Свет
Песокот од Сахара што паѓа над Европа е радиоактивен, според научна студија
Помеѓу 2022 и 2024 година во Европа се појавија значителни врнежи од песок или прашина од Сахара. Овој феномен е познат по надреалната магла помеѓу портокалова и жолтеникава боја.
Без оглед на разите теории на заговор, прашината од Сахара сè уште игра важна улога во влијанието на климатскиот систем на нашата планета, како и на сончевото зрачење, облачноста, па дури и на квалитетот на воздухот. Тоа влијае и на нашето здравје. Покрај механичките ефекти врз нашиот респираторен систем, сѐ уште зборуваме за ситни честички што може да се вдишаат, велат научниците што го земаат предвид составот на прашината.
Новата студија предводена од научници од Универзитетот „Париз-Сакле“ се фокусира на анализата на пустинските честички што паднаа во Европа во 2022 година собрани благодарение на соработката на неколку научници.
Од над 100 земени примероци, биле анализирани педесетина, кои доаѓаат од шест земји: Австрија, Белгија, Франција, Германија, Луксембург и Шпанија. Целта била да се открие потенцијалниот транспорт на радиоактивни изотопи, како што се цезиум-137, плутониум-239 и плутониум-240, кои биле идентификувани со внимателни лабораториски истражувања. Покрај контаминацијата на заднината од американските и поранешните советски нуклеарни тестови во минатиот век, кои се меѓу главните извори, студијата открива и специфична компонента поврзана со нуклеарните тестови спроведени во самата пустина Сахара, пренесуваат светските медиуми.
Станува збор за озлогласената серија Реган во Алжир, збир од четири атмосферски нуклеарни теста што Франција ги изврши во пустината на југот на Алжир помеѓу февруари 1960 година и април 1961 година, што води до слепило, вклучително и вродени малформации.
Како и тестовите во други земји, радиоактивниот испад од атомските експлозии, извршени во Центарот за воени експерименти во Сахара, беше таложен во околината, а со тоа и во пустинската прашина, која се разнесува понатаму во светот. Според пресметките на научниците, секоја година овој северноафрикански регион испушта стотици милиони тони сахарска прашина. Дури 12 проценти стигнуваат до Европа со интензивни појави какви што се забележани во последните години.
Бидејќи некои беа особено значајни, истражувачите сакаа да ја истражат радиоактивноста на оваа прашина. Сепак, се покажа дека концентрациите на цезиум-137, плутониум-239 и на плутониум-240 при анализата не беше откриено дека претставуваат закана за јавното здравје.
„Радиоактивната контаминација откриена во сите примероци не претставува ризик за јавното здравје во однос на изложеноста на радиоактивност“, пишува авторот на студијата.
Оваа радиоактивност, сепак, е предупредување за последиците од непромислените човечки постапки, особено оние поврзани со употребата на оружје за масовно уништување, што може да влијае на луѓето и животната средина многу долги периоди, се наведува во истражувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина го осуди притисокот од Унгарија и Словачка
Министерството за надворешни работи на Украина го осуди и отфрли, како што наведува, притисокот и ултиматумите од владите на Унгарија и Словачка поврзани со снабдувањето со енергија. Од Киев велат дека ваквите потези се провокативни и неодговорни, особено во момент кога Русија извршува масовни напади врз украинската енергетска инфраструктура.
Во соопштението се наведува дека заканите од Будимпешта и Братислава ја загрозуваат енергетската безбедност на целиот регион.
„Во услови кога Москва се обидува да им ги скрати струјата, греењето и гасот на Украинците оваа реторика му помага на агресорот и истовремено им штети на енергетските компании од Унгарија и Словачка“, се вели во соопштението.
Алтернативни начини на снабдување
Украина соопшти дека е во постојан контакт со Европската комисија за последиците од руските напади и дека им доставила информации на Унгарија и Словачка за оштетувањата на нафтоводот Дружба. Работите за стабилизирање на инфраструктурата продолжуваат и покрај постојаната закана од нови ракетни удари.
Киев, исто така, понудил алтернативни начини за снабдување со неруска нафта за Унгарија и Словачка.
„Украина секогаш била, е и ќе остане доверлив енергетски партнер на Европската унија и транзитна земја за енергенси“, се вели во соопштението.
Украина најави дека може да активира Механизам за рано предупредување предвиден со Договорот за асоцијација со ЕУ, поради како што велат, неоснованите закани.
Киев ги повика владите на Унгарија и Словачка на конструктивна соработка, истакнувајќи дека ултиматумите треба да се испраќаат до Кремљ, а не до Украина.
Закани од Словачка и Унгарија
Словачкиот премиер, Роберт Фицо, порача дека ќе ја прекине итната испорака на електрична енергија за Украина ако Киев во рок од два дена не продолжи со испорака на руска нафта кон Словачка. Словачка, заедно со Унгарија, е една од ретките земји на ЕУ што сè уште зависи од руска нафта преку нафтоводот Дружба.
И унгарскиот премиер, Виктор Орбан, се закани дека Унгарија може да ја запре испораката на електрична енергија за Украина ако не се обнови транзитот на нафтата. „Ако тоа го запреме, може да се случат сериозни последици“, рече Орбан.
Прекин на испораката на нафта
Испораката на руска нафта преку нафтоводот Дружба е прекината од 27 јануари, откако според Украина, руски дрон нападнал опрема во западна Украина. Словачка и Унгарија во последните денови ја заострија својата реторика за продолжување на снабдувањето.
Од октомври минатата година, Русија го засилила нападите врз украинскиот енергетски систем, уништувајќи снабдување со струја и топлина. И покрај војната, Украина продолжува да дозволува користење на својот територија за извоз на руска енергија во Европа, иако таа е значително намалена.
Свет
Американски професор по право: Трамп ризикува нови тужби за најновите царини
Американскиот професор по право, Алан Б. Морисон, изјави дека би бил „шокиран“ ако не следуваат нови тужби против Доналд Трамп поради најновите глобални царини што американскиот претседател ги воведе за увоз во САД.
Морисон, професор на Правниот факултет на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“, за Sky News изјави дека Трамп „се обидува да направи многу работи што според законот не може“.
„Вчера рече дека ќе воведе давачка од 10 отсто, денес е 15 отсто, утре може да биде 25 отсто“, истакна професорот.
Претходно Трамп порача дека новата глобална царина од 15 отсто за увоз стапува на сила веднаш и дека станува збор за максималната стапка што може да ја наметне според постојното законодавство.
Морисон предупреди дека претседателот има „страшна буџетска нерамнотежа“ и дека би можел да мора да врати околу 150 милијарди долари на увозниците, што би претставувало „голем проблем за него“. Парите се од претходно воведените царини кои Врховниот суд ги прогласил за незаконски, но Трамп инсистира дека нема да бидат вратени.
Професорот објасни дека Трамп можел да воведе нови царини преку други закони кои во одредени околности тоа дозволуваат, со цел да се обиде да надомести дел од загубите од претходните царини.
Свет
Трамп ги зголемува новите царини од 10 на 15%
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ќе воведе глобални царини од 15%, продолжувајќи да се спротивставува на одлуката на Врховниот суд со која се укинати неговите претходни царини за увоз.
Трамп во петокот изјави дека ќе ги замени царините што ги укина судот со данок од 10% на сите стоки што влегуваат во САД.
Но, сега на „Truth Social“ тој објави дека ова ќе се зголеми на 15%.
Новите царини ќе стапат на сила во вторник, 24 февруари, и можат да останат на сила само околу пет месеци пред администрацијата да мора да побара одобрение од Конгресот.

