Свет
Пекинг воведе мерки поради корона: Затворени продавници, театри, универзитет, луѓе во карантин

Во Пекинг, поради зголемувањето на бројот на заболени од корона, затворени се продавниците, освен оние во кои се продаваат најосновните артикли, како и рестораните, а дозволата за изведување настапи во еден од најстарите и најпознатите театрите во главниот град на Кина, Јичијанг, се одложени, објави денеска АП.
Кинеските власти денеска објавија дека се регистрирани 24.263 нови заболени од корона, од кои 515 се во Пекинг. Огромното мнозинство од новозаразените лица немале никакви симптоми, соопштија здравствените служби.
Карантини и други строги контролни мерки се воведени низ Кина, а на жителите на Пекинг им се советува да не ги напуштаат своите домови освен ако е апсолутно неопходно. Пристапот до елитниот универзитет во Пекинг е забранет од средата.
Луѓето кои биле на пазарот во југоисточниот дел на Пекинг, каде беше откриен случај на корона, беа ставени во карантин во хотел на сопствен трошок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Нападнат автомобилот во кој се наоѓал претседателот на Еквадор, луѓе фрлаа камења, најдени траги од куршуми

Автомобилот на еквадорскиот претседател Даниел Нобоа бил опкружен од околу 500 луѓе кога тој пристигнал на настан во покраината Канар, врз автомобилот биле фрлани камења и биле пронајдени траги од оштетување од куршуми, изјави министерката за животна средина и енергетика Инес Манзано.
Претседателот не е повреден, а пет лица се уапсени, додаде министерката Манзано, која официјално поднесе пријава за обид за атентат врз претседателот Нобоа.
El Gobierno Nacional denunció una tentativa de asesinato contra el presidente Daniel Noboa tras un ataque de un grupo a la caravana presidencial en Cañar.
Hubo varios detenidos que serán procesados por terrorismo e intento de asesinato.
— MundoDiblu (@MundoDiblu) October 7, 2025
„Пукање кон автомобилот на претседателот, фрлање камења, уништување на државен имот – тоа е едноставно криминал. Ние нема да го дозволиме тоа“, рече Манзано.
Видео од автомобилот, објавено од Кабинетот на претседателот, ги прикажува луѓето покрај патот како фрлаат камења и кршат стакло на прозорецот на возилото.
Así terminó el vehículo en el que se trasladaba Daniel Noboa, presidente del Ecuador, tras recibir pedradas de manifestantes en #Cañar. pic.twitter.com/M5k8VwIbyI
— Christian Sánchez Mendieta (@Sanchezmendieta) October 7, 2025
Конфедерацијата на староседелските народи на Еквадор (CONAIE) објави дека полицијата и војската ги нападнале луѓето што се собрале за доаѓањето на претседателот, вклучувајќи ги и постарите жени. „Најмалку петмина од нас беа произволно уапсени“, пишуваше во нивниот пост на платформата Икс.
фото: принтскрин
Европа
Путин: Украинците се повлекуваат на целата фронтова линија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските сили во 2025 година зазеле речиси 5.000 квадратни километри територија во Украина и дека Москва има целосна стратешка иницијатива на бојното поле.
На состанокот со високи воени команданти, Путин рече дека украинските сили се повлекуваат од фронтот во сите сектори.
Тој нагласи дека Киев се обидува да пука длабоко на руска територија, но дека тоа нема да помогне да се промени ситуацијата во војната што трае повеќе од три и пол години.
„Во моментов, руските вооружени сили целосно ја држат стратешката иницијатива“, рече Путин на состанок во северозападна Русија, според Кремљ.
„Оваа година ослободивме речиси 5.000 километри територија, 4.900 километри и 212 населени места.“
Украинските сили, рече тој, „се повлекуваат по линијата на борбен контакт, и покрај обидите за жесток отпор.“
фото: принтскрин
Европа
Мелони: Пријавена сум во Меѓународниот кривичен суд за соучество во геноцид

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вчера изјави дека таа и двајца министри се пријавени во Меѓународниот кривичен суд за наводно соучество во геноцид поврзан со израелската офанзива во Газа.
Во интервју за италијанската телевизиска станица РАИ, Мелони рече дека министерот за одбрана Гвидо Кросето и министерот за надворешни работи Антонио Тајани се пријавени во Меѓународниот кривичен суд и рече дека „мисли“ дека тоа се однесува и на Роберто Чинголани, шефот на одбранбената групација Леонардо.
„Верувам дека нема друг случај во светот или во историјата со вакви обвинувања“, рече Мелони.
Таа не прецизираше кој го поднел случајот против неа и министрите.
Меѓународниот кривичен суд истражува, гони и суди лица обвинети за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото.
Италија беше место на серија демонстрации во изминатата недела, при што стотици илјади луѓе излегоа на улиците во знак на протест против масовните убиства во Газа, а многу демонстранти беа насочени кон Мелони.
Нејзината десничарска влада, во голема мера цврст поддржувач на Израел, неодамна се дистанцира од она што го нарекува „несразмерна“ офанзива во Газа, но не прекина никакви трговски или дипломатски врски, ниту ја призна државата Палестина.
Мелони рече дека е „зачудена“ од обвинувањето за соучество во геноцид бидејќи „секој што ја познава ситуацијата знае дека Италија, на пример, не одобрила нови испораки на оружје во Израел по 7 октомври“.
фото: принтскрин