Европа
Полска: Вакцината на „Астразенека“ за лица под 65 години
Полска донесе одлука дека вакцината на „Астразенека“ можат да ја примат лица под 65 години, изјави министерот задолжен за програмата за вакцинација, Михал Дворчик.
Државата претходно утврди дека вакцината е наменета за лица на возраст од 18 до 60 години, објави „Ројтерс“.
„Медицинскиот совет ги прифати сугестиите дека вакцината на „Астразенека“ може да се користи за лица на возраст под 65 години“, рече Дворчик за државната Полска радиопрограма III.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русите го нападнаа Харков преку ноќ: убиена 17-годишна тинејџерка, 16-годишно момче меѓу ранетите
Седумнаесетгодишна тинејџерка беше убиена, а девет други беа повредени во руски ракетен напад извршен ноќеска врз регионот Харков во источна Украина, изјави шефот на државната администрација на Харков, Олег Синегубов.
Девојката беше тешко повредена во нападот, а подоцна им подлегна на повредите во болница, додаде Синегубов.
Тој рече дека меѓу повредените е и 16-годишно момче, објави Укринформ.
1/
⚡️Russian missile strikes Kharkiv Oblast, killing teenage girl, injuring 9.A seventeen-year-old girl was killed and nine others were injured in an overnight Russian missile attack on the city of Berestyn in Kharkiv Oblast on Nov. 18, regional authorities said.… pic.twitter.com/m4GzjQEFsj
— Lew Anno Support#Israel #Ukraine 24/2-22 (@anno1540) November 18, 2025
Синегубов објави на Телеграм дека седум лица се хоспитализирани со повреди од рускиот напад врз градот Берестин во регионот Харков.
Нападот се случи еден ден по рускиот ракетен напад врз градот Балаклија, при што загинаа три лица, а ранети се уште 15, меѓу кои три деца.
Руските сили ја интензивираа својата офанзива во регионот Харков оваа година, што доведе до зголемување на нападите врз градови и села подалеку од линијата на фронтот.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски во Турција в среда, пристигнува и човекот на Трамп: се очекуваат разговори со Виткоф
Специјалниот американски претставник Стив Виткоф утре ќе ја посети Турција и ќе се придружи на разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на турски извор.
Зеленски претходно изјави дека планира да замине за Турција во среда по денешната посета на Шпанија.
Зборувајќи за претстојните состаноци со шпански и турски претставници, Зеленски во објава на Фејсбук рече дека приоритет на Украина е да ги обнови мировните преговори и да ја заврши војната што е можно поскоро.
Зеленски рече дека Украина, исто така, работи на продолжување на размената на затвореници со Русија.
Тој нагласи дека средбата со шпанските претставници долго се подготвувала и дека Киев очекува уште една силна земја да помогне во приближувањето на крајот на војната.
Зеленски во понеделник ја посети Франција, која ја нарече една од најпродуктивните оваа година, а Елисејската палата објави дека Украина ќе купи до 100 авиони „Рафал“, опрема за воздушна одбрана и беспилотни летала од Франција.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Нападнати термоелектраните во Донецк: бројни населби без струја
Денис Пушилин, прорускиот лидер на регионот Донецк, објави на апликацијата Телеграм дека украинските сили оштетиле две тамошни електрани во ноќен напад, оставајќи многу населби без електрична енергија.
Нападите ги исклучија електраните Зуивска и Старобешево, а тимови за итни случаи беа распоредени за да ја санираат штетата.
Само еден ден претходно, Пушилин рече дека украинските напади со беспилотни летала врз енергетската инфраструктура на регионот оставиле околу 500.000 луѓе без електрична енергија.
Украинската страна не го потврди нападот. Во последните недели, Киев изврши неколку напади со беспилотни летала со долг дострел врз енергетската инфраструктура во делови од Донецк контролирани од Русија, со цел да се поткопа способноста на Русија да ја продолжи војната.
фото: принтскрин

