Свет
Пожар во караоке бар во Виетнам, најмалку 12 лица загинаа
Најмалку 12 лица загинаа, а 40 се повредени во пожар во караоке бар во јужен Виетнам, јавија денеска виетнамските државни медиуми.
Пожарот избувна синоќа во бар во провинцијата Бин Дуонг, јавува Виетнамската новинска агенција.
Ројтерс не ја известува причината за пожарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Макрон сакаше да страдаме поради Брегзит“ – Борис Џонсон со експлозивни тврдења во неговите мемоари
Францускиот претседател, Емануел Макрон, се обиде да ја натера Британија да страда поради напуштањето на Европската унија, напиша поранешниот британски премиер Борис Џонсон во своите нови мемоари.
Во најновиот извадок од неговите мемоари „Oслободен“, Џонсон го обвини францускиот претседател дека ја користел нередовната миграција како „оружје“ за да го поткопа Брегзит, објави „Политико“.
Тој рече дека Макрон изгледал подготвен да замижи пред бандите кои шверцуваат луѓе преку Каналот и тврди дека францускиот лидер го гледал Брегзит како „ужасно навредлив потег за ЕУ и неговиот поглед на светот“.
Двајцата лидери имаа ладен однос кога Џонсон беше на функцијата, со остри несогласувања околу Брегзит, војната во Украина и правата за риболов, меѓу другите прашања.
Свет
Путин потпиша указ со кој повика 133.000 Руси на задолжителна воена служба
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој се повикуваат 133.000 Руси на задолжителна воена служба оваа есен, според веб-страницата за правни информации.
Во уредбата се наведува дека граѓаните на возраст помеѓу 18 и 30 години, кои ги исполнуваат условите за воена служба и не се во резервни единици, се поканети да бидат регрутирани од 1 октомври до 31 декември.
Уредбата ги иззема војниците, кои веќе ја отслужиле воената служба, пренесе ТАСС.
Генералштабот на руските вооружени сили нагласи дека оние што ќе бидат регрутирани оваа есен нема да учествуваат во војната во Украина.
Свет
Зеленски: Путин се плаши да користи нуклеарно оружје
Владимир Путин се плаши да користи нуклеарно оружје затоа што го сака својот живот и ги контролира животите на другите, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Рускиот претседател на 25 септември изјави дека ја менува руската нуклеарна доктрина и може да ги прошири околностите под кои може да се користи такво разорно оружје.
Но, Зеленски рече дека не мисли оти Путин ќе ризикува да користи нуклеарно оружје.
„Никој не знае што навистина има во главата на Путин. Тој може да користи нуклеарно оружје за да нападне која било земја во секое време. Или не. Не сум сигурен дека ќе го стори тоа. Споделувам со вас што мислам, но јас не сум Путин. Не можам да знам точно. Тој ги сака својот живот и својот начин на живеење и управување со животите на другите“, рече Зеленски.
Во саботата рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, му порача на Вашингтон да ја подготви Европа за самоубиствен потфат поради бесмисленоста и опасноста од самата идеја за борба до победа со нуклеарна сила како Русија.