Свет
Пелоси: Кина не може да спречи да се патува на Тајван
Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, изјави дека Кина не може да ги спречи светските лидери да патуваат на Тајван.
Пелоси изјави дека „Тајван е спречен да учествува на состаноци на глобално ниво“ поради противењето на кинеската Комунистичка партија наведувајќи го како пример неодамнешниот состанок на Светската здравствена организација.
„Иако може да го спречат Тајван да ги испраќа своите лидери на глобални форуми, тие не може да ги спречат светските лидери или некој друг да патуваат во Тајван за да оддадат почит на неговата процутена демократија, да ги истакнат нејзините многубројни успеси и да ја потврдат нашата посветеност на континуирана соработка“, рече Пелоси.
Таа направи кратка и ненајавена посета на Тајван, што наиде на остра осуда од Кина и доведе до зголемени тензии во тајванската теснина.
Тоа беше прва посета на претседател на Претставничкиот дом на Конгресот на САД на Тајван од 1997 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски верува дека војната со Русија може да заврши следната година
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руската војна против Украина најверојатно ќе заврши во наредната година.
„Кога ќе заврши војната? Кога Русија сака војната да заврши. Кога САД ќе заземат посилна позиција. Кога глобалниот југ ќе застане на страната на Украина и ќе застане до крајот на војната“, рече Зеленски во разговор со претставниците на странските медиуми во Киев на третата меѓународна конференција за безбедност на храна, жито од Украина.
„Тоа нема да биде лесен пат, но убеден сум дека ги имаме сите можности тоа да се случи следната година“, ги пренесе неговите зборови новинската агенција „Укринформ“.
„Отворени сме за предлози од лидерите на африканските, азиските и арапските земји“, продолжи Зеленски.
„Би сакал да ги слушнам и предлозите на новиот американски претседател и мислам дека ќе ги слушнеме во јануари и ќе имаме план да ставиме крај на оваа војна.
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, во текот на својата предизборна кампања повеќепати даваше до знаење дека сака да ја намали големата американска поддршка за Киев. Откако е избран веќе не вели дека во рок од 24 часа ќе стави крај на војната во Украина, што претходно го потенцираше.
Свет
Орбан го покани Нетанјаху да го посети без да биде уапсен, Борел реагира
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, го покани својот израелски колега, Бенјамин Нетанјаху, да го посети, потврдија од кабинетот на Нетанјаху.
Орбан вчера изјави дека го поканил Нетанјаху во Унгарија иако некои членки на ЕУ најавија дека ќе биде уапсен доколку стапне на нивна почва откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за негово апсење поради војната во Газа.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, претходно изјави дека владите на земјите-членки на ЕУ не можат да изберат дали ќе ги извршат налозите за апсење издадени од МКС против Нетанјаху, поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант и водачот на Хамас Ибрахим Ал-Масри за наводни злосторства против човештвото.
Сите земји-членки на ЕУ се потписници на основачкиот акт на МКС, т.н на Римскиот статут. Неколку земји-членки на ЕУ најавија дека ќе ги исполнат своите обврски од статутот доколку има потреба. Но, унгарскиот премиер Виктор Орбан го покани Нетанјаху да ја посети неговата земја, уверувајќи го дека нема да биде на никаков ризик ако го стори тоа.
„Државите што ја потпишаа Римската конвенција се обврзани да ја спроведат одлуката на судот. Тоа не е опционално“, рече шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, за време на посетата на Кипар, каде што присуствуваше на работилница на израелски и палестински мировни активисти.
Соединетите Американски Држави ја отфрлија одлуката на МКС, а Израел потегот на судот го оцени како антисемитски.
„Секогаш кога некој не се согласува со политиката на израелската влада, тој е обвинет за антисемитизам“, рече Борел, чиј мандат истекува овој месец.
„Имам право да ги критикувам одлуките на израелската влада, без разлика дали е тоа Нетанјаху или некој друг, без да бидам обвинет за антисемитизам. Тоа не е прифатливо. Доста е“, посочи.
Свет
Путин потпиша нов закон, ќе им ги прости долговите на оние што ќе се пријават да војуваат
Рускиот претседател, Владимир Путин, потпиша закон за простување на долгот на воените регрути кои ќе се пријават да се борат во Украина, објави руската влада.
Законот предвидува простување на долгови до 10 милиони рубљи (95.835 долари) на секој што ќе потпише договор со Министерството за одбрана и ќе се согласи да оди да се бори во Украина во период од најмалку една година, почнувајќи од 1 декември.
Законот се однесува на сите потенцијални регрути против кои е започнато извршување пред 1 декември.
Русија го охрабруваше регрутирањето нудејќи доста големи суми пари, во некои случаи и неколку пати повисоки од просечната плата. Податоците на централната банка покажуваат дека Русите позајмуваат повеќе откако Кремљ нареди десетици илјади војници да се борат во Украина во 2022 година, дури и откако централната банка ја зголеми основната каматна стапка на 21 отсто во октомври.