Свет
Познат саудиски новинар исчезна во Истанбул
Истакнат саудиски новинар познат по своите остри критики насочени кон политиките на неговата земја, исчезнал откако бил во посета на конзулатот на Саудиска Арабија во Турција.
Џамал Кашоги, дописник за „Вашингтон пост“, влегол во конзулатот во Истанбул во вторникот попладне.
Кашоги бил да поднесе одредени документи, велат од „Вашингтон пост’“и оттогаш му се губи трага.
„Не знаеме дали е приведен, задржан за испрашување и дали ќе биде пуштен на слобода“, велат од весникот.
Неговата свршеница го придружувала до конзулатот, меѓутоа не ѝ било дозволено да влезе со него. Од него било побарано и да го предаде мобилниот телефон, што е стандардна пракса во некои амбасади и конзулати.
Кашоги бил во конзулатот за да ја подигне потребната документација за добивање дозвола за склучување брак.
Свршеницата го чекала пред конзулатот до крајот на работното време, но тој не се појавил.
„Не знам што се случува. Не знам дали тој е сè уште внатре или го однеле на друга локација“, изјави таа за „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

