Европа
Патрушев: Русија нема рокови, воената операција ќе заврши кога ќе се постигне целта, нацизмот мора да се искорени
Официјален Кремљ во интервју во вторникот наутро зборуваше за војната во Украина наведувајќи дека Русија нема рокови и дека ќе ја заврши својата воена кампања кога ќе се постигне целта за денацификација.
Ние не бркаме рокови. Нацизмот или мора да се искорени 100 отсто или ќе крене глава за неколку години и тоа во уште погрда форма, изјави секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев, додавајќи дека задачите на специјалната воена операција во Украина ќе бидат исполнети, пренесе „Њузвик“.
Тој во интервју за весникот „Аргументи“ (АиФ) го спореди неодамнешниот масакр во Бафало во Њујорк, што го изврши бел врховист, со украинскиот баталјон „Азов“.
„Западњаците, веројатно, нема да ги симнат розовите очила додека украинските насилници не почнат да беснеат по нивните улици. И не само во Европа, сетете се на неодамнешните пукотници во Бафало. Би сакал да ги прашам Американците која е разликата помеѓу неонацист, кој пука во луѓе во супермаркет и милитант од ‘Азов’“, рече Патрушев.
Тој зборуваше и за Финска и за Шведска, кои неодамна официјално го најавија влезот во НАТО. Тој ја нарече алијансата „не одбранбен, туку чисто агресивен офанзивен воен блок“ и рече дека членството во него значи дека земјата мора да отстапи одредена моќ на САД.
„Доколку воената инфраструктура на алијансата се прошири на територијата на Финска и Шведска, Русија ќе го сфати тоа како директна закана за нејзината безбедност и ќе биде обврзана да одговори“, предупреди Патрушев, пренесе „Њузвик“.
Тој посочи дека ќе бидат остварени сите поставени цели од претседателот на Русија, пренесува „Интерфакс“. Патрушев додаде дека не може да биде поинаку бидејќи, според него, вистината, вклучително и историската, е на страната на Русија.
„Судбината на Украина ќе ја одредат луѓето што живеат на нејзината територија“, рече Патрушев, пренесуваат медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинците нападнаа руска рафинерија на 2.000 километри од границата, се шират снимки
Украински дронови предизвикаа пожар во рафинерија за нафта во северозападна Русија, на околу 2.000 километри од украинската граница.
Ројтерс објави дека утрово избувнал пожар во рафинерија за нафта во сопственост на руската компанија Лукоил во близина на градот Ухта во руската република Коми, изјави шефот на регионот, Ростислав Голдштејн. Никој не е повреден, а службите за итни случаи работат на местото на настанот, изјави Голдштејн на апликацијата Телеграм.
Russian Telegram channels report a drone attack and subsequent fire at Ukhta oil refinery plant in Ukhta, Komi region of Russia.
It's located over 2,000 km from the Ukrainian border. pic.twitter.com/ATCEcdkMCH— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 12, 2026
Пожарот избувнал откако украинските дронови погодиле инфраструктура која се смета за стратешки важна за снабдувањето со гориво во Русија, како дел од засилениот напад врз енергетската инфраструктура по краткото затишје за време на мировните преговори минатиот месец. Украинските власти, вклучувајќи го и претседателот Зеленски, постојано повторуваат дека нападите врз руските рафинерии за нафта се „најдобрите санкции“.
Meanwhile in Russia’s Ukhta.
The local refinery keeps getting hit by drones as we speak.
1,800 km away from the Ukrainan border. pic.twitter.com/TZMDIrIIg6
— Illia Ponomarenko 🇺🇦 (@IAPonomarenko) February 12, 2026
Снимки од густи облаци од црн чад над областа на рафинеријата Ухта веднаш по нападот циркулираат на социјалните медиуми, илустрирајќи го обемот на инцидентот и влијанието на нападот далеку на руска територија.
Европа
(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки
Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време на советско-авганистанската војна, изјави поранешен шеф на британската разузнавачка служба во неодамнешно интервју.
Ричард Мур, поранешниот шеф на МИ6, даде интервју за Скај њуз, во кое рече дека околу 30.000 руски војници загинале во Украина во декември, опишувајќи ја бројката како „застрашувачки“.
Мур го спореди месечниот број на жртви на руски војници со загубите во советско-авганистанската војна, која траеше десет години, од 1979 до 1989 година, и во која загинаа околу 15.000 советски војници.
„Загубите се ужасни и дури и Русите ќе имаат тешкотии да ги надоместат тие загуби. Затоа поминуваат катастрофално лошо на бојното поле“, рече Мур.
Европа
Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост
Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид да ги принудат корисниците да се префрлат на конкурентска услуга контролирана од владата.
„Руската влада се обиде целосно да го блокира WhatsApp со цел да ги насочи граѓаните кон апликација контролирана од државата“, рече Мета.
„Правиме сè што можеме за да ги одржиме нашите корисници поврзани“, се додава во соопштението.
Фајненшл тајмс претходно објави дека руските власти го отстраниле WhatsApp, кој има околу 100 милиони корисници во Русија, од онлајн регистарот на апликации што ги води Роскомнадзор, државниот регулатор за комуникации.
Овој потег се смета за дел од пошироката стратегија за ограничување на пристапот до платформи што не се директно контролирани од руските безбедносни служби. Рускиот регулатор веќе воведе ограничувања за Telegram претходно оваа недела, објави Франс Прес.
Руските власти вршат притисок за префрлување на MAX, за кој критичарите велат дека овозможува надзор на корисниците, објави Ројтерс.

