Европа
Патничката на италијанскиот крузер нема коронавирус

Патничката на италијанскиот крузер за која имаше сомнежи дека е заразена со коронавирус го нема овој тип вирус во организмот, изјави портпаролот на италијанското Министерство за здравство.
Ова го потврдија тестовите направени од италијански лекари, пренесе „Ројтерс“.
Речиси 6.000 луѓе беа заробени на крузер во италијанскиот град Чивитавекија кога една Кинезинка добила треска поради што се јавил страв дека е заразена со коронавирус.
Неименуван извор изјавил дека жената има благи симптоми, а нејзиниот сопруг нема никакви симптоми на болест, објави „Анса“.
Двојката од Макао била тестирана од експерти од римската болница „Спаланчани“, кои се специјалисти за инфективни болести.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Фото) Фреските откриени во Помпеја покажуваат верски обичаи пред ерупцијата на Везув

Археолозите во Помпеја открија ретки фрески во речиси природна големина кои нудат нови сознанија за религиозните практики во античкиот град пред да биде уништен од ерупцијата на Везув во 79 година од нашата ера.
Големата фреска што се протега на три ѕида од салата претставува живописни слики на иницијациски обреди за следбениците на Дионис – античкиот грчки бог на виното, плодноста, театарот и религиозната екстаза.
Ритуалите за иницијација, познати како Дионизиски мистерии, биле тајни религиозни обреди посветени на богот, кои ветувале духовно просветлување и можеби благословен живот после смртта.
„…Денешниот ден ќе биде запаметен како историски бидејќи откритието што го презентираме е историско“, рече италијанскиот министер за култура Алесандро Џули, кој присуствуваше на откривањето на фреските.
„Заедно со Вилата на мистерии, овие фрески се неспоредливо сведоштво за помалку познатите аспекти на древниот медитерански живот“.
Европа
Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде гаранција за безбедност

Италијанската премиерка Џорџа Мелони рече дека праведен мир во Украина е можен само доколку НАТО обезбеди безбедносни гаранции.
„Ова е најефективниот начин да се спречи нова руска инвазија. Праведен и траен мир во Украина е невозможен доколку на Киев не му се дадат гаранции дека Русија нема повторно да ја нападне земјата“, рече Мелони по средбата со шведскиот премиер Улф Кристерсон во Рим, пренесува УНН.
„Мора да се направат напори за да се постават темелите за праведен и траен мир во Украина, што ќе биде возможно само доколку на Киев му се обезбедат соодветни безбедносни гаранции. Ова би спречило повторување на вакви настани и европските нации кои се чувствуваат загрозени би можеле да бидат безбедни“, додаде Мелони.
Таа нагласи и дека безбедносните гаранции за Украина треба да се спроведуваат во рамките на НАТО.
„Верувам дека ова е најдобрата структура за да се гарантира мир кој нема да биде ниту кревок ниту привремен, за да нема ризик Европа да западне повторно во драмата на војната. Другите решенија ми се чинат покомплицирани и, искрено, помалку ефективни“, заклучи Мелони.
Европа
Романија усвои закон за соборување на беспилотни летала поради упадот на дронови во земјата

Романскиот Сенат го усвои „законот за беспилотни летала“, предлог-закон со кој се регулира мирното спроведување на воените мисии и операции на територијата на Романија кога нема војна. Според „Романија Журнал“, имало 81 глас „за“, 12 „против“ и два воздржани.
Според нормативниот акт, одредени структури на романската армија, во зависност од оперативните потреби, ќе можат привремено да бидат префрлени под различни нивоа на овластување во однос на командантот на странските вооружени сили кои спроведуваат воена операција на територијата на романската држава.
Во предлог-законот се прецизира дека беспилотното летало кое илегално ја минува романската граница и лета без дозвола може да биде неутрализирано, па дури и уништено. „Авион без пилот кој илегално ја преминува романската државна граница и лета во националниот воздушен простор без дозвола може да биде уништен, неутрализиран или може да се преземе контролата“.
Сега останува на властите да одлучат кој ќе има право да донесе одлука за соборување на овие дронови, пишува „Романија Журнал“.