Свет
Пеколни горештини во Кина: „Подгответе се за уште поекстремни температури“
Големите кинески градови издадоа предупредувања за топлотен бран, при што се очекува температурата во Пекинг да достигне повеќе од 36 Целзиусови степени денес. Кина се подготвува за рекордни температури што може да ги загрози снабдувањето со електрична енергија, посевите и кревката економија.
Кина од март веќе е зафатена од топлотни бранови во некои делови на земјата. Од неодамна провинцијата Јунан е зафатена со температури над 40 Целзиусови степени, што става посебен притисок на електричната мрежа бидејќи милиони домови вклучуваат климатизери.
Во текот на изминатите неколку дена провинцијата Шандонг и Пекинг издадоа предупредувања за топлотен бран. Во населените градови, како Џинан, Тијанџин и Џенгжу, се очекува температурите да се искачат до 37 Целзиусови степени.
Кинеската метеоролошка управа ги предупреди регионите да се подготват за уште поекстремни горештини оваа година.
Оштетувањето на земјоделските култури може да ги зголеми цените на храната, да ја влоши инфлацијата и да изврши дополнителен притисок врз кинеската економија.
Причината за неодамнешните тешки временски услови метеоролозите ја гледаат во климатските промени. Според Светската метеоролошка организација (СМО), голема е веројатноста од враќање на временскиот феномен Ел Нињо подоцна оваа година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.
Свет
(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати
Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку региони останаа без струја. На пат кон освојување на важниот логистички центар Покровск на исток, руската војска ги интензивира и воздушните напади врз гасните и енергетските постројки низ цела Украина, зголемувајќи ги стравувањата од сурова зима за цивилите со падот на температурите.
„Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Затоа се воведени вонредни прекини на електричната енергија во голем број региони“, изјави министерката за енергетика Свитлана Гринчук на Фејсбук.
🤬 Russians massively attacked Dnipro and its suburbs with kamikaze drones. One of the drones punched through a residential block, collapsing several floors.
Eyewitnesses have shared photos of the aftermath. pic.twitter.com/6vIC0HsbYY
— Denys from Kharkiv (@GlushkoDenys) November 7, 2025
Свет
Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови
Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана.
– Во текот на изминатата ноќ, силите на воздушната одбрана на должност пресретнаа и уништија 79 украински беспилотни летала од авионски тип. Вкупно 36 беа над територијата на Ростовскиот регион, 10 над територијата на Брјанскиот регион, 9 над територијата на Курскиот регион, се вели во соопштението на министерството.

