Свет
Пикап удрил во група луѓе на Денот на независноста во Њујорк
Две лица загинаа, а девет се повредени кога пикап удри во група луѓе што го славеа Денот на независноста во Њујорк, соопштија локалните власти.
Началникот на њујоршката полиција, Џефри Медри, изјави дека „форд Ф-150“ се движел со голема брзина, поминал на раскрсница и на знакот за стоп пред несреќата во паркот Корлирс Хук на Менхетн.
Тој додаде дека две лица загинале на самото место, пренесува АП.
Меѓу повредените четири лица се во критична состојба, три се тешко повредени, а двајца се полесно повредени, изјави помошник началникот на Њујоршката противпожарна служба, Мајкл Мејерс.
Инспекторите не веруваат дека несреќата е терористички чин, изјавија Мадри и градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, на брифинг со новинарите.
Мадри додаде дека на возачот му било извршено алкотестирање и дека се претпоставува дека употребата на алкохол е причина за несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Последни проекции на резултатите: левицата до 187 мандати, но далеку од апсолутно мнозинство
Според ревидираните анкети објавени подоцна во неделата вечерта, Новиот народен фронт, составен од пет партии, ќе освои меѓу 171 и 187 пратенички места. За апсолутно мнозинство потребни се најмалку 289 мандати.
Партијата на претседателот Макрон ќе биде вториот по големина блок со 152 до 163 пратенички места, што ги надминува очекувањата.
Марин Ле Пен и нејзиниот екстремно десничарски Национален фронт (РН) се на третото место со проекција меѓу 134 и 152 освоени места, што претставува значително зголемување во споредба со освоените 89 места во 2022 година.
Се очекуваше РН да се претстави многу посилно откако освои најмногу гласови во првиот круг. Сепак, неговиот удел во гласовите доби удар откако стотици центристички и левичарски кандидати се откажаа од вториот круг за да ја спречат екстремната десница да напредува.
Европа
„За Москва разочарување, олеснување во Киев“ по изборните резултати, изјави полскиот премиер
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека резултатите од парламентарните избори во Франција ќе доведат до разочарување во Москва и „олеснување“ во Украина.
In Paris enthusiasm, in Moscow disappointment, in Kyiv relief. Enough to be happy in Warsaw.
— Donald Tusk (@donaldtusk) July 7, 2024
Марин Ле Пен, лидерката на екстремно десничарската партија Национален собир, претходно вети дека нејзината партија нема да дозволи Украина да користи француско оружје со долг дострел за да ја нападне Русија доколку дојде на власт.
Европа
Еврото падна поради изборите во Франција
Еврото паѓа откако излезните анкети за последниот круг од француските парламентарни избори покажаа дека парламентот е во ќорсокак, а најмногу пратенички места најверојатно ќе освои левичарската коалиција Нов народен фронт.
Европската единствена валута последен пат беше намалена за 0,2% на 1,081 долари, иако обемот на тргување остана тенок бидејќи почетокот на тргувањето во Азија штотуку започна.