Европа
Пожар во јужна Шпанија: 2.000 луѓе евакуирани, тројца повредени
Поради шумски пожар во планините на југот на Шпанија, 2.000 луѓе се евакуирани од центарот на градот Бенахавис во Андалузија, а тројца пожарникари се повредени, соопштија денеска властите.
„Мораме да известиме дека тројца пожарникари се здобиле со изгореници од различни видови, а најтешко повредениот се здобил со изгореници на 25 отсто од телото и бил евакуиран во болница во Малага“, изјави за новинарите Хуанма Морено, регионалниот премиер на Андалузија.
Во гаснењето на пожарот учествуваат дури 200 пожарникари од локалната бригада, 50 од други градови и 100 воени лица, пренесе „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Лидерите на Европската унија се состануваат за да разговараат за одбраната
Лидерите на земјите-членки на ЕУ денеска се собираат во Брисел за неформално да разговараат за европската одбрана во контекст на растечките геополитички тензии, особено за војната во Украина. Неформалните собири на шефовите на држави или влади на ЕУ се наменети за размена на мислења за конкретни теми со цел да се подготви теренот за подоцнежни одлуки и законодавни иницијативи.
Новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Коста, пред преземањето на функцијата најави дека сака периодично да организира неформални состаноци на лидерите на ЕУ за да можат на мир да разговараат за актуелните теми, без обврска да носат какви било одлуки или заклучоци. Лидерите ќе се сретнат во палатата Егмонт во Брисел.
На самиот почеток на средбата ќе учествува претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, а веднаш потоа лидерите на 27-те земји ќе започнат дискусија за актуелната геополитичка ситуација. За време на ручекот ќе им се придружи генералниот секретар на НАТО Руте, со кого ќе разговараат за соработката ЕУ-НАТО. Лидерите попладне ќе разговараат за зајакнување на европската одбрана, а вечерта ќе им се придружи и британскиот премиер Кир Стармер на работна вечера.
Европа
(Видео) Голем украински напад со дронови, Русија ги затвора аеродромите
Украина синоќа употреби беспилотни летала за да ги нападне објектите за гориво и енергија во руските региони Астрахан и Волгоград.
Руското Министерство за одбрана тврди дека руската војска пресретнала и уништила 70 украински беспилотни летала.
У ніч на 3 лютого дрони завдали удару по нафтопереробному заводу у Волгоградській області РФ pic.twitter.com/WdrREPB5TX
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) February 3, 2025
Гувернерот на регионот Астрахан, Игор Бабушкин, изјави дека украинската војска се обидела да нападне објекти во неговиот регион со беспилотни летала, велејќи дека тие биле насочени кон енергетската инфраструктура. По падот на дрон избувна пожар, но нема жртви“, напиша тој.
Иако Бабушкин не прецизираше кој објект бил погоден, телеграмскиот канал База, кој е поврзан со руските безбедносни служби, објави напад на фабрика за преработка на гас во близина на Астрахан.
Дрони атакували Астраханський газопереробний завод в Росії pic.twitter.com/tBZcOUEaWW
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) February 3, 2025
Покрај тоа, руската Федерална агенција за воздушен транспорт привремено ги прекина летовите на аеродромите во Астрахан, Казан, Нижнекамск, Саратов, Уљановск, Владикавказ, Грозни и Махачкала.
Слични ограничувања беа воведени и на аеродромот во Волгоград, каде што беа пријавени експлозии и во нафтена рафинерија, заедно со прекин на електричната енергија во градот.
Европа
(Видео) Зеленски: Украина е поблиску до мир од кога и да било од почетокот на војната
Украина успеа да ја одбрани својата држава и независност и сега е поблиску до мир отколку кога било во речиси три години од почетокот на инвазијата, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Асошиетед прес.
„Ние се бориме, живееме, правиме се за да постигнеме мир. Сега сме поблиску од кога било во овие три години војна. Одбраната на нашата држава, независноста, нашата земја, главниот град, многу различни градови и села – сето тоа го постигнавме“, рече украинскиот претседател.
„За жал, изгубивме многу луѓе. Горд сум на нашиот народ и нивната храброст. Кој можеше да замисли дека сето ова ќе се случи? Никој. Кој можеше да ги предвиди сите последици? Никој“, рече Зеленски.
Тој нагласи дека Украина мора да направи се за да го стабилизира животот и сите граѓани конечно да доживеат мир. „Мислам дека тоа е најважно“, додаде тој.
Зеленски за Трамп и преговорите со Русија
Зеленски ја коментираше и можната улога на американскиот претседател Доналд Трамп во постигнувањето мир. Тој рече дека ако Трамп навистина сака да го натера рускиот диктатор Владимир Путин на мировен договор, ќе успее.
Во интервју за АП, тој предупреди дека исклучувањето на Украина од американско-руските преговори за ставање крај на војната би било „исклучително опасно“. Тој рече дека Киев и Вашингтон мора да ги продолжат разговорите за да развијат план за прекин на огнот.