Свет
Погребана младата наставничка од Казањ, која со своето тело заштити дете од разулавениот убиец
Роднините, пријателите и учениците денеска ја испратија на вечно почивање Елвира Игнатиева (26), наставничка по англиски јазик, која загина во вчерашниот напад врз училиште во Казањ.
Децата со рози во рацете плачејќи одеа зад ковчегот на својата омилена наставничка, која е погребана денес на градските гробишта.
Елвира го загуби животот заштитувајќи дете од разулавениот убиец, кој насилно влета во училиштето и почна да убива деца. Храбрата наставничка излегла во ходникот во моментот кога вооружениот Илназ Галјавиев го извадил оружјето и пукал во сите пред себе. Во последен момент успеала да го повлече детето и да го заштити со своето тело.
View this post on Instagram
Несреќната Елвира била погодена од смртоносен куршум и останала неподвижно да лежи во ходникот на училиштето додека учениците панично скокале од прозорците за да си ги спасат своите животи.
Во нападот на училиште во главниот град на Татарстан се убиени седум деца и двајца наставници. За нападот е осомничен поранешен ученик на училиштето, 19-годишниот Илназ, кој објавувал страшни пораки на социјалните мрежи пред нападот.
Тој влегол во гимназијата вооружен со многу муниција во раните утрински часови и тешко го ранил чуварот. По тоа, тој се упатил кон ходниците пукајќи кон секоја личност што ќе ја видел. Повеќе од 20 лица се повредени во нападот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Земјите-членки на Одборот за мир ќе обезбедат повеќе од пет милијарди долари за Појасот Газа
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека земјите-членки на новоформираниот Одбор за мир на првиот состанок в четврток же издвојат повеќе од пет милијарди долари помош за обнова на Појасот Газа.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека земјите-членки ветиле дека ќе испратат илјадници сили за стабилизација, одобрени од Обединетите нации и локалната полиција во палестинската енклава.
Тој наведе и дека првиот „формален состанок на групата“, ќе се одржи во Институтот за мир „Доналд Џ. Трамп“, кој Стејт департментот неодамна го преименува по претседателот.
Се очекува да присуствуваат делегации од повеќе од 20 земји, како и шефови на држави.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.

