Свет
Повеќе од 100.000 луѓе ја потпишаа петицијата за забрана на ловот на китови во Русија

Петицијата за забрана на лов на делфини и на китови за културни и едукативни цели собра повеќе од 100.000 потписи на веб-страницата на Руската јавна иницијатива и сега ќе биде разгледана од експертска група на федерално ниво, пренесува ТАСС.
Според roi.ru, веб-страница дизајнирана за популарни иницијативи што ги доставува до рускиот парламент, петицијата ја потпишале 100.154 лица.
„Во 17:24 часот во Москва на 23 декември 2019 година, ја сменивме историјата. Денес, петицијата за забрана на ловот на китови за културни и едукативни цели ги собра потребните 100.000 гласови“, рече коалицијата на невладини организации „Слобода за бели китови и орки“ на својата официјална страница на руската социјална мрежа ВКонтакте.
Претходно, активистите за заштита на животната средина објавија дека собрале 125.000 потписи на две други петиции за забрана на заробеништвоот китовите белуга и орка за океанариуми, за да се избегне повторување на неодамнешниот скандал „китовски затвор“ во регионот Приморски.Петицијата на „Гринпис Русија“ собра над 76.000 потписи, додека документот на платформата Change.org собра над 49.000 потписнички.
Деведесет китови белуга и 11 орки уловени за продажба во Кина биле чувани во заливот Средњаја во регионот Приморски од летото 2018 година, но подоцна три кита белуга и една орка се изгубиле. Според истражителите, откриени се прекршувања во ловот на китовите и покрената е кривична постапка за незаконскао заплена на биоизвори.
Во јуни почна постепениот превоз на морските цицачи на северот од регионот Кабаровск за нивно пуштање во дивината во групи. Првата група, која се состои од две орки и шест китови белуга, беше ослободена во морето на 27 јуни. Последната група животни беше ослободена од регионот Приморски во ноември годинава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Објавена првата фотографија по апсењето на убиецот на Чарли Кирк

Медиумите ја објавија првата фотографија од 22-годишниот Тајлер Робинсон, осомничен за убиството на американскиот активист Чарли Кирк.
Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, претходно денес потврди дека клучна улога во неговото апсење имал неговиот татко.
Семејството изјавило и дека последниве години тој станал политички поангажиран, а непосредно пред доаѓањето на Кирк во Јута зборувал против неговите ставови.
Истражителите откриле и пораки меѓу Робинсон и неговиот цимер, во кои се споменува оружје, оставање пушка во грмушка и гравирани куршуми. Робинсон, наводно, рекол и дека морал да ја смени облеката.
Свет
Трамп: Губам трпение со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му снемува трпение со рускиот лидер Владимир Путин поради неговиот неуспех да ја заврши војната во Украина.
Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп потсети дека имал добар однос со Путин, но нагласи дека ситуацијата станува сè понеприфатлива.
Како можни мерки ги наведе санкциите кон руските банки и нафтената индустрија, додавајќи дека за тоа е потребно и учество на европските држави. Притоа истакна дека веќе презел сериозни чекори – меѓу нив и воведувањето педесетпроцентни царини на извозот од Индија, земја која е еден од најголемите купувачи на руска нафта.
Свет
Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк.
Клучна трага дало семејство кое пријавило признание од Робинсон.
Видео снимките покажале дека на 10 септември пристигнал на местото со „Доџ Челинџер“. Уапсен е на 12 септември во облека што одговара на видеото.
Семејството кажало дека бил „политички поактивен“ и зборувал против Кирк на вечера пред неговото доаѓање во Јута.
Во пораки со цимерот се споменувале наводен заговор, промена на облека и куршуми со гравирани пораки („Еј фашисто! Фати!“, „Бела чао…“, „Ако го читаш ова, си геј“, „OWO. Што е ова?“).