Свет
Планинар од САД сакал да се фотографира, се лизнал и паднал – пронајден е мртов
Ричард Џејкобсон (21) во понеделникот пешачел во паркот „Изгубен Холанѓанец“, а животот го загубил откако се обидел да се фотографира. Неговото тело е пронајдено на 200 метри под Рамната железна патека, пишува CNN.
Пријател со кој кампувал ја повикал итната помош околу 00:45 часот и рекол дека Џејкобсон отишол до работ на патеката „да се фотографира“ и дека се лизнал.
Според истражувањето од 2018 година, објавено во списанието „Journal of Family Medicine and Primary Care“, од 2011 до 2017 година, повеќе од 250 луѓе ширум светот починале обидувајќи се да направат селфи.
The Washington Post: Arizona hiker Richard Jacobson died after falling off a cliff while taking a selfie, authorities say.https://t.co/P7WEHUDJVZ
via @GoogleNews
— Cozumel Ty (@cozumelty) January 29, 2022
Пол Бланко, еден од пријателите на Џејкобсон од детството, рече дека бил шокиран кога слушнал што се случило.
– Само во еден момент почна да ми ѕвони во ушите. Не можев да прифатам дека тоа се случи – рекол Бланко и додал дека Џејкобсон учествувал во верски мисии во Јута и Вашингтон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

