AAL292 (NYC–Delhi), which diverted to Rome after turning back over the Caspian Sea due to a bomb threat.
➡️ https://t.co/rmhiNInOtmhttps://t.co/6dznFG6d8M— itamilradar (@ItaMilRadar) February 23, 2025
Податоците од „Флајтрадар“ покажуваат дека авионот свртел и моментално слетува во Рим.
Свет
Кремљ: Непријателството на Трамп кон Зеленски е разбирливо

Дијалогот меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп денеска Кремљ го опиша како „ветувачки“, непосредно пред третата годишнина од руската инвазија на Украина и пресврт во се понепријателското однесување на претседателот Трамп кон Киев.
Откако рече дека Украина е одговорна за конфликтот, започнувајќи преговори со Москва без учество на Украина или на Европа во нив и го нарече својот колега Володимир Зеленски „диктатор“, Доналд Трамп вчера изјави дека сака да ја врати помошта што САД ја обезбедија во изминатите три години со добивање пристап до украинските минерални ресурси.
На новинарско прашање за промената на американската позиција, портпаролот на Кремљ изрази задоволство. Истовремено, Москва и Вашингтон подготвуваат самит меѓу двајцата претседатели и преговараат за иднината на Украина.
„Дијалогот се одвива меѓу двајца навистина извонредни претседатели, што ветува. Важно е ништо да не го попречува спроведувањето на нивната политичка волја“, изјави Дмитри Песков за руската телевизија.
Тој го опиша непријателството на Трамп кон Зеленски како „разбирливо“, имајќи предвид дека Зеленски рече дека американскиот претседател живее во руска „мрежа на дезинформации“, а Песков претходно го обвини Киев дека е одговорен за конфликтот покренат од Русија на 24 февруари 2022 година.
Претходно, Владимир Путин го одбележа Денот на бранителите на татковината, велејќи дека тој и неговата војска имаат божествена „мисија да ја бранат Русија“. Затоа вети дополнително „зајакнување“ на воените сили.
„Така тоа го сакаше судбината. И така сакаше Господ, ако можам да кажам така. Мисија колку што е тешка, еднакво е чесна, а тоа е одбраната на Русија, е поставена на нашите и вашите рамења“, рече Путин, врачувајќи им ги одликувањата на војниците во Кремљ.
Покрај тоа што сака да ја доведе Украина во ред, Путин би сакал да постигне реорганизација на европската безбедносна архитектура преку слабеење на НАТО. Трамп изгледа го поддржува во тоа, а во исто време се чини дека и Вашингтон сака да се одвои од европскиот континент.
Американците се против влезот на Киев во Северноатлантскиот договор и бараат територијални отстапки од Украина. Песков инсистираше на тоа дека Русија никогаш нема да ја продаде или отстапи земјата што ја окупира, што е околу 20 отсто од украинската територија, што значи дека Москва нема намера да се согласи на компромиси.