Свет
Повеќе од 130 милиони лица заразени од коронавирус во светот
Податоците на „Ворлдометерс“ покажуваат дека бројот на заразени од коронавирус во светот се зголеми на 130.206.710 лица.
2.840.729 починале, а 104.922.225 луѓе закрепнале, пренесуваат светските агенции.
Најмногу заразени се во САД, каде што Ковид-19 е потврден кај повеќе од 31,24 милион луѓе.
Следуваат Бразил со 12,84 милиони лица заболени од коронавирус, Индија со 12,3 милиони лица, Франција со 4,69 милиони, Русија со 4,55 милиони и Велика Британија со 4,33 милиони.
Индија објави 81.466 новозаразени од коронавирус, што е најголем дневен број во последните шест месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Саркози под закана и зад решетки: затворениците сакаат „одмазда за Гадафи“
Поранешниот француски претседател Никола Саркози, кој моментално отслужува затворска казна, продолжува симболично да ја претставува својата земја – дури и зад решетки. Како што објави порталот „Атлантико“, неодамнешните закани од одредени затвореници за „одмазда за Моамер Гадафи“ покажуваат колку е длабок јазот помеѓу француското општество и дел од мигрантското население.
Според анализата на француските новинари, случајот открива „отворен презир“ кон државата што примила многу од овие луѓе и им обезбедила нов живот. „Постои јасна врска помеѓу фактот дека криминалецот не ги признава законите на земјата што го посвоила и фактот дека покажува поголема лојалност кон либискиот диктатор Моамер Гадафи отколку кон поранешниот шеф на француската држава“, наведува „Атлантико“.
Авторите на текстот предупредуваат дека станува збор за поширок проблем – отфрлање на француските вредности и правила како наводна форма на потчинување, додека колонијалното минато се користи како постојан изговор за одбивање на интеграцијата и повикување на одмазда.
„Би било погрешно да се минимизира значењето на она што се случува“, истакнуваат француските коментатори, заклучувајќи дека овој случај е само еден во низата индикатори за длабока криза на идентитетот и социјалната кохезија во современа Франција.
Фото: принтскрин
Свет
Шесткатница се урна во Турција, седум лица под урнатините
Шестокатница се урна во Коџаели, недалеку од Истанбул, а според турските медиуми, седум лица се заробени под урнатините.
Полициски, противпожарни и медицински екипи се на местото на настанот и во тек е спасувачка акција.
Постојат информации дека во зградата живееле две седумчлени семејства, засега не е познато дали сите биле внатре во моментот на уривањето, изјави градоначалникот на Гебзе, Зинур Бујукгоз.
Причината за уривањето сè уште не е позната, спасувачките екипи се на терен.
Фото: принтскрин
Свет
Захарова: Европа се движи кон самоуништување
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека Европа се движи кон самоуништување, кое, како што рече таа, е поочигледно од кога било.
„Доколку немаше потврда пред некое време, кога зборуваа за тоа дека Европа е турната кон самоуништување, вклучително и преку конфликти со нејзините азиски или евроазиски соседи, можеби некој би рекол дека тоа не е очигледно. Денес не може да биде поочигледно“, изјави Захарова за „Спутник“.
Според неа, падот на Европа може да се види преку големите воени буџети и милитаризацијата, осиромашувањето на западноевропските економии, губењето на културните референтни точки и поддршката за сопствената историја, како и преку монструозната миграциска криза, објави „РИА новости“.
Фото: принтскрин

