Свет
Полска објави водич за граѓаните во случај на војна, негира дека тоа е поврзано со Украина
Полската влада објави водич за граѓаните кој содржи упатства како да се подготват за криза или војна.
Водичот наведува што да се прави во случај на напад со разни видови оружје, од конвенционално до хемиско и нуклеарно. Опишани се и системите за јавно предупредување што се користат во такви случаи.
Водичот ги советува граѓаните да се снабдат со вода, храна, лекови и батериски светилки во случај на прекин на електричната енергија.
Umiejętność radzenia sobie w sytuacjach zagrożenia jest niezwykle istotnym elementem budowania odpornego społeczeństwa.
„Bądź gotowy” to ostatni materiał, który został przygotowany przez @RCB_RP.?Poradnik?: https://t.co/qED28khn87
?Film?: https://t.co/P7EyOWdyXx pic.twitter.com/dUu0CY7QPX
— Rządowe Centrum Bezpieczeństwa (@RCB_RP) April 5, 2022
Полската влада наведува дека мора да ги подготви граѓаните за разни сценарија, но негира дека водичот е поврзан со војната во Украина. Претходните слични водичи вклучуваа ситуации, како што се поплави и зимско време.
Но, заканата од руска инвазија секако е во мислите на некои граѓани во Полска, која граничи со Украина. Иако Русија ги фокусира повеќето напади на северот, југот и на истокот на Украина, руските сили извршија неколку напади врз Лавов, град на 60-ина километри од полската граница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Земјите-членки на Одборот за мир ќе обезбедат повеќе од пет милијарди долари за Појасот Газа
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека земјите-членки на новоформираниот Одбор за мир на првиот состанок в четврток же издвојат повеќе од пет милијарди долари помош за обнова на Појасот Газа.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека земјите-членки ветиле дека ќе испратат илјадници сили за стабилизација, одобрени од Обединетите нации и локалната полиција во палестинската енклава.
Тој наведе и дека првиот „формален состанок на групата“, ќе се одржи во Институтот за мир „Доналд Џ. Трамп“, кој Стејт департментот неодамна го преименува по претседателот.
Се очекува да присуствуваат делегации од повеќе од 20 земји, како и шефови на држави.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.

