Свет
Повеќе од 1.800 деца на мигранти споени со родителите

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека повеќе од 1.800 деца на мигранти биле повторно споени со своите родители во рокот што го определил судот.
Меѓу нив има 1.442 деца кои сега се повторно со своите родители во американскиот имиграциски притвор и 378 деца ослободени под соодветни околности, се вели во судскиот извештај.
Повеќе од 700 деца не ги исполнуваат барањата за повторно обединување со своите семејства. Меѓу нив има 431 деца, чии родители повеќе не се во САД, пренесува Би-би-си.
Официјалните лица одвоиле повеќе од 2.500 деца од возрасни, кои немале никакви документи.
Претходно оваа година американските власти воведоа политика на нулта толеранција за илегална имиграција на границата со Мексико.
Оваа политика беше суспендирана овој месец кога Трамп се најде на остри критики.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп заврши на лекар: портпаролката ги открива причините

Претседателот на САД, Доналд Трамп, бил на лекар поради оток на нозете и модринки на рацете, изјави во четврток портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит.
Повикувајќи се на писмо од лекарот на Трамп, Каролина Ливит им изјави на новинарите дека Доналд Трамп имал тестови и ултразвук на нозете кои покажале „хронична венска инсуфициенција, честа состојба, особено кај оние над 70 години“.
„Покрај тоа, неодамнешните фотографии од претседателот покажаа мали модринки на неговата рака“, рече таа.
„Ова е во согласност со мала иритација на мекото ткиво од честото држење за раце и употребата на аспирин, кој го зема како дел од стандардниот режим за кардиоваскуларна превенција“, додаде таа.
Свет
Мерц потврдува: „Патриот“ многу наскоро доаѓа во Украина

Гermanskiot канцелар Фридрих Мерц изјави дека Украина ќе добие нови системи со долг дострел, вклучувајќи ракетни системи „Патриот“, „многу наскоро“, откако американскиот претседател Доналд Трамп се согласи со НАТО да ја зголеми воената помош за Киев.
„На Украина ѝ се потребни системи за длабок удар за подобро да се одбрани и многу наскоро ќе добие дополнителна поддршка во овој поглед“, рече Мерц на прес-конференција во Обединетото Кралство, пренесува „Политико“.
Мерц додаде дека системите би можеле да станат оперативни на украинска територија за неколку недели. Неговите коментари доаѓаат откако Трамп во понеделникот објави дека некои американски одбранбени системи „Патриот“ ќе пристигнат „за неколку дена“, иако некои експерти изразија сомнежи за тоа колку брзо всушност би се случил трансферот.
Генералот Алексус Гринкевич, командант на Сојузничката воздушна команда на НАТО, изјави дека „подготовките се во тек“ и дека алијансата „тесно соработува со Германците за трансфер на „Патриот“.
Мерц пристигна во Обединетото Кралство со британскиот премиер Кир Стармер, каде двајцата лидери потпишаа договор за пријателство и продлабочување на соработката во областа на одбраната и безбедноста. Мерц прецизираше дека министрите за одбрана веќе преговараат за логистиката за испраќање оружје во Украина, како дел од планот на Трамп според кој европските земји прво ќе испорачаат оружје, а потоа ќе купат замена од Соединетите Американски Држави.
Стармер рече дека е „апсолутно јасно дека Трамп сака Путин да биде запрен“ и дека „тој сега ја поткрепува својата политичка порака со конкретна воена помош“.
Двајцата лидери ја нагласија потребата од дополнителен економски притисок врз Русија. Мерц го повика Трамп да го поддржи пакетот санкции предложен од американскиот сенатор Линдзи Греам.
Свет
Јапонија: Светскиот поредок е под сериозна закана, Кина, Русија и Северна Кореја се најсериозните безбедносни закани

Јапонскиот министер за одбрана, Ген Накатани, изјави дека земјата се соочува со најсериозната и најсложена безбедносна ситуација од Втората светска војна во контекст на зголемената воена активност во регионот од страна на три потенцијални противници во Источна Азија – Кина, Русија и Северна Кореја.
„Сегашниот светски поредок е под сериозна закана, а Јапонија е во најсериозната и најсложена безбедносна ситуација во повоениот период. Воените активности на Кина претставуваат невиден и голем стратешки предизвик за Јапонија“, наведе тој во годишниот извештај на Министерството за одбрана, објавува „Евроазија дејли“.
Според него, Пекинг „брзо ги проширува своите воени капацитети во однос на квалитетот и квантитетот“, а во исто време ги „интензивира“ своите активности во регионот, вклучувајќи ги и островите Сенкаку, архипелаг во Источнокинеското Море кој е под администрација на Токио, но кој Пекинг ги нарекува острови Џиаоју, објавува Танјуг.
Документот, исто така, укажува на соперништвото меѓу Кина и САД, најважниот сојузник на Јапонија.
„Глобалната рамнотежа на моќ радикално се менува, а конкуренцијата меѓу државите продолжува. Особено, меѓудржавната конкуренција меѓу САД и Кина веројатно дополнително ќе се засили во иднина“, се забележува во документот.