Контакт

Свет

Половина од детската порнографија поставена на холандските сервери

Објавено пред

Речиси половина од детската порнографија и филмови со детска порнографија се хостира на серверите во Холандија, објави во својот годишен извештај британската организација Интернет Воч Фондејшн, која се занимава со откривање и борба против злоупотреба на деца.

dobivaj vesti na viber

Според извештајот, 48.900 интернет адреси на кои се наоѓаат фотографии и филмови со сексуална злоупотреба на деца, се поврзани со серверите во Холандија, што чини дури 46,5 отсто од вкупно над 105.000 адреси откриени во 2018 година, пренесе холандската телевизија НОС.

Свет

Израелски министер: Не треба да се грижиме за гладот во Газа, светот нека се грижи за нив

Објавено пред

Израелскиот министер за наследство, Амихај Елијаху, изјави дека Израел не треба да се грижи за гладот во Газа, предизвикувајќи осуда од целиот политички спектар.

dobivaj vesti na viber

Според „Тајмс оф Израел“, десничарскиот политичар од партијата Оцма Јехудит ги отфрли обновените предупредувања на ОН за глад во опколената енклава, тврдејќи дека израелската влада „брза кон уништување на Газа“.

„Фала му на Бога што го бришеме тоа зло. Цела Газа ќе биде еврејска“, изјави Елијаху за Радио Кол Барама во четврток, според Ynet.

„Не треба да се грижиме за гладот во Газа – нека светот се грижи за нив. Ниедна нација не ги храни своите непријатели. Дали целосно сме се изгубиле од умот? Дали треба да се грижиме за нивната вечера?“ додаде тој.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се дистанцира од забелешките, велејќи дека Елијаху не е член на Советот за национална безбедност, кој одлучува за водењето на војната.

„Политиката на оваа влада е јасна и единствена. Неговите изјави не ја претставуваат владата“, рече Нетанјаху.

Израелскиот амбасадор во САД, Јехиел Лајтер, исто така ги осуди коментарите на Елијаху, нарекувајќи ги „погрешни, глупави и целосно нерепрезентативни за владата и народот на Израел“. Во објава на X, тој истакна дека Израел е посветен на создавање механизам за доставување хуманитарна помош до цивилите во Газа, „но не преку Хамас“.

Според локалните здравствени власти, повеќе од 59.000 Палестинци се убиени во Газа од октомври 2023 година, вклучувајќи најмалку 113 лица кои починале од глад. Шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, во средата изјави дека израелската „блокада“ ја довела Газа на работ на „масовен глад“.

Филип Лазарини, шеф на агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA), го повика Израел да дозволи влез на 6.000 камиони со помош блокирани во Египет и Јордан.

Во меѓувреме, израелските власти ги обвинуваат Хамас и другите вооружени групи за складирање на залихи и напаѓање на цивили на местата за дистрибуција на помош.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Голем пресврт: Канадските хокеари се ослободени од обвиненијата за групно силување

Објавено пред

Пет канадски хокеари обвинети за групно силување на жена во хотелска соба во 2018 година се ослободени од сите обвиненија од судија во Онтарио. Случајот привлече големо внимание во Канада, а пресудата беше изречена во преполна судница во четвртокот, објави Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Судијката Марија Кароча неколку часови ја образложуваше својата пресуда, разгледувајќи ги сведочењата и доказите собрани за време на осумнеделното судење, пред да ги прогласи играчите за невини.

Поранешните членови на јуниорската репрезентација на Канада, Мајкл Меклауд, Дилон Дубе, Кал Фут, Алекс Форментон и Картер Харт, беа обвинети за напад врз жената, идентификувана во судските документи како Е.М., по гала вечерата на Хокеарската асоцијација на Канада во Лондон, Онтарио. Сите беа играчи во престижната Национална хокеарска лига (НХЛ) во времето на скандалот.

Централното прашање на судењето беше дали Е.М., којa ималa 20 години во времето на инцидентот, далa согласност за сите сексуални дејствија таа ноќ. Судот утврди дека жената се сретнала со играчите во барот, а подоцна доброволно отишла во хотелска соба за да има секс со Мајкл Меклауд. Според сведочењето, други играчи потоа влегле во собата и исто така имале сексуални дејствија со неа.

Одбраната тврдеше дека самата Е.М. барала од мажите да имаат секс со неа и дека тие оправдано верувале дека таа се согласила за сè. Од друга страна, Е.М. сведочеше дека била под дејство на алкохол и дека се плашела. Иако се согласила за сексот со Меклауд, таа тврдеше дека не се согласила за она што следело. Од сите обвинети, само Картер Харт сведочеше во своја одбрана.

Објаснувајќи ја својата пресуда, судијката Кароча изјави дека не го смета сведочењето на жртвата за „веродостојно или сигурно“ и дека обвинителството не успеало да докаже вина по ниту една точка од обвинението. Таа посочи на бројни недоследности во нејзиното сведочење, како што се деталите за тоа кој ги платил пијалоците таа вечер, заклучувајќи дека нејзините изјави одразуваат „несигурно сеќавање“ кое не се совпаѓа со другите докази.

Судијката, исто така, ги истакна разликите помеѓу она што Е.М. им го кажала на полициските истражители и она што им го кажала на претставниците на Хокеарската асоцијација на Канада, со која постигнала спогодба вредна 3,5 милиони канадски долари во 2022 година. На судењето беа прикажани и две снимки од инцидентот, на кои може да се слушне како Е.М. дава согласност. Иако според канадскиот закон ваквите снимки сами по себе не докажуваат согласност, судијката оцени дека Е.М. „зборува нормално, се насмевнува и не изгледа вознемирено“, што го поткопа тврдењето на обвинителството дека таа не ја напуштила просторијата од страв.

Играчите не дадоа никакви изјави за медиумите по пресудата, но нивните адвокати се обратија до јавноста во нивно име. „Со години, јавната перцепција е обликувана од еднострана приказна“, рече Дејвид Хамфри, адвокат на Мајкл Меклауд, додавајќи дека штетата нанесена на кариерата и угледот на неговиот клиент е „значајна“.

Адвокатката на оштетената страна, Карен Белхумер, рече дека Е.М. е „многу разочарана“ од одлуката и проценката на нејзиниот кредибилитет. „Кога некој ќе собере храброст да ја раскаже својата приказна, најлошиот можен исход е да се чувствува како да не му се верува“, рече таа.

НХЛ соопшти дека играчите остануваат „неподобни“ да играат во лигата сè додека не се спроведе внатрешен преглед на наодите на судот. Сепак, обвинителството внимателно ќе ја разгледа одлуката пред да одлучи за евентуална жалба. Демонстрантите што ја поддржуваат Е.М. се собраа пред судницата за време на судењето и на денот на пресудата, изразувајќи разочарување од исходот, за кој велат дека би можел да влијае на идните случаи на сексуален напад во Канада.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Украинските напади со беспилотни летала парализираа осум аеродроми во Русија

Објавено пред

Поради напад од непознати беспилотни летала, во Русија истовремено беше воведена оперативна безбедносна постапка на осум аеродроми, според руски јавни извори. Летовите се суспендирани на аеродромите Владикавказ, Грозни, Магаш, Минераљне Воде, Налчик, Ставропол, Сочи и Тамбов, објавува РБЦ-Украина.

dobivaj vesti na viber

Воздушниот простор над овие аеродроми е привремено затворен. Како резултат на нападот со беспилотни летала, одложени се 25 летови. Само на аеродромот во Сочи, одложени се дури 45 летови, и во полетување и во слетување, поради напади со беспилотни летала.

Патниците претежно остануваат мирни и чекаат откажување на таканаречениот „план Ковјор“.

Во текот на изминатата ноќ, Украинците повторно извршија голем напад со непознати беспилотни летала врз Русија, според РБЦ-Украина.

Во градот Невиномиск во Ставрополската територија, воздушната одбрана собори најмалку 30 беспилотни летала за само неколку часа. Сведоците велат дека целта била хемиската фабрика „Азот“ во Невиномиск, но оваа информација сè уште не е официјално потврдена.

Дополнително, експлозии се слушнале во неколку градови во Ростовскиот регион во текот на ноќта на 25 јули, кој исто така бил цел на напад од непознати беспилотни летала, според светските агенции.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Седум активни пожари во земјава

Центарот за управување со кризи извести дека во последниот ден, до 8 часот утрово, во земјава се евидентирани вкупно 33...

Македонија35 минути

Бујар Османи во ОБСЕ беше гласноговорник на интересите на Вучиќ, а не на граѓаните на Косово, велат од „Вреди“

„Вреди“ сериознo ја потенцира улогата на Бујар Османи како претседавач со ОБСЕ, особено неговите последни активности поврзани со ” планот...

Македонија45 минути

Мицкоски: СДС се сведе на застапник на бугарската пропаганда во Македонија и е рака за спас на ДУИ и Ахмети на следните избори

Наспроти нашите напори и борби имаме опозиција која боледува од вирусот на безидејноста, која не извлече ниту една лекција зошто...

Топ1 час

Кривична пријава против директорка на Специјализираната болница Отешево: ја злоупотребила службената положба

СВР Битола поднесе кривична пријава против 68-годишната А.П. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Свет2 часа

Стармер: Страдањето и гладот што се случуваат во Газа се неописливи

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека страдањето и гладот што се случуваат во Газа се „неопислива и неоправдана“ хуманитарна катастрофа....

Свет3 часа

Франција: Ќе ја признаеме палестинската држава во септември; САД: Непромислена одлука

Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера изјави дека Вашингтон го отфрлил планот на францускиот претседател Емануел Макрон за признавање на...

Свет3 часа

Тајландската војска: Камбоџа нè бомбардираше, ние одговоривме

Војската на Тајланд денеска соопшти дека судирите меѓу тајландските и камбоџанските трупи продолжиле, при што Камбоџа користела тешко оружје, вклучувајќи...

Свет4 часа

(Видео) Илјадници демонстранти во Тел Авив, бараа прекин на огнот во Газа

Илјадници демонстранти се собраа вчера вечер на плоштадот Хабима во Тел Авив, барајќи итен прекин на огнот во Појасот Газа...

Македонија4 часа

Метеж на Табановце и Богородица, се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...

Македонија13 часа

ЕМОФ: Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патеката која не е дел од официјалната

Во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули 2025 година, околу 12:00 часот на регионалниот пат Куманово...

Македонија15 часа

„Ер трактори“, пожарникари и локално население во обид да го стават под контрола пожарот во Преспанско; Беше закана за неколку села, вели Ангелов

Пожарот кој попладнево изби на брегот на Преспанското езеро во близина на селото Перово зафати поголема површина на трска и...

Македонија16 часа

Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар, соопшти ЦУК

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од...

Македонија20 часа

Орце Ѓориѓиевски и Каја Шукова ќе се борат за Град Скопје и со кандидат од „Влен“, Меџити името ќе го објави следната недела

Коалицијата „Влен“ ќе предложи свој кандидат за градоначалник на Скопје, најави денес првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет...

Топ20 часа

Автомобил удри во велосипедисти од Исланд, учесници на Младинските европски олимписки игри, пренесени се во болница

Вчера попладне во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на село Зубовце, кумановско, патничко возило...

Македонија21 час

Објавен оглас за ангажирање 300 невработени лица за помош на стари лица и лица со попреченост

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ја презентира новата мерка од оперативниот план за 2025 година – програмата „Општинско...

Македонија22 часа

Муртезани од Берлин: Пристапните преговори мора да бидат заштитени од билатерални условувања

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани работната посета на Берлин ја почна со средба со државниот министер за Европа на...

Свет22 часа

„Никој не е поштеден“: деца и лекари умираат од глад во Газа

Палестинските новороденчиња умираат затоа што нивните мајки од глад го губат млекото. Дури и медицинските лица, кои се обидуваат да...

Регион1 ден

(Видео) Огромен пожар беснее на Кипар, две лица загинаа

Две лица загинаа во огромен шумски пожар што беснее на јужен Кипар, а стотици се евакуирани бидејќи пожарите уништуваат домови...

Европа1 ден

(Видео) Се урна патнички авион во Русија

Авион „ан-24“ на „Ангара ерлајнс“, со најмалку 40 патници, се урна во руската област Амур, на далечниот исток од земјата....

Топ1 ден

Кривична против градоначалникот на Крива Паланка и двајца вработени во Општината: ја злоупотребиле службената положба

СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.П.(59), М.К.(41) и С.М.(38), сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за...