Свет
Песков: Путин не му честиташе на Трамп за изборната победа
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не му честитал на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави за победата на изборите.
Тој прецизираше дека немало никакви контакти меѓу Путин и Трамп, пренесе РИА Новости.
Одговарајќи на новинарско прашање дали се планирани контакти меѓу Путин и Трамп, Песков додаде дека „не знае ништо за такви планови, барем не во овој момент“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин го пофали Трамп и му честиташе: „Подготвен сум да разговарам“
Претседателот Владимир Путин денеска му честиташе на Доналд Трамп за победата на претседателските избори во САД и го пофали за „покажувањето храброст кога вооружен напаѓач се обиде да го убие“ и рече дека Москва е подготвена да разговара со него, пренесува Ројтерс.
„Би сакал да му честитам за неговиот избор за претседател“, изјави Путин на панелот Валдаи во црноморското одморалиште Сочи.
Трамп за време на предизборната кампања изјави дека може да донесе мир во Украина во рок од 24 часа доколку биде избран, но не појасни како точно во тој период ќе стави крај на најголемата копнена војна во Европа по Втората светска војна.
Путин денеска изјави дека „она што Трамп го кажа во кампањата за решавање на украинската криза заслужува внимание“. Тој исто така рече дека ако Трамп сака да ги продолжи контактите, Русија е подготвена да разговара.
Во исто време, Путин денеска ги осуди САД за, како што рече, „намерата да и нанесат стратешки пораз на Русија во Украина“ и рече дека „борбата за обликување на нов светски поредок“ е во тек, бидејќи „идејата на западната доминација по крајот на Студената војна се распадна“.
„Дојдовме до опасна линија“, рече Путин во Сочи, еден ден по објавувањето на победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.
Свет
Бајден: Ќе ја предадеме власта по мирен пат, Харис треба да се гордее со кампањата
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска најави дека „мирно ќе му ја предаде власта“ на победникот на претседателските избори во таа земја, Доналд Трамп, на 20 јануари, односно на крајот на неговиот мандат.
„Мора да се прифати изборот што го направија Американците. Имаме одговорност да направиме што е можно повеќе во следните 74 дена“, рече Бајден во своето прво јавно обраќање откако Трамп прогласи победа на изборите.
Тој оцени дека кандидатката на Демократската партија на изборите и актуелна потпретседателка на САД, Камала Харис водела добра кампања и дека треба да се гордее со неа.
Регион
Вучиќ: Србија денес е поподготвена за членство во ЕУ отколку што беа повеќето земји кога беа примени во таа организација
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека очекува Европската унија да донесе стратешка политичка одлука за прифаќање на Србија како членка.
Во Будимпешта, по Самитот на Европската политичка заедница, Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање какви стратешки одлуки очекува од ЕУ, рече дека Србија денес е поподготвена за членство во ЕУ отколку што беа повеќето земји кога беа примени во тоа организација.
„Треба да ја погледнете економската сила на Србија. Таа ние би сакале да биде поголема, значително поголема од она што беа 40 или 50 отсто од членките на Европската унија пред да влезат во ЕУ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека ако денес се анализира кои земји можат да ги исполнат сите критериуми за влез во ЕУ кои се ставени пред Србија, мал број сонародници ги исполниле тие критериуми.