Свет
Пласидо Доминго е заразен со коронавирус

Шпанскиот оперски пејач Пласидо Доминго (79) е заразен со коронавирус, откако неговиот тест се покажал позитивен.
„Се чувствувам обврзан да ве информирам дека имав позитивен тест за Ковид-19. Моето семејство и јас сме во самоизолација. Во моментов сите сме во добра состојба, но почуствував симптоми на треска и кашлица и затоа одлучив да се тестирам и резултатот се покажа позитивен“, напиша тој на „Фејсбук“.
Доминго ги моли сите да бидат исклучително внимателни, да ги почитуваат основните правила, како честото миење раце, да стојат на растојание од најмалку два метра од други луѓе, и да прават се што е можно за да го запрат ширењето на вирусот.
„Пред се најважно е да останете дома, ако можете! Заедно можеме да се избориме со овој вирус и да ја запреме актуелнава светска криза. Имам надеж дека наскоро ќе се вратиме кон своето нормално секојдневие. Ве молам да ги следите пораките и нардбите на локалните власти за да останете безбедни и да се заштитите не само себе си, туку и нашата цела заедница”, порача оперскиот пејач на Фејсбук.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Поранешен шеф на МИ6: Ако има денеска мировен договор, тоа е многу лоша вест за Украина

Поранешниот шеф на британската разузнавачка служба МИ6, Сер Џон Соерс, предупреди дека мировниот договор постигнат денес во Алјаска веројатно би претставувал лоша вест за Украина, пишува Скај Њуз.
Во разговорот, тој го разјасни својот став. „Не очекувам од овој состанок да произлезе јасен мировен план. Ако го има, тоа е многу лоша вест за Украина, бидејќи ако Путин успее да го заклучи претседателот Трамп во позиција што е блиска до рускиот концепт за завршување на војната, Украина во суштина би можела да биде потчинета на контролата на Кремљ“, рече тој.
Соерс верува дека луѓето со право се скептични кон рускиот претседател Владимир Путин, но истакнува дека денешната средба во Алјаска сè уште нуди одредена „можност“.
„Секој обид за завршување на војната, мислам, е добредојден и тука има можност. Колку и да сум скептичен кон Путин, постои можност да се започне процес што би можел да доведе до крај на овој конфликт“, заклучи поранешниот шеф на МИ6.
Свет
(Видео) Лавров пристигна на Алјаска облечен во џемпер со натпис „СССР“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва ќе му претстави јасна и разбирлива позиција на американскиот претседател Доналд Трамп на неговиот самит со рускиот претседател, Владимир Путин.
Тој кусо разговараше со новинарите во четвртокот по пристигнувањето во хотел во Анкориџ, облечен во џемпер со натпис „CCCP“.
Lavrov has arrived for the meeting in a shirt that says СССР (USSR). https://t.co/D5yrC2MFhD pic.twitter.com/h5HYuvTrob
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 15, 2025
Лавров истакна дека многу е постигнато за време на неодамнешната посета на американскиот специјален претставник Стив Виткоф на Москва и дека Кремљ се надева оти ќе го продолжи корисниот разговор на самитот в петок.
„Никогаш не правиме планови однапред. Знаеме дека имаме аргументи, јасна и разбирлива позиција. Ќе го презентираме тоа“, рече Лавров.
„Многу е веќе постигнато за време на посетата на американскиот специјален претставник Виткоф… Се надевам дека утре ќе го продолжиме овој корисен разговор“.
Свет
(Видео) Путин оди на средбата со Трамп, снимен неговиот конвој

Рускиот претседател Владимир Путин е снимен како патува во оклопна лимузина, со огромен конвој што поминува низ затворени патишта, пред неговиот долгоочекуван самит со Доналд Трамп на Алјаска.
#Putin on the way to #Alaska now , #Russian Presidential convoy moving through the streets of #Magadan in Eastern #Russia . pic.twitter.com/ikoUWlxeA1
— Ninjamonkey 🇮🇳 (@Aryan_warlord) August 15, 2025
Снимката покажува долга редица црни возила што се движат со голема брзина по патот, опкружени со полициски автомобили и по нив следува нешто што изгледа како амбулантно возило.