Свет
„Поминав низ пеколот, ме однесоа во подземни тунели“: прва изјава на жената што ја ослободи Хамас
Јошевед Лифшиќ (85), која беше една од двете заложнички ослободени од заробеништво на Хамас минатата ноќ, вели дека поминала низ пеколот опишувајќи како била киднапирана од вооружени лица на Хамас на мотори.
Ослободената жена зборуваше на прес-конференција во болницата во Тел Авив, придружувана од ќерка си Шерон, која ѝ помагаше на мајка си да го раскаже своето тешко искушение.
“Each person had a guard watching him or her. They took care of all the needs. They talked about all kinds of things, they were very friendly.”
Yocheved Lifshitz details what it was like while being held hostage by Hamas.
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/lSs5io56uH
— Sky News (@SkyNews) October 24, 2023
Лифшиќ вели дека преку капијата била донесена во Газа и дека добила модринки од возењето. Таа исто така вели дека имала проблеми со дишењето.
Додава дека израелската влада потрошила милијарди на граничната ограда, но не направила ништо за да го спречи Хамас да премине.
„Мајка ми ја одведоа со мотори и ја тепаа со палки“, раскажува ќерка ѝ опишувајќи ја огромната мрежа од подземни тунели со кои управува Хамас, а која ја споредува со пајакова мрежа.
Ќерката додала дека часовникот и накитот на мајка ѝ ѝ биле извадени додека ја возеле.
Кога се симнала од моторот, луѓето што ја поздравиле и рекле дека „веруваат во Куранот“ и затоа нема да ја повредат – рекла ќерката.
Мајка ѝ и уште 24 луѓе биле однесени во тунелите, кои таа ги опишува како „мека, влажна земја“.
Раскажува дека по два-три часа, одвоиле пет лица од кибуцот Нир Оз во посебна просторија и дека таму имало чувари, болничар и лекар.
Самата Лифшиќ дополнително ги опишува чистите услови и чуварите, кои се грижеле за „секој детаљ“. Тие биле хранети со бело сирење и краставици, со истата храна што ја имале и киднаперите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

