Свет
Песков: Европа ја замени својата зависност од рускиот гас за американски ЛНГ

Европа едноставно ја замени својата зависност од рускиот гас за зависноста од течен природен гас (ЛНГ) од Соединетите држави и додека губи милијарди, САД ги прават, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Земјите-членки на Европската унија вчера одржаа итен состанок во обид да се договорат за горната граница на цената на гасот за средбата на министрите за енергетика во вторник, но се чини дека се уште се разминуваат во ставовите.
„Европската аспирација да се ослободи од зависноста од рускиот гас е апсурдна и луда“, смета Песков, пренесе агенцијата РИА.
„Тие само ја заменија својата зависност со префрлување од руски гас на американски течен природен гас. Всушност, зависноста продолжува, само со помал реципроцитет. И сега Европејците губат милијарди евра секој ден, а Вашингтон ги заработува тие милијарди во долари“, изјави портпаролот на Кремљ, пренесе РИА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Би-би-си: Новиот германски лидер навести сеизмички промени во трансатлантските односи

Фридрих Мерц, кој сигурно ќе биде новиот германски канцелар, не ги дочекал конечните резултати од изборите за новиот Бундестаг одржани во неделата за да најави нова ера во Европа, јавува денеска Би-би-си.
Прогласувајќи ги Соединетите Држави за рамнодушни кон судбината на европскиот континент, Мерц ја доведе во прашање иднината на НАТО и побара Европа да ја зајакне својата одбрана, и тоа брзо, според анализата ден по сојузните парламентарни избори во Германија, на кои синдикатот на Мерц, ЦДУ/ЦСУ, освои најмногу гласови.
„Ваков тон од устата на близок сојузник на САД – Фридрих Мерц, кој инаку е познат како страствен атлантист – би бил незамислив пред само неколку месеци. Ова е сеизмичка промена. Тоа може да се протолкува како претерување, но она што во моментов го доживуваме во трансатлантските односи е без преседан од крајот на 80-те години на британските медиуми“, нагласуваат од британските медиуми.
На третата годишнина од рускиот напад врз Украина Мерц повика Киев да се вклучи во мировните преговори.
Најверојатниот кандидат за иден германски канцелар ја потврди својата континуирана поддршка за Украина.
Свет
Трудо: Војната на Русија во Украина е војна против демократијата, вистината и правдата

Канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо денеска изјави дека руската војна против Украина претставува „војна против нашиот начин на живот, војна против демократијата, против владеењето на правото и самоопределувањето, војна против правдата, војна против вистината“.
Зборувајќи во Киев на третата годишнина од почетокот на војната, Трудо ги осуди, како што ги нарече, „гнасните воени злосторства“ на Русија, пишува „Гардијан“.
„Украинците ги загубија животите борејќи се храбро за својата земја, децата беа одземени од нивните семејства, домови и заедници, што е грозоморно воено злосторство“, рече тој. Трудо додаде дека воените заробеници биле изложени на насилство од страна на руските војници.
„Украинците ќе триумфираат затоа што Украинците се борат за она што е исправно, но тие не можат и не треба да го направат тоа сами“, рече Трудо. Вкупно 37 државни лидери ќе учествуваат на самитот во Киев, кој украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече „пресвртница“, од кои 13 ќе присуствуваат лично, а 24 преку видео врска, според УНИАН.
Свет
Путин телефонски го информирал кинескиот претседател за преговорите со САД

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска телефонски разговарал со неговиот руски колега Владимир Путин, јави кинеската државна телевизија CCTV.
Како што се наведува, разговорот бил воден на иницијатива на руската страна.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно најави дека рускиот претседател денеска ќе оствари меѓународен телефонски разговор во контекст на информирање на руските партнери за преговорите со САД во Ријад.
„Минатата недела претседателот зборуваше за неговата намера да информира голем број земји-партнери за контактите со Американците. Според тоа, овој процес започна денеска“, изјави Песков за новинарите.