Свет
Песочна бура ги зафати Канарските острови

Џиновска песочна бура од Сахара ги прекри Канарски Острови, целосно прекинувајќи го авионскиот сообраќај и на островот, но и нарушувајќи го животот на населението.
За време на викендот сите летови кон и од Канарските Острови беа суспендирани или пренасочени. На островите е прогласена вонредна состојба, а на граѓаните им се советува да останат дома, да ги затворат прозорците и да не патуваат.
Шпанскиот метеоролошки завод пренесува дека ветар со брзина од 120 километри на час ги погоди Канарските Острови за време на викендот и дека би можел да потрае до денеска.
Силниот ветер на островите донел голема количина песок, што го собрал од Сахара, оддалечена околу 500 километри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фон дер Лајен во Киев: Украина во март ќе добие три и пол милијарди евра од ЕУ

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска во Киев изјави дека Украина во март ќе добие 3,5 милијарди евра од Европската унија.
Според неа, Украина ќе има корист и од плановите на Европската унија за зголемување на производството на оружје и зајакнување на одбранбените капацитети, пренесува Ројтерс.
Фон дер Лајен утринава со воз отпатува за Киев, каде што се одржува самитот на европските лидери по повод третата годишнина од почетокот на војната во Украина.
„На третата годишнина од бруталната инвазија на Русија, Европа е во Киев. Денеска сме во Киев, бидејќи Украина е Европа. Во оваа борба за опстанок, не е во прашање само судбината на Украина. Ова е судбината на Европа“, рече Фон дер Лајен во објава на мрежата Х утринава.
Европа
Ватикан: Папата е во критична состојба, но имаше мирна ноќ

Папата Франциско, кој е во критична состојба и се бори со билатерална пневмонија, помина мирна ноќ во болница, спиејќи и одморајќи се, соопшти Ватикан.
88-годишниот папа беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари, откако неколку дена имаше проблеми со дишењето, а потоа му беше дијагностицирано воспаление на двете бели дробови.
Ватикан ја опиша неговата состојба како критична втор ден по ред во неделата и рече дека тој ден имал „почетни, благи знаци на откажување на бубрезите“.
Прогнозата за папата, кому во саботата му беше потребна трансфузија на две единици крв, откако доживеа „продолжена респираторна криза слична на астма“, останува неизвесна, покажуваат најновите медицински информации.
„Беше добра ноќ, папата спиеше и се одмара“, се вели во соопштението на Ватикан во една реченица објавено утрово, без дополнителни информации.
Европа
Експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј

Експлозија утрово го потресе француски Марсеј во близина на рускиот конзулат. Пожарникарите потврдија дека имало експлозија во 8-миот арондисман.
„Експлозијата се случи во близина на рускиот конзулат во Марсеј околу 8 часот наутро“, соопштија пожарникарите.
На терен се околу 30 пожарникари и бројни полицајци. Засега не е позната причината за експлозијата, ниту пак дали има повредени.