Свет
Папата ѝ порача на Украина: Не се срамете од преговори пред работите да се влошат
Папата Франциск во интервју рече дека Украина требало да има, како што рече, храброст за „бело знаме“ и да преговара за крај на војната со Русија.
Во интервјуто снимено минатиот месец за швајцарската телевизија RSI, Франциск рече што мисли за оние кои велат дека Украина треба да се откаже бидејќи не успеала да ги одбие руските сили и другите кои веруваат дека тоа ќе ѝ даде легитимитет на посилната страна. Новинарот во своето прашање го употреби терминот „бело знаме“.
„Тоа е едно толкување, тоа е вистината“, рече Франциск, според деловите од интервјуто што треба да се емитува на 20 март.
„Зборот преговарање е храбар збор. Кога ќе видите дека сте поразени, дека работите не одат добро, треба да имате храброст да преговарате“, истакна Франциск. Тоа е првпат Франциск да употреби термини како „бело знаме“ или „поразен“ во дискусија за војната во Украина, иако претходно зборуваше за потребата од преговори.
Минатата година 87-годишниот папа испрати мировен пратеник, италијанскиот кардинал Матео Зупи, на разговори во Киев, Москва и Вашингтон.
„Некој може да се срами“, рече Франциск за преговорите, „но со колку мртви ќе заврши војната? Треба навреме да преговараме, да најдеме земја која ќе дејствува како посредник“, рече Франциск, споменувајќи ја Турција меѓу земјите кои понудија посредничка улога.
„Не срамете се да преговарате пред работите да се влошат“, додаде Франциск, кој испрати стотици апели за, како што вели, за „маченичка Украина“. На прашањето дали тој самиот ќе биде подготвен да посредува, Франциск одговори: „Тука сум“.
Фрациск ги даде овие коментари многу пред последната понуда на турскиот претседател Тајип Ердоган за одржување на самит меѓу Украина и Русија. Ердоган ја даде понудата по средбата во Истанбул со украинскиот претседател Зеленски, кој рече дека нема да отстапи од ниту еден дел од територијата, и покрај тоа што сака мир.
Мировниот план на украинскиот претседател предвидува повлекување на руската армија од сите делови на Украина и обновување на државните граници. Кремљ ги отфрли мировните преговори според условите на Киев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Обилни дождови во Бразил: Најмалку 14 загинати, 440 раселени
Најмалку 14 лица загинале, а 440 се раселени откако обилни дождови го погодиле југоисточниот бразилски град Жуис де Фора, соопштија локалните власти.
Дождовите предизвикале поплави и свлечишта, а наставата во општинските училишта е прекината. Властите мобилизирале специјализирани тимови за помош и потрага по исчезнати лица. Градот, кој се наоѓа во сојузната држава Минас Жераис, прогласил состојба на катастрофа.
Локалните власти наведуваат дека ова е најврнежливиот февруари во историјата на градот, со двојно повеќе врнежи од очекуваното. Националниот институт за метеорологија издал предупредувања за обилни дождови во делови од 14 сојузни држави, вклучително и Рио де Женеиро.
Свет
Трамп сака до Денот на независноста да ја запре војната во Украина
Американскиот претседател, Доналд Трамп, се обидува да постигне договор за прекин на војната во Украина пред 4 јули, кога ќе биде домаќин на одбележувањето на 250-годишнината од американската независност, пренесува „Блумберг“, повикувајќи се на високи американски функционери.
За време на претседателската кампања, Трамп повеќепати ветуваше дека ќе ја заврши војната во рок од 24 часа по преземањето на функцијата. Сепак, околу 400 дена по почетокот на неговиот втор мандат, тристраните разговори не довеле до договор.
Трамп сега, според „Блумберг“, има цел војната да заврши во рок од четири месеци. Но, Кремљ денеска, на четвртата годишнина од почетокот на војната, порача дека борбите ќе продолжат сè додека не се остварат руските цели во Украина.
Свет
ОН ги повикаа САД да го подмират долгот од над четири милијарди долари
Претседателката на Генералното собрание на Обединетите нации, Аналена Бербок, ги повика САД целосно и навреме да ја подмират својата членарина кон светската организација, откако Вашингтон уплатил само дел од долгот.
Како што пренесе „Ројтерс“, САД уплатиле околу 160 милиони долари од вкупниот долг од повеќе од четири милијарди долари кон Обединети нации.
Генералниот секретар на ОН предупредил дека организацијата се соочува со „многу скор финансиски колапс“ поради неплатени членарини.
Баербок изјави дека „секојa земја членка мора да го плати својот придонес во целост и навреме“, додавајќи дека 160 милиони долари „очигледно не е целосниот износ“.
Минатата недела, американскиот претседател, Доналд Трамп, беше домаќин на состанок на својот „Одбор за мир“, иницијатива за која дел од експертите сметаат дека може да ги поткопа ОН. Баербок посочи дека за прашањата на мир и безбедност постои легитимно тело, односно Обединетите нации.

