Свет
Песков: Преговори меѓу Русија и Америка за Украина кога амбасадите ќе бидат целосно во функција

Малку е веројатно дека преговорите меѓу Русија и САД за Украина ќе почнат додека дипломатските претставништва на двете земји не почнат да работат со полн капацитет, изјави денеска прес-секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков.
На прашањето на „РИА новости“ кога се очекува да почнат овие преговори, тој рече дека е малку веројатно додека амбасадите не бидат целосно функционални, наведува агенцијата.
Руско-американската средба посветена на проблемите во работата на амбасадите во Москва и Вашингтон се одржа на 27 февруари во Истанбул, пренесува „РИА новости“.
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека страните иницирале прашања во врска со рускиот дипломатски имот во САД во контекст на враќање на руската страна шест имоти „незаконски запленети во периодот 2016 – 2018 година“, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Крстарење од кошмар: брод фатен во страшна бура кај Нов Зеланд, 16 повредени

Најмалку 16 патници и членови на екипажот се повредени кога крузер налетал на бура кај брегот на Нов Зеланд.
Мирното патување се претвори во кошмар, објави „Дејли мејл“. Крузерот Crown Princess беше на средина на двонеделното патување кога наиде на бура придружена со силни ветришта што доведе до огромни бранови во близина на Милфорд Саунд на југозападниот дел од јужниот остров на Нов Зеланд.
Cruise ship holidays are not so easy. The Crown Princess was caught in a severe storm while cruising around New Zealand. Passengers and crew were thrown about. Sixteen people were injured. pic.twitter.com/U29fVHTbxi
— Sprinter Observer (@SprinterObserve) March 3, 2025
Снимката забележана во кујната на бродот го покажува хаосот што настанал кога крузерот наишол на високи бранови и нагло се навалил, принудувајќи ги вработените да се држат цврсто за да не паднат.
Персоналот во кујната потоа мораше да се подготви за следниот голем удар од огромниот бран, додека патниците во кафетеријата и рестораните очајно грабале се што можеле за да обезбедат стабилност.
Crown Princess cruise ship faces severe weather on a round trip from Sydney to New Zealand, injuring 16 people as it tilts sideways pic.twitter.com/6YSKM9tZ8n
— The Project (@theprojecttv) March 3, 2025
На снимките на социјалните мрежи се гледа како чинии, тенџериња и тави паѓаат на подот и храната лета низ кујната додека бродот за крстарење бил погоден од силна бура. Базенот на палубата се прелевал секогаш кога бродот ќе се наведнел.
Раководството соопшти дека екипажот брзо реагирал и дека безбедноста на бродот во ниту еден момент не била загрозена.
Свет
Тинејџерки тепале маж на улица во Лондон, жртвата починала – чинот го снимале со мобилен телефон

Три тинејџерки од Лондон, на возраст од 14, 16 и 17 години, се обвинети за убиство од небрежност, откако до смрт претепале 75-годишен маж на улица.
Тие првично беа уапсени за нанесување тешки телесни повреди, но по неговата смрт беа изведени на судење, пишува Sky News.
Според очевидци, Фреди Риверо, за кој се верува дека е боливиски државјанин, бил нападнат околу 23.35 часот во четвртокот на патот Seven Sisters во Ислингтон, северен Лондон.
Додека стоел во близина на автобуската станица, му пришле тинејџерки, го опколиле, а потоа си заминале. Меѓутоа, неколку моменти подоцна се вратиле и го нападнале – туркајќи го, со тупаници и клоци. Една од нив сето тоа го снимала со својот мобилен телефон.
Полицијата и брзата помош брзо пристигнале на местото на нападот и се обиделе да му помогнат на мажот, но тој починал во болница следниот ден.
Девојките се задржани во младински притвор, а нивниот случај дополнително ќе биде сослушан на судењето закажано за 31 март во Олд Бејли.
Свет
Републиканец објави банкнота од 100 долари со ликот на Трамп: „Треба да му се оддаде чест“

Републиканскиот претставник Брендон Гил синоќа претстави закон со кој ќе се стави ликот на американскиот претседател Доналд Трамп на банкнотата од 100 долари наместо ликот на Бенџамин Френклин.
Нацрт-законот, наречен Закон за златно доба од 2025 година, беше поддржан и од пратеникот Трој Нелс.
„Никој не направи повеќе за да ја доведе Америка во златна доба од претседателот Трамп. Да се биде прикажан на банкнотата од 100 долари е мал начин да се оддаде почит за сето она што тој ќе го постигне во следните четири години“, рече Гил.
Гил на социјалните мрежи сподели фотографија од Трамп на банкнота од 100 долари и порача: „Ајде да направиме историја“.
Доколку предлог-законот помине, министерот за финансии ќе објави на јавноста прелиминарен дизајн за банкнота од 100 долари со ликот на претседателот Трамп најдоцна до 31 декември 2026 година. Ова ќе бара сите банкноти од 100 долари по 31 декември 2028 година да ја прикажуваат фотографијата на Трамп.