Свет
Повеќе од половина од Французите ја поддржуваат смртната казна
Француската јавна поддршка за повторно воведување смртна казна се зголеми во 2020 година, покажува анкетата според која 55 отсто од жителите на Франција сакаат враќање на смртната казна.
Податоците доаѓаат од годишното истражување на „Ипсос/Сопра Стерија“ за Фондацијата „Жан Жоре“ и Институтот „Монтењ“, со наслов „Француски скршеници“, и покажуваат огромен наплив на поддршка за смртната казна во целиот политички спектар во 2020 година.
Највисоката стапка на поддршка за смртната казна од 85 отсто доаѓа од приврзаниците на популистичкиот Национален митинг (РН) на поранешната претседателска кандидатка Марин Ле Пен, што претставува зголемување во споредба со 82 отсто во 2019 година.
Десниот центар Ле Републиканс (LЛР) забележа многу поголемо зголемување на поддршката од само 48 отсто во 2019 година на 71 отсто во 2020 година.
Најголем пораст на поддршката, сепак, дојде од крајната левица Франс Инсумиз (ФИ), предводена од Жан-Лик Меленшон и од Комунистичката партија. Во 2019 година само осум отсто од приврзаниците на екстремно левичарските партии ја поддржаа смртната казна, бројка што се зголеми на 39 отсто оваа година.
Последниот голем бран поддршка на смртната казна беше во 2015 година кога Франција го прежувеа смртоносниот терористички напад на „Шарли ебдо“ во јануари и нападите на ноќниот клуб „Батаклан“ подоцна истата година во ноември. Пред 2020 година, 2015 и 2018 година беа единствените во кои мнозинството Французи сакаа да се врати смртната казна.
Во Велика Британија во 2019 година анкета на YouGov покажа дека мнозинството Британци поддржуваат смртна казна за сериозни злосторства, како што се повеќе убиства, убиства за време на терористички акт и убиство на дете. Но, додека британската јавност поддржува смртна казна за терористите, британското судство спаси двајца британски терористи од смртна казна.
Минатиот месец американскиот државен јавен обвинител Вилијам Бар беше принуден да вети дека нема да бара смртна казна против двајца џелати на Исламската држава, одговорни за смртта на американските новинари Џејмс Фоли и Стивен Сотлоф, заедно со хуманитарните работници Питер Касиг и Кајла Милер.
Судиите во Велика Британија им наредија на британските власти да не ги екстрадираат т.н. „битлси“, Александа Коти и Ел Шафи Елшеик, ако тие ризикуваат смртна казна во САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски очекува корисна следна рунда мировни преговори
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска во Минхен изјави дека очекува следната рунда мировни преговори да биде сериозна, суштинска и корисна. Сепак, тој додаде дека понекогаш се чини како „страните да зборуваат за сосема различни работи“.
Нова рунда разговори меѓу претставниците на Русија и Украина, со посредство на САД, ќе се одржи во Женева во вторник и среда.
Зборувајќи на Минхенската безбедносна конференција, Зеленски рече дека клучниот фокус во мировните преговори е да се обезбеди дека „за четири години, цивилизираниот свет нема да биде принуден повторно да се оправдува, да ја префрла одговорноста и да бара некој друг да го обвини“ за уште една војна.
„Украина е подготвена за договор што ќе ни донесе вистински мир нам, на Украина и на Европа“, додаде тој и изјави дека Европа „практично не е присутна на преговарачката маса“, но треба да биде.
„Тоа е голема грешка“, рече тој.
Зеленски истакна дека би било илузија да се верува дека оваа војна сега може сигурно да се заврши со поделба на Украина. Тој повтори дека на Русија „не смее да ѝ се даде никаква надеж дека може да остане неказнета за ова злосторство“.
Тој вели дека Москва била најсериозна во врска со преговорите кога била погодена од длабоки украински напади на сопствената територија.
„Колку сме посилни, толку пореален станува мирот“, рече тој.
Свет
Грчките земјоделците го завршија протестот во Атина
Со сирени и свирење, исто како што и пристигнаа, тракторите на грчките земјоделци претпладнево си заминаа од Атина, откако во текот на ноќта останаа паркирани пред грчкиот Парламент. Околу 50 трактори вчера пристигнаа во Атина, поминаа низ низа централни улици, каде што беа пречекани и поздравени од граѓаните и случајните минувачи, а на ист начин си заминаа денеска.
Во текот на вечерта тракторите останаа паркирани на плоштадот Синтагма пред Парламентот, откако претходно, протестот заврши мирно, а свои обраќања имаа земјоделци од различни делови на земјата, пренесувајќи ги нивните ставови и барања поврзани со примарниот сектор.
Свет
(Видео) Хаос во авион, тепачка и расистички испади принудија итно слетување
Драматични сцени се одвивале во авион на авиокомпанијата „Jet2“, откако избувнала тепачка за време на летот од Анталија кон Манчестер. Поради инцидентот, авионот бил принуден итно да слета во Брисел.
Од компанијата соопштија дека летот „LS896“ бил пренасочен поради „апсолутно неприфатливо однесување на двајца патници“, кои подоцна биле симнати од авионот од страна на белгиската полиција. По интервенцијата, летот продолжил кон крајната дестинација и слетал во Манчестер околу 22 часот.
Според сведоштво на патник кој бил присутен во авионот, инцидентот започнал кога маж, кој наводно консумирал алкохол, почнал да извикува расистички навреди кон патници со пакистанско потекло.
– Иако пиеше алкохол, беше целосно свесен што зборува и што прави – изјавил сведокот, додавајќи дека ситуацијата дополнително ескалирала кога патникот не успеал да купи цигари за време на летот.
По тоа, тој станал агресивен и кон членовите на екипажот, а тензијата кулминирала со физичка пресметка во авионот.
Во еден момент ситуацијата стана многу физичка. Луѓето беа вознемирени и исплашени. Атмосферата беше хаотична – раскажал сведокот.
По принудното слетување во Брисел, двајцата патници биле приведени и симнати од летот. Од „Jet2“ потврдија дека тие се ставени на трајна „црна листа“ и повеќе нема да можат да летаат со оваа авиокомпанија.
– Како семејно ориентирана авиокомпанија имаме политика на нулта толеранција кон вакво однесување. Ќе ги преземеме сите правни чекори за да ги надоместиме трошоците што настанаа поради пренасочувањето на летот – соопшти портпаролот на компанијата.
Сведокот оценил дека инцидентот е потсетник дека „расизмот сè уште постои и нема место во општеството“.
‘FLIGHT’ CLUB: A Jet2 flight from Turkey to the U.K. was diverted to Belgium after a violent altercation broke out between passengers.
Jet2 says two passengers have been banned from flying with them, according to a report. pic.twitter.com/26FRuGhMOK
— Fox News (@FoxNews) February 14, 2026

