Свет
Половина милион Алжирци останаа без работа поради затворање на приватни фирми поврзани со корупција
Поради затворањето на приватни фирми поврзани со корупција во Алжир, околу половина милион луѓе ги загубија своите работни места. Претседателот на Алжирскиот форум на бизнисмени, Сами Акили, потврди дека луѓето биле отпуштени бидејќи некои приватни компании се затворени по истрагата за корупција.
Според информациите, секторите за наводнување и градежништво се најмногу погодени. Дури 70 проценти од фирмите во тие сектори се затвораат, а „владата не нуди решение за ова“, вели Акили.
Неколку месеци од оваа година траеја протестите против претседателскиот план да се кандидира за петти мандат, поради што 82-годишниот Абделазиз Бутефлика ги одложи изборите закажани за 18 април и ја повлече кандидатурата. Бутефлика е претседател од 1999 година.
Некои Алжирци ја поддржуваат антикорупциската истрага, додека други се спротивставуваат на тоа затоа што веруваат дека истрагата нема никаква врска со корупцијата, туку со Бутефлика.
Покрената е истрага и против братот на поранешниот премиер Саид Бутефлика, поранешни премиери, бизнисмени, високи функционери, шефови на разузнавање.
Распишани се потерници за нивно апсење
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.