Свет
Повеќе од 300 француски новинари го осудија насилството на полицијата кон „жолтите елеци“
Повеќе од 300 медиумски организации, новинари, фотографи и други потпишаа писмо со кое се осудува понекогаш бруталното насилство што се применува против членовите на движењето „Жолти елеци“ и кон медиумските работници во Франција, пренесува „Франсинфо“.
Во писмото се тврди дека слободата на печатот во Франција страда со години, но влегла во нова фаза по започнувањето на протестите на „жолтите елеци“ лани во ноември.
„Сите овие форми на насилство резултираат со физички (повреди), психички (трауми) или финансиски (искршена или одземени опрема) последици. Нас лично и професионално нè деградираат и криминализираат “, пишуваат тие.
Новинарот Давид Дуфресн изброил најмалку 698 случаи на луѓе кои биле нападнати или повредени од полицијата на протестите, вклучувајќи и 85 новинари.
Потписниците, исто така, се пожалија дека полицијата бара прес-легитимации, нешто што не им е секогаш достапно на независни новинари, велејќи:
„Ќе ве потсетиме дека новинарството не е регулирана професија. Прес-легитимацијата не е она што ја оправдува нашата професија. Затоа бараме владата да ги преземе неопходните мерки за агенциите за спроведување на законот да престанат да нѐ малтретираат и да ни дозволат да работиме слободно”, додадоа тие.
Во Тулуз почна истрага откако полицајци биле снимени велејќи дека сакаат да пукаат во насилните демонстранти од „жолтите елеци“.
Прашањето за полициското насилство кон припадниците на „Жолтите елеци“ предизвика загриженост кај другите, вклучувајќи ги и медицинските професионалци, кои претходно изјавија дека никогаш не виделе толку многу сериозни повреди за време на протестно движење.
Една 19-годишна девојка била толку тешко повредена од полицијата за време на протестот во Марсеј на 8 декември што претходно неделава, по четири месеци поминати по болници, поднесла тужба за обид за убиство против полицајците, велејќи дека била погодена од гумен куршум, а потоа брутално претепана од полицајци во цивил додека лежела на земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија нема сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила повторно да го нападне Киев.
Тие немаат сила за голема офанзива против главниот град, како што имаа на почетокот на инвазијата, посочи Зеленски додавајќи оти главни цели на Кремљ се Харков и Донбас.
Тој ги обвини западните земји што му забраниле да ја нападне Русија со нивното оружје.
„Русите можат да не нападнат на наша територија, тоа е најголемата предност што ја има Русија, но ние не можеме да направиме ништо со западното оружје на нивните вооружени системи лоцирани на руска територија. Немаме право“, вели Зеленски.
Според него, Западот се плаши и од руски и од украински пораз и оваа ситуација ја нарече апсурдна.
„Ние сме во апсурдна ситуација кога Западот се плаши дека Русија ќе ја изгуби војната. А во исто време тие не сакаат Украина да ја изгуби. Затоа што конечната победа на Украина ќе доведе до пораз на Русија и конечна победата на Русија ќе доведе до пораз на Украина“, истакна Зеленски.
Регион
Пленковиќ, хрватскиот премиер кој доби трет мандат најави прва седница за понеделник
Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ.
„Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по трет пат и ние, како што правевме претходните осум години, посветено ќе работиме во интерес на хрватскиот народ, сите наши сограѓани, економијата, врската меѓу татковината и иселениците Хрвати и да спроведеме програма врз основа на која ја добивме довербата на хрватските гласачи“, рече Пленковиќ откако Собранието гласаше за неговата трета Влада
Тој им се заблагодари на сите партнери кои ја поддржаа Владата.
Пратениците во хрватскиот Сабор вчера гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ.
За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Свет
Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец
Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и тројца Авганистанци се ранети, соопшти талибанското Министерство за внатрешни работи.
Според светските агенции не е позната националноста на туристите, ниту кој го извршил нападот за кој што се уапсени четири лица.