Свет
Пентагон: ИСИС од Авганистан може да ja нападне Америка в година
Американската разузнавачка служба проценува дека Исламската држава во Авганистан (ИСИС-К) ќе има капацитет да ги нападне САД за само шест месеци – и има намера да го стори тоа, изјави висок претставник на Пентагон во Конгресот, пренесува „Гардијан“.
„Разузнавачката служба во моментот проценува дека и ИСИС-К и Ал каеда планираат надворешни операции, вклучително и против Соединетите Америкнски Држави, но ниту една од нив нема можност да го стори тоа. Можеме да заклучиме дека ИСИС-К ќе ги поседува тие капацитети некаде помеѓу шест и 12 месеци“, рече Колин Кал, потсекретар на американското Министерство за одбрана.
Авганистан би можел да продолжи да претставува сериозна загриженост за националната безбедност на САД по повлекувањето на нивните војници во август по дводецениски ангажман, оценуваат познавачите на состојбите.
Тој проценува дека Исламската држава има неколку илјади борци.
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека неговата земја внимателно ќе ги следи заканите од Авганистан со спроведување операции за собирање разузнавачки информации со цел да се идентификуваат заканите од групи како Ал каеда и Исламската држава.
Кал рече дека целта е да се попречат тие групи за да не може да ги нападнат САД.
„Мораме да бидеме внимателни за да можеме да ги попречиме во тој план“, рече тој.
Меѓутоа, американските власти приватно предупредуваат дека идентификувањето и разбивањето на групи како Ал каеда и Исламската држава е исклучително тешко без никакви војници во Авганистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) ФБИ: Спречивме потенцијален терористички напад на Нова Година
ФБИ објави дека спречи потенцијален терористички напад во Северна Каролина во пресрет на Нова Година. Според агенцијата, осомничениот бил директно инспириран од постапките на ИСИС, пишува „ABC News“.
„Лицето било директно инспирирано да дејствува од ИСИС“, соопшти ФБИ во објава на социјалната мрежа Икс.
Директорот на ФБИ, Кеш Пател, исто така, се огласи на социјалните мрежи, заблагодарувајќи им се на партнерите за нивната соработка.
„Им благодариме на нашите одлични партнери што работеа со нас и несомнено спасија животи“, напиша Пател.
Свет
Медведев за Зеленски: „Кловнот избра нов шеф на својот кабинет – терорист“
Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, го коментираше назначувањето на шефот на Главната разузнавачка управа на Украина, Кирил Буданов, иронично нарекувајќи го одличен избор за позицијата началник на кабинетот на Владимир Зеленски.
„Проклетиот кловн, кој го изгуби својот легитимитет, избра нов шеф на својот кабинет. Тоа е терористот Буданов. Одличен избор“, изјави Медведев за руските медиуми.
Како што изјави, штета е што е празно само едно место, истакнувајќи дека „второто место требало да му се понуди на истакнатиот воен командант Валериј Залужни“.
Според него, ова би ги отстранило двајцата потенцијални противници на претседателските избори од шаховската табла.
Сепак, тој верува дека ова нема да му помогне на украинскиот претседател, чија судбина, додава тој, е веќе запечатена.
Зеленски го назначи шефот на воената разузнавачка служба на Украина, Кирил Буданов (на списокот на терористи во Русија), за шеф на својот кабинет, потсетуваат медиумите.
Таа позиција беше испразнета откако Зеленски го отпушти Андреј Јермак поради негова вмешаност во корупциски скандал.
Регион
Трагедија во Дубровник: тело на маж од БиХ извлечено од морето: бил повлечен во водата додека се фотографирал со семејството
Телото на граѓанин на Босна и Херцеговина беше извлечено од морето на бродот на Пристанишната управа на Дубровник по долга и исклучително тешка борба со многу високи бранови, објави Хина.
Капетанот на пристаништето во Дубровник, Мато Кекез, претходно потврди дека телото на маж е пронајдено во морето на 200 метри од брегот, кое утрово го повлекле брановите во морето од карпата во подножјето на ѕидините на Дубровник.
Мажот бил повлечен од брановите во морето од карпата додека тој се фотографирал со семејството.
Бродот на Капетанот на пристаништето, тројца вработени во поморската гранична полиција, двајца пожарникари и еден нуркач беа на позиции за спасувачка акција , но времето беше многу лошо, што го отежнуваше извлекувањето на телата.
Заедно со Пристанишната управа и полицијата, во потрагата учествуваа и членови на ХГС С и граѓанинот Доминко Радиќ.
„Најдов еден пар патики. Не можам да се приближам, ниту пак службите на капетанот, нема теоретска шанса. Брановите се високи од четири до пет, па дури и шест метри понекогаш“, ја опиша ситуацијата Радиќ.

