Свет
Педофил во Индонезија јавно казнет со 100 удари со камшик

Мажот кој беше фатен во сексуална врска со едно девојче во Индонезија молеше за милост кога доби пет удари со камшик за време на јавното казнување. Неговата пропишана казна изнесуваше 100 удари со камшик и на крајот беше извршена по извршениот медицинскиот преглед, пренесува „Дејли мејл“.
Тој и уште еден маж беа казнети со по 100 удари со камшик и со пет години затвор.
Додека едниот молеше за милост, другиот ја прими својата казна во тишина, додека на крајот неговата бела туника беше обоена со крв.
Едниот имал секс со малолетната ќерка на својата сопруга, а другиот спиел со својата малолетна сосетка.
Според шеријатскиот закон на островот Суматра, се казнуваат коцкањето, алкохолизмот, геј-сексот и сексот надвор од бракот.
Таа е единствената покраина во Индонезија што го наметнува овој исламски закон.
Лицето мора да има најмалку 18 години за да има секс, но 16-годишните девојчиња можат да се омажат со одобрение од своите родители.
Казната од 100 удари е резервирана за најтешките злосторства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Орбан: Европската Унија се распаѓа пред нашите очи, ако не дејствуваме, следниот буџет ќе биде последниот буџет на ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера изјави дека Унгарците ќе мора да изберат помеѓу две страни на парламентарните избори следната година.
„Унгарија има само два избора во стратешка смисла. Едниот избор е да се придружи на политиките на Брисел. Тоа, според мене, би било катастрофално, со последици што би нè фрлиле во хаос и сиромаштија“, им рече Орбан на поддржувачите на неговата партија Фидес.
Политичките аналитичари предвидуваат дека Орбан се соочува со своите најтешки избори откако дојде на власт во 2010 година. Економијата на Унгарија стагнира, а инфлацијата го спречува да ги намали каматните стапки, кои се на 6,5 проценти, највисоки во Европската Унија.
Орбан во неколку наврати се судри со Европската Унија околу правата на мигрантите, правата на ЛГБТ заедницата, слободата на судовите и академиците и поддршката за соседна Украина по руската инвазија во февруари 2022 година. Вчера, тој изрази сомнежи за иднината на Европската Унија.
„Европската Унија се распаѓа пред нашите очи. Само фундаментална реорганизација може да ги запре силите што ја распаѓаат Унијата. Ако не дејствуваме, следниот буџет ќе биде последниот буџет на Европската Унија“, предупреди тој.
„Се соочуваме со задачата да го изготвиме буџетот на Европската Унија за периодот 2028-2035 година. Дури и ако овој буџет се усвои, што е многу малку веројатно. Дури и ако се усвои, тоа ќе биде последниот седумгодишен буџет“, забележа тој.
„За да се избегне колапс, Европската Унија мора темелно да се реорганизира. Бидејќи денес силите што ја делат растат, додека силите што ја држат заедно исчезнуваат. Реорганизацијата би можела да го промени овој тренд, правејќи во интерес на повеќето земји-членки да останат во Европската Унија“, додаде тој.
фото: принтскрин
Свет
Хамас одговори на „последното предупредување“ од Трамп

Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека е подготвена веднаш да започне преговори по „последното предупредување“ од американскиот претседател Доналд Трамп, во кое бара да прифатат договор за ослободување на израелските заложници од Газа.
Хамас потврди доцна синоќа дека добил „некои идеи од американската страна со цел постигнување преговори за прекин на огнот“, додавајќи дека „го поздравува секој потег што ќе помогне во напорите за запирање на агресијата врз народот“.
Организацијата соопшти дека е „подготвена веднаш да седне на преговарачка маса за да разговара за ослободување на сите затвореници во замена за јасна декларација за крај на војната, целосно повлекување од Појасот Газа и создавање независен палестински комитет за управување со Појасот Газа“.
Изјавата дојде кратко откако Трамп напиша на својата мрежа Truth Social дека „Израелците ги прифатија неговите услови“, без да даде детали. „Време е Хамас да ги прифати. Го предупредив Хамас за последиците од неприфаќањето. Ова е моето последно предупредување, нема да има второ!“ додаде Трамп.
„Сите сакаат заложниците да се вратат ДОМА. Сите сакаат оваа војна да заврши“, рече американскиот претседател.
САД, Катар и Египет посредуваат во индиректните разговори меѓу Израел и Хамас за завршување на војната во Газа, која започна со напад на Хамас на 7 октомври 2023 година, во кој беа убиени околу 1.200 луѓе, а повеќе од 250 беа киднапирани.
Повеќе од 64.000 Палестинци се убиени во Газа од тогаш, според локалните здравствени власти управувани од Хамас, бројка што Обединетите нации ја сметаат за веродостојна. Според израелските бројки, 48 заложници остануваат во крајбрежната енклава, а се верува дека 20 се живи.
Регион
Полјак се изгубил на 20 метри од автопат во Црна Гора: „Мислевме дека локацијата е грешка“

Службата за заштита и спасување на Котор интервенираше синоќа поради млад Полјак кој се изгубил на 20 метри од главниот пат.
„Во 19:10 часот, Службата за заштита и спасување беше известена од оперативно-комуникацискиот центар 112 дека едно лице, странски државјанин, бара помош, или дека е изгубено во подножјето на планината Врмац.
Локацијата што ја добивме ја сметавме за грешка, бидејќи стануваше збор за позиција на 20 метри од главниот пат. Да, добро прочитавте. Лицето беше изгубено на 20 метри од главниот пат. Со користење на дрон со термичко снимање и двајца пожарникари, лицето беше „спасено“. Овој пат, не беше потребен хеликоптер.
Што мислите, дали толерирањето на ова однесување на странците сè уште е оправдано? Мислиме дека одамна не е. А стануваше збор за младо машко лице (20 години) од полска националност“, рекоа пожарникарите од Котор.
фото: фејсбук