Свет
Помпео: Вашингтон е подготвен за преговори со Северна Кореја
САД ги поздравија важните обврски што ги презеде Северна Кореја за време на меѓукорејскиот самит во Пјонгјанг и изрази подготвеност веднаш да ги продолжи преговорите за брза денуклеаризација, кои би требало да завршат до јануари 2021 година.
Во соопштението на државниот секретар на САД, Мајк Помпео, се вели дека рано изутрина го повикал на состанок својот севернокорејски колега Ли Јонг Хо, кој треба да се одржи идната недела во Њујорк за време на состанокот на Генералното собрание на ОН.
Притоа се наведува дека САД го поздравуваат јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин
и севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун, поради позитивниот резултат од состанокот во Пјонгјанг и го поздравуваат тоа што потврдиле дека се ангажираат за целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека има огромен напредок во разговорите со Северна Кореја, по одржаниот меѓукорејски самит на кој Пјонгјанг понуди одредени отстапки околу програмата за вооружување. Преговорите меѓу САД и Северна Кореја беа во застој по состанокот меѓу Ким Џонг-ун и Доналд Трамп во јуни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

