Свет
Погубен маж обвинет за силување и убиство на девојче во Пакистан

Човекот обвинет за силување и убиство на шестгодишната Пакистанка Заинаб Ансари е обесен.
Ирман Али, кој беше уапсен откако телото на девојчето беше пронајдено на депонија, беше егзекутиран во Лахор во средата, соопшти полицијата.
На неговото убиство присуствуваа таткото на девојчето и други нејзини роднини, објави Би-би-си.
Инаку, откако беше осуден на смрт за убиството и силувањето на Заинаб, Али е обвинет и за злосторства врз уште шест други девојчиња.
Заинаб исчезна на 4 јануари, а нејзиното тело беше пронајдено на депонија пет дена подоцна.
Полицијата соопшти дека имало неколку слични убиства на деца во претходните две години во Касур, но нејзиното убиство се покажало како критичен пресврт. Злосторот предизвика протести ширум Пакистан, а две лица ги загубија своите животи во конфликти.
Семејството на шестгодишното девојче тврди дека полицијата не презела никаква акција пет дена додека девојчето се водело како исчезнато, односно сè до денот кога нејзиното тело било пронајдено. Токму нејзиното семејство, а не полицијатата, дојде и до видеоснимка на која се забележани последните моменти од животот на девојчето, на која се гледа дека е придружено од возрасен маж.
Ирман Али (24) беше уапсен на 23 јануари врз основа на ДНК-докази. Во февруари тој беше осуден на смрт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Фото) Остатоци од дрон паднале врз станбена куќа во Полска

Остатоци од руски дрон паднале врз станбена куќа во регионот Лублин, објавија полските медиуми. „Полсат њуз“ објави дека покривот и паркингот се оштетени, но никој не е повреден.
Повикувајќи се на локален полициски инспектор, „Полсат“ соопшти дека „остатоците од руски дрон паднале врз станбена куќа во градот Вирики Вола“.
— Remiza.pl (@remizacompl) September 10, 2025
„Луѓето слушнале експлозија и виделе полски борбени авиони. Ситуацијата е доста сериозна и загрижувачка. Навистина постои голема загриженост кај жителите“, рече градоначалникот Мариуш Занко.
Регионот Лублин, во источна Полска, се граничи со Белорусија и Украина.
фото: принтскрин
Европа
Завршена полската воена операција

Полската војска ја заврши својата воена операција откога собори беспилотни летала што влегоа во полскиот воздушен простор во текот на ноќта.
„Полските и сојузничките операции на воздухопловните сили поврзани со кршење на полскиот воздушен простор се завршени. Пребарувањето и локализирањето на можните места на удар на објекти што го нарушија полскиот воздушен простор е во тек“, се вели во соопштението.
Полската војска им се заблагодари на Воздухопловната команда на НАТО и на Холандија за испраќањето борбени авиони „Ф-35“ за да се обезбеди безбедноста на полското небо. Земјените системи за воздушна одбрана и радарското извидување се вратија на стандардни оперативни активности.
Само еден аеродром сè уште не е отворен
Главниот аеродром во Варшава е повторно отворен. Портпаролот на Полската агенција за воздушна навигација сега изјави за телевизиската станица TVN24 дека аеродромите во Модлин и во Жешов исто така се повторно отворени.
Аеродромот во Лублин останува привремено затворен.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Трамп прашан за дроновите во Полска додека излегуваше од ресторан, не одговори

Полската војска рано утрово објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз соседна Украина.
„Распоредено е оружје и службите активно работат на лоцирање на соборените објекти“, соопшти Полската оперативна команда. Додаде дека е во тек воена операција и ги повика жителите да останат во своите домови. Полска е членка на НАТО, трансатлантскиот одбранбен пакт, во кој учествуваат САД и кој го применува принципот дека нападот врз еден е напад врз сите.
President Trump just left the restaurant in DC.
One reporter asked:
“What do you have to say to the court ruling that you can’t fire Lisa Cook?”I asked about reports tonight of Russian drones in Poland’s airspace.
He didn’t answer either. pic.twitter.com/REjWLvPzGN
— Kellie Meyer (@KellieMeyerNews) September 10, 2025
Новинар го праша американскиот претседател Доналд Трамп додека излегуваше од ресторан да даде коментар во врска со „навлегувањето на руските беспилотни летала во Полска“. Трамп не одговори, туку им мавна на пропалестинските демонстранти пред ресторанот. Потоа влезе во својот автомобил. Не беше јасно дали воопшто го слушнал прашањето, со оглед на гласните свиркања од демонстрантите.
фото: принтскрин