Свет
Папата Франциско: Католичката црква за заеднички датум за Велигден
Папата Франциско изјави дека Католичката црква е подготвена да прифати заеднички датум за Велигден со сите христијански цркви, така што сите цркви, вклучително и православните, протестантските и други, да го слават Велигден во ист ден, со што ќе се зајакне единството меѓу верниците.
„Еден датум за Велигден. Католичката црква е подготвена да го прифати датумот на Велигден заради единство. Ова е година на благодатта, можност за сите христијани што веруваат во ист бог повторно да ги откријат заедничките корени на верата. Единството што сите сакаме да се случи“, рече pапата, пренесува италијански „Пресе“.
Годинава, Велигден ќе се празнува на ист ден со грегоријанскиот и јулијанскиот календар, во годината кога се одбележува годишнината од Никејскиот собор.
„Го обновувам мојот повик оваа случајност да биде потсетник за сите христијани да направат одлучувачки чекор кон единството, за заедничкиот датум за Велигден“, рече папата, пренесува медиумот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Најмалку 18 тела се пронајдени по авионската несреќа во САД
Според извештајот од САД, службите за итни случаи извлекле најмалку 18 тела.
Цитирајќи полициски функционер, Си-Би-Ес Њуз додаде дека сè уште не се пронајдени преживеани.
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека синоќешниот настан е „апсолутно трагичен“.
Latest below. Absolutely tragic. Search and rescue efforts still ongoing. Prayers for all impacted souls, and their families.
Investigation launched immediately by Army & DoD. pic.twitter.com/WdUnYV4UJz
— Pete Hegseth (@PeteHegseth) January 30, 2025
Во објава на Икс, тој истакна дека во тек е акција за пребарување и спасување и дека Министерството за одбрана веднаш покренало истрага.
Ен-би-си њуз: Авионот се подели на половина
Ен-би-си њуз јавува дека авионот е под два метри вода и се скршил на половина.
BREAKING: Mid-air collision between a helicopter and commercial jet on approach to Ronald Reagan Washington National Airport. Rescue boats are scanning the Potomac River. pic.twitter.com/ySwHFq9Ej1
— Breaking 4 News (@Breaking_4_News) January 30, 2025
Дописникот на Ен-би-си, Том Костело, рече дека хеликоптерот завршил на покрив.
Тој потврди дека нуркачи се во реката и трагаат по жртви или преживеани.
Свет
Поранешен американски сенатор осуден на 11 години затвор за корупција
Поранешниот американски сенатор Боб Менендез (71) е осуден на 11 години федерален затвор под обвинение за мито, изнуда и корупција.
Менендез, долгогодишен претставник на Демократската партија од Њу Џерси, беше осуден по 16 точки поврзани со обвинувањата за примање мито, вклучително и златни прачки и готовина, во замена за политички услуги.
Во 12-минутниот говор пред изрекувањето на пресудата во федералната судница во Њујорк, Менендез со солзи ги призна грешките од минатото, но ја бранеше својата јавна служба, објавија неколку американски медиуми кои беа присутни на сослушувањето.
– Направив многу повеќе добро отколку лошо, рече тој.
Федералната порота во Њујорк во јули го прогласи Менендез за виновен за примање мито од стотици илјади долари и дејствување како нерегистриран странски агент.
Обвинителите тврдеа дека Менендез примал мито од тројца бизнисмени од Њу Џерси, Фред Даибес, Ваел Хан и Хозе Урибе, вклучувајќи златни прачки, плаќања за хипотека, луксузен автомобил и повеќе од 480.000 долари во готовина. Во замена, тој, наводно, штител поединци од гонење и ја користел својата позиција во корист на египетската и катарската влада.
Менендез поднесе оставка како претседател на Комитетот за надворешни односи на Сенатот во август и беше познат и по тоа што се противеше на продажбата на оружје на Турција, сојузник на САД во НАТО, поради очигледните врски со грчкото и ерменското лоби во САД.
Свет
(Видео) Патнички авион се урна по судир со воен хеликоптер над Вашингтон, снимен моментот на падот
Регионален патнички авион на „Американ ерлајнс“ се судри во воздух со хеликоптер на американската армија „Блек Хок“ во близина на националниот аеродром „Реган Вашингтон“ синоќа, по американско време, соопштија официјални лица. Патнички авион се урна во реката Потомак, објавија медиумите.
Сенаторот Тед Круз од Тексас потврди на социјалните мрежи дека „има смртни случаи“, но не прецизираше колку. Телевизиската мрежа Ен-Би-Си јави дека досега се извлечени најмалку две тела од реката Потомак, а четири лица се извлечени живи од реката.
Initial video from Kennedy Center/EarthCam shows crash at Reagan Airport pic.twitter.com/t8nRcesQU5
— Tim Renaud (@TimWCBD) January 30, 2025
Американската федерална управа за авијација (ФАА) објави дека регионалниот авион на ПСА Ерлајнс се судрил во воздух со хеликоптер „Блек Хок“ додека се приближувал до Реган. Претставник на американската војска потврди дека еден од нивните хеликоптери учествувал во несреќата.
ПСА управуваше со летот 5342 за Американ Ерлајнс, кој полета од Вичита, Канзас. Американ ерлајнс објави дека во авионот имало 60 патници и четворица членови на екипажот, а авионот може да превезе до 65 патници. Американската војска соопшти дека во хеликоптерот имало тројца војници.