Свет
Познати сите жртви во несреќата во која загина Коби Брајант

Во тешка хеликоптерска несреќа во неделат, во Калифорнија загина кошаркарската легенда Коби Брајант (41).
Покрај него, животот го загубија и осум други лица. Несреќата се случила околу 9:47 минути по локално време.
Една од жртвите е идинтификувана како 13-годишната Џијана, една од четирите ќерки на Коби Брајант.
Загинало уште едно девојче, Алиса, која била соиграч на Џијана во нивниот кошаркарски тим. Таа била придружувана од нејзините родители, Џон Алтобели и Кери Алтобели. Џон имал 56 години и работел како тренер за бејзбол на колеџ во округот Оринџ. Тој и сопругата ја придружувале нивната ќерка на натпревар кој требало да се одигра напладне.
Ќерката на Брајант, Џијана, и Алиса Алтобели заедно играле кошарка за академијата „Мамба“. Алтобели редовно патувал на натпреварите на неговата ќерка.
Подоцна се дозна дека меѓу загинатите е Кристина Маузер, кошаркарска тренерка во приватно училиште во округот Оринџ.
„Децата и јас сме уништени. Ја загубивме нашата прекрасна сопруга и мајка. Молиме да ја почитувате нашата приватност. Благодарни сме за сите пораки за поддршка, многу ни значат во овие тешки моменти“, напиша нејзиниот сопруг Мет на „Фејсбук“.
Според Си-би-ес Лос Анџелес, во хеликоптерската несреќа загинале и Сара Честер и нејзината ќерка Пејтон, а пилотот е идентификуван како Ара Зобајан, пренесува хрватски „Индекс“.
Причината за несреќата на хеликоптерот сè уште се истражува. Но, она што е познато е дека на летот имало многу проблеми. Времето било лошо, речиси ништо не се гледало поради магла.
Пилотот често ја менувал висината и бил предупреден дека лета премногу ниско. Тој планирал да слета на аеродромот во Бурбенк, но кружел околу 15 минути, чекајќи дозвола за слетување поради лошото време и другите летала кои требало да слетаат на аеродромот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Жестоки судири на авганистанско-пакистанска граница

Жестоки судири синоќа избувнале на границата меѓу Пакистан и Авганистан, откако талибанците извршиле напад врз пакистански воени пунктови, јавуваат светските медиуми.
Екслацијата, како што пишува „Гардијан“ повикувајќи се безбедносни претстаници од двете земји, доаѓа по воздушниот напад што пакистанските сили го извршија оваа надела. Силите на талибанскиот режим во Авганистан, како одмазда вчера почнале со напади врз пакистанските трупи долж границата, тврдејќи дека зазеле два гранични пункта во јужната провинција Хелманд, информација што ја потврдиле локалните власти.
Пакистанските безбедносни претставници ги потврдиле судирите со талибанците на неколку гранични локации, наведувајќи дека нивните сили возвратиле енергично.
„Вечерва, талибанските сили почнаа да пукаат кон неколку гранични точки. Ние возвративме со артилерија на четири локации по должината на границата. Нема да толерираме никаква агресија од авганистанските талибанци на нашата територија. Пакистанските сили одговорија со силен оган, ефикасно таргетирајќи неколку авганистански гранични пунктови“, изјавил претставник на пакистанската влада за „Гардијан“.
Пакистанската армија, како што се наведува, употребила артилерија, тенкови, како и лесно и тешко оружје во своите контранапади.
Ескалацијата доаѓа откако во четвртокот беа пријавени две експлозии во авганистанскиот главен град Кабул и уште една во југоисточен Авганистан. Министерството за одбрана, управувано од талибанците, го обвини Пакистан за кршење суверенитетот на земјата во врска со овие два напади.
Свет
Трамп утре ќе се сретне со семејствата на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас

Американскиот претседател Доналд Трамп утре изутрина ќе се сретне со роднини на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас, по што ќе одржи говор во Кнесетот.
Белата куќа соопшти дека Трамп ќе отпатува во египетското одморалиште Шарм ел-Шеик подоцна утре на „мировна церемонија за Блискиот Исток“ по повод договорот што го посредуваше меѓу Израел и Хамас.
Според распоредот на Белата куќа, „Ер форс уан“ треба да тргне од Вашингтон денеска попладне и да слета во израелскиот крајбрежен град Тел Авив утре во 9:20 часот по локално време.
Потоа се очекува Трамп да одржи говор во Кнесетот, израелскиот парламент, во 11 часот, по средбата со семејствата на заложниците во рамките на Кнесетот.
Во 13 часот американскиот претседател ќе отпатува за Египет, со пристигнување во Шарм ел-Шеик во 13:45 часот. Мировната церемонија е планирана да почне во 14:30 часот, според распоредот.
Се очекува Трамп да замине подоцна истиот ден и да се врати во Вашингтон.
Свет
Израел ќе го насочи фокусот кон уништување на тунелите во Газа

Министерот за одбрана на Израел, Исраел Кац, изјави дека и наредил на израелската армија (ИДФ) да се подготви за уништување на сите тунели на Хамас во Појасот Газа.
– Главниот предизвик за Израел по фазата на враќање на заложниците ќе биде уништувањето на сите терористички тунели на Хамас во Газа – директно од страна на ИДФ и преку меѓународен механизам што ќе се воспостави под водство и надзор на САД, напиша тој на Х.
– Ова е основното значење на спроведувањето на договорениот принцип за демилитаризација на Газа и разоружување на Хамас, изјави Кац, додавајќи дека „и наредил на ИДФ да се подготви за извршување на задачата.“
Не е јасно како ИДФ ќе ги уништи тунелите на Хамас во деловите на Газа што не се под контрола на армијата според договорот за прекин на огнот.