Свет
Полицијата распиша потерница по поранешниот претседател на Украина

Министерството за внатрешни работи на Украина распиша потерница по поранешниот претседател на Украина Петро Порошенко.
На веб-страницата на украинското Министерство за внатрешни работи се наведува дека Порошенко е „лице кое се крие од органите на прелиминарната истрага“.
Инаку, потерницата е распишана на иницијатива на Службата за безбедност на Републиката, додека судот издаде одобрение за негово апсење.
Поранешниот претседател е обвинет за испорака на јаглен во Донбас во текот на 2014-2015 година. Случајот е покренат според членовите од Кривичниот законик на Украина за финансирање тероризам, велепредавство и создавање на терористичка организација.
На Порошенко му се заканува затворска казна до 15 години со или без конфискација на имот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп потпиша договори со Катар вредни милијарди долари

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и катарскиот емир шеикот, Тамим бин Хамад ал-Тани, потпишаа серија договори во Доха, за време на вториот ден од четиридневната турнеја на Трамп низ земјите од Персискиот Залив.
Според соопштението на Белата куќа, потпишани се договори кои треба да генерираат „економска размена во вредност од најмалку 1,2 трилиони долари“, додека конкретните билатерални зделки се проценуваат на повеќе од 243,5 милијарди долари.
Покрај Боинг, големи договори добија и американската компанија Парсонс (технолошка инфраструктура) со договор вреден 97 милијарди долари и енергетската инженерска компанија Мекдермот со договор од 8,5 милијарди долари.
Белата куќа, исто така, го нагласи „забрзувањето на одбранбените инвестиции на Катар во САД“, вклучувајќи го и системот за контра-дронови произведен од „Рејтеон“.
Денешната посета на Катар доаѓа еден ден по спектакуларниот престој на Трамп во Саудиска Арабија, каде што тој и принцот Мохамед бин Салман потпишаа рекорден договор за одбрана вреден 142 милијарди долари, а саудиската страна најави инвестиции кои во иднина би можеле да достигнат 1.000 милијарди долари.
Утрото Трамп учествуваше на самитот со лидерите на земјите од Персискиот залив во Доха и рече дека сака „да постигне договор со Иран“.
Тој најави и укинување на сите санкции за Сирија, а утрото се сретна со сирискиот претседател Ахмед ал Шара, кого го опиша како „згодно и силно момче“.
Трамп вечерва ќе присуствува на свечена државна вечера во главниот град на Катар, а во петок ќе ја продолжи турнејата со посета на Обединетите Арапски Емирати.
Свет
Песков: Малку е веројатно дека Путин наскоро ќе го објави составот на руската делегација во Истанбул

Портпаролот на рускиот лидер Дмитриј Песков денеска изјави дека е малку веројатно рускиот претседател Владимир Путин да го соопшти составот на руската делегација на преговорите во Истанбул во изјава за медиумите по разговорот со малезискиот премиер Анвар Ибрахим.
„Не верувам. Се уште се занимаваме со билатерални руско-малезиски односи. Ќе видиме што ќе одлучи претседателот“, изјави Песков за новинарите, одговарајќи на прашањето дали Путин може да го објави составот на делегацијата што ќе оди на разговори во Истанбул по средбата со малезискиот премиер, пренесува РИА Новости.
Според него, руската делегација утре ја очекува украинската страна на преговорите во Истанбул и сите руски предлози се на маса.
Свет
Берни Сандерс: Трамп секојдневно го поткопува нашиот устав, тоа е диктатура

Американскиот социјалист, 84-годишниот Берни Сандерс им се обрати на приврзаниците собрани во рамките на неговата кампања „Борба против олигархијата!“
„Не само што се соочуваме со олигархија, туку и со претседател кој буквално секој ден го поткопува нашиот устав. Тоа го загрозува правото на слобода на говор, слободата на собирање. Неговите агенти (Имиграција и царина) во моментов земаат невини луѓе на улица, ги ставаат во неозначени комбиња и ги носат во центри за притвор“, рече тој.
„Луѓе со маски трчаат по луѓе, ги ставаат во камиони“, вели тој, а на социјалните мрежи има бројни видеа за тоа.
„Тоа се случува само во диктатури“, рече поранешниот претседателски кандидат на Демократската партија, Берни Сандерс.
Берни Сандерс во последно време активно учествува во американската политика како сенатор од Вермонт. Иако повеќе не се кандидира за претседателска номинација, тој останува еден од најпрепознатливите гласови на прогресивното крило на Демократската партија.
Продолжува да се залага за универзално здравствено осигурување, зголемување на минималната плата, борба против климатските промени и намалување на економската нееднаквост. Сандерс редовно коментира за актуелните политички настани и поддржува прогресивни иницијативи и кандидати низ САД.