Свет
Пожар на аеродром во Рим: маж стигнал до контролната кула и подметнал пожар, персоналот и патниците евакуирани

Авиосообраќајот на аеродромот „Чампино“ во Рим беше привремено прекинат поради подметнување пожар во техничката просторија во подножјето на контролната кула. Вработените во оперативната сала биле принудени да ја напуштат просторијата поради чад, пренесуваат италијанските медиуми.
Поради оваа причина, појдовните и дојдовните летови се суспендирани. Според информациите, грузиски државјанин бил уапсен поради подметнување пожар. Тој пред неколку дена пристигнал во Италија и немал криминално досие. Понатамошни истраги за неговиот статус се во тек.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, во овој инцидент нема повредени.
Сите дојдовни летови се префрлаат на аеродромот „Леонардо да Винчи“, а патниците ќе се превезуваат со автобус бесплатно.
Пожарникарите пријавиле дека интервенирале околу 7.20 часот, веднаш по пријавувањето на инцидентот. Тие изгаснале мал пожар, кој избувнал внатре во канцелариите лоцирани под контролната кула.
Спасувачите превентивно ја евакуирале целата зграда поради густиот чад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Северна Кореја истрела балистички ракети

Северна Кореја истрела повеќе неидентификувани балистички ракети од нејзиниот западен брег, соопшти јужнокорејската војска, додека САД и Јужна Кореја ги започнаа годишните заеднички воени вежби.
Ракетите биле истрелани во морето од западниот брег околу 13 часот и 50 минути по локално време, се вели во соопштението на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја.
Јужнокорејската војска го зголеми надзорот и будноста, велат тие.
Севернокорејските државни медиуми ги критикуваа годишните заеднички воени вежби меѓу САД и Јужна Кореја кои започнаа во понеделникот, велејќи дека тие ќе ја влошат ситуацијата на Корејскиот полуостров.
Заедничките воени вежби наречени „Штитот на слободата“ треба да траат до 20 март и имаат за цел зајакнување на подготвеноста за закани како Северна Кореја, соопшти претходно јужнокорејската војска.
Свет
Автомобил експлодира на аеродром во Лондон: Блокирани терминали, одложени неколку летови

Електричен автомобил експлодира утрово во тунел што ги поврзува терминалите на аеродромот Хитроу во Лондон, предизвикувајќи прекин на воздушниот сообраќај, пренесоа британските медиуми.
Пристапот до терминалите 2 и 3 е делумно ограничен, а на патниците им се препорачува да остават повеќе време за пристигнување на аеродромот, како и да користат јавен превоз секаде каде што е можно, објави управата на аеродромот на социјалната мрежа „Икс“.
Аеродромот Хитроу им се извини на патниците за прекинот во сообраќајот предизвикан од експлозијата на автомобилот. Инцидентот се случил околу 3 часот по локално време кога возило се запалило во тунелот, јавува „Мирор“.
Возилото наводно било целосно уништено, а нема информации за повредени. Пожарникарите соопштија дека пожарот бил изгаснат околу 03:45 часот. Поради ова се одложени неколку летови од лондонскиот аеродром Хитроу.
Европа
(Видео) Нападната една од најголемите рафинерии во Русија

Украински сили рано утринава ја нападнаа нафтената рафинерија Новокуибишевск во руската област Ростов, објави на Телеграм шефот на Центарот за борба против дезинформации при Советот за национална безбедност и одбрана, Андриј Коваленко, а пренесува Укринформ.
Како што се дознава, рафинеријата има годишен капацитет од 8,8 милиони тони, што ја прави една од десетте најголеми такви капацитети во Русија.
#Novokuibyshevsk refined as of now 💨 pic.twitter.com/4MlO2RX854
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) March 10, 2025
Објектот произведува широк спектар на нафтени продукти, вклучително и бензин, дизел гориво и масло за греење, од кои сите се критично важни за транспортот и воената опрема, истакна Коваленко. Тој додаде дека објектот е од стратешко значење за руската војска бидејќи обезбедува стабилно снабдување со гориво за продолжување на воените напори против Украина.
Novokuibyshevsk 💥💥💥 https://t.co/8AwCzRAaKr pic.twitter.com/RVyInfg7d6
— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) March 9, 2025
Како што претходно објави Укринформ, во раните утрински часови во саботата, 8 март, беспилотни летала управувани од украинското одбранбено разузнавање го нападнаа претпријатието Киришнефтеоргсинтез во руската област Ленинград.