Европа
Повеќето Германци скептични околу вакцинацијата, Меркел реагираше со коментар

Во Германија, подготвеноста за вакцинација паднала на минимум од почетокот на епидемијата, пренесуваат тамошните медиуми.
Како главна причина се наведува стравот од несакани ефекти. Владата проценува дека треба да се вакцинираат две третини од луѓето за да се надмине пандемијата.
Првата вакцина против корона, која веќе масовно се дава во западните земји, направена е и од германски научници од „Бионтек“ во Мајнц. Утре (21 декември), Европската агенција за лекови треба да ја одобри вакцината за целата ЕУ, а Германија планира да започне со вакцинација на 27 декември.
Сепак, во моментот помалку од половина Германци се подготвени да се вакцинираат, пишува „Дојче веле“.
Во истражување спроведено во втората недела од декември, само 48 проценти од луѓето рекле дека ќе се вакцинираат, објави мониторингот основан од Универзитетот во Ерфурт и Институтот Роберт Кох. На таа анкета, 40 проценти од луѓето изјавиле дека сакаат малку да почекаат пред да донесат одлука, а 11 проценти одбиле да се вакцинират.
Станува збор за драстичен пад на подготвеноста за примање на вакцината во споредба со пролетта, кога 79% од Германците во принцип изразиле подготвеност да се вакцинираат кога вакцината ќе стане достапна.
Оние кои се скептични или целосно ја отфрлаат можноста за вакцинирање најчесто наведуваат причини како потреба од одмерување на придобивките и можните ризици, како и дека не веруваат во транспарентноста при објавувањето на можните нуспојави.
Истражување спроведено на 15 и 16 декември дало скоро ист процент како веќе споменатата анкета. Минатиот месец, Хамбуршкиот центар за здравствена економија направи споредба меѓу европските земји со заклучок дека Германија се движи во просекот – подготвеноста за вакцинација опаѓа насекаде.
Според проценките на германските научници, ефикасна вакцинација на 65-70 проценти од населението би била доволна за да се победи пандемијата. Се повеќе се слушаат гласови кои повикуваат на сеопфатна кампања за вакцинација за да им се објасни на граѓаните за придобивките од вакцината.
Пред неколку дена, канцеларката Меркел во Бундестагот повтори дека вакцинацијата ќе остане доброволна, но додаде: „Има и луѓе кои не сакаат да се вакцинираат. Доколку тоа се над 40, 50 или 60 проценти од популацијата, тогаш ќе мора да носиме маски многу подолго бидејќи нема да постигнеме имунитет на стадо“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Авион со руски туристи принудно слета во Естонија поради украински напад со дронови

Патнички авион што превезуваше руски туристи до Санкт Петербург беше принуден да слета во Естонија вчера по украинскиот напад со беспилотно летало врз Русија.
„Авионот беше пренасочен кон Талин бидејќи не можеше да слета на аеродромот ‘Пулково’ поради неговото привремено затворање“, потврди Маргот Холтс, раководител за комуникации и за маркетинг на аеродромот во Талин.
Во ноќта од саботата кон неделата украински беспилотни летала погодија гасен терминал во регионот Ленинград и рафинерија за нафта во регионот Самара. Извор во Службата за безбедност на Украина потврди за „Киев индепендент“ дека разузнавањето стои зад нападот врз терминалот за течен природен гас во регионот Ленинград.
Авионот, управуван од египетскиот превозник „Ал Масрија јуниверсал ерлајнс“, полетал од Шарм ел Шеик и слетал во Талин во 5.33 часот по локално време. Тој го продолжил своето патување кон Санкт Петербург речиси шест часа подоцна.
Според Холтс, на патниците и на екипажот не им било дозволено да го напуштат авионот додека биле на аеродромот во Талин.
Украинските напади со беспилотни летала, кои сè повеќе го нарушуваат цивилниот воздушен сообраќај во Русија, се дел од пошироката украинска стратегија за поткопување на руската логистика далеку над линиите на фронтот. Во првите месеци од 2025 година украинските напади со беспилотни летала наводно ја принудиле Русија да затвори аеродроми повеќе од 200 пати.
фото: принтскрин
Европа
Украинци: Русите извршија 500 напади врз Запорожје за еден ден

Во текот на изминатите 24 часа, руските сили извршија 500 напади насочени кон 13 населени места во регионот Запорожје, објави на Телеграм Иван Федоров, началник на Воената администрација на Запорожје.
„Руските сили извршија четири воздушни напади врз Билохирија, Полтавка и Червони. Три напади со повеќекратен ракетен систем (MLRS) ги погодија Плавни и Мала Токмачка. Вкупно 327 беспилотни летала (главно дронови FPV) ги погодија Запорожје, Биленки, Плавни, Хулајпол, Шчербаки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно. Исто така, 166 артилериски напади се регистрирани во Плавни, Хулајпол, Орихив, Шчербаки, Преображенки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно“, се вели во соопштението.
Властите добија 19 пријави за штети на станбени згради и помошни згради. Немаше пријави за цивилни жртви.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Патниците врескаат во агонија, трепка црвено светло: пекол на летот за Рим

Патниците врескаа од страв откога силни турбуленции го погодиле летот од Шпанија до Рим принудувајќи го пилотот итно да слета.
Преплашените патници гласно врескаа додека авионот се бореше со силни турбуленции на летот од Аликанте до аеродромот во Рим.
Turbulence caught on camera today on a Wizz Air flight from Alicante to Rome, forcing a diversion to Bologna.pic.twitter.com/sbLjXUp1DH
— The Age Of Genz (@TheAgeOfGenZ) August 21, 2025
Кога авионот изврши итно слетување во Болоња, патниците „му се заблагодарија на Бога што се живи“.
Снимките од кабината го покажуваат авионот како силно се тресе, со светла претежно изгаснати, а црвено светло трепка надвор од прозорецот.
Лошите временски услови во регионот предизвикаа проблеми за авионот додека се обидуваше да слета во Рим.
По неколку обиди за слетување на аеродромот во Рим, авионот беше пренасочен кон Болоња. Таму слетал во 3.53 часот наутро, речиси три часа откога требаше да пристигне во италијанската престолнина.
Патот од Аликанте до Рим обично трае нешто помалку од два часа.