Свет
Помпео: Војската на САД ќе напаѓа само законски цели

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека која било цел на американската војска кон Иран, во случај Иран да и се одмазди на Америка за убиството на својот најмоќен генерал Касим Сулејмани, ќе биде легална, според законите за вооружен конфликт.
Тој беше запрашан за коментар на оваа тема, откако претходно американскиот претседател, Доналд Трамп, на неговиот профил на „Твитер“, се закани дека САД имаат на нишан 52 ирански цели (што претставуваат 52 заложници задржани од страна на Иран пред многу години), од кои некои се на многу високо ниво и важни за Иран и иранската култура.
„Секоја цел што ќе ја погодиме ќе биде легитимна цел, цел со единствена мисија – одбрана и заштита на Америка“, рече Помпео.
Законите за вооружени судири забрануваат намерно напаѓање на културните локалитети во повеќето случаи, пренесе „АП“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Унгарија ја поддржува одлуката на Трамп да ја прекине воената помош за Украина

Унгарската влада изрази поддршка за одлуката на администрацијата на Доналд Трамп да ја прекине воената помош за Украина додека земјата се брани од руската инвазија и нелегалната анексија на нејзината територија.
Портпаролот на владата на Виктор Орбан рече: „Претседателот на САД и унгарската влада го делат истиот став: наместо продолжување на испораката на оружје и војна, потребно е прекин на огнот и мировни преговори што е можно поскоро“.
Свет
Полскиот министер: Суспендирањето на американската воена помош за Украина е лоша вест

Суспендирањето на американската воена помош за Украина е лоша вест, изјави денеска полскиот заменик министер за одбрана Сезари Томзик.
Американскиот претседател Доналд Трамп нареди прекин на воената помош за Украина по вербалната расправија меѓу него и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба во петокот, објави Си-Ен-Ен, цитирајќи извор од Белата куќа. „Претседателот (Доналд Трамп) е јасен дека е фокусиран на мирот. Нашите партнери исто така треба да бидат посветени на таа цел“, рече изворот. Според него, помошта ќе биде суспендирана додека Трамп не биде сигурен дека Зеленски е подготвен да започне мировни преговори.
Суспензијата се однесува на целата воена опрема што се уште не пристигнала во Украина. Овој потег на Америка уследи по минатонеделната средба меѓу Трамп и Зеленски во Овалната соба, која се одвиваше во тензична атмосфера, со повремени довикувања меѓу двајцата лидери.
Зеленски ја напушти Белата куќа по „гневната размена“ со Трамп и американскиот потпретседател Џ.Д. Венс. Трамп на својата платформа „Truth Social“ објави дека Зеленски „покажал непочитување“ кон САД во Овалната соба, пренесува Танјуг.
Регион
„Беше зашеметена, лежеше покрај потокот“: спасителот раскажал како била пронајдена двегодишната Дуња

-Детето имаше многу смрзнатини, беше во тешка состојба, но за среќа стигнавме на време и се надеваме дека ќе биде добро – изјави припадник на Планинарската спасувачка служба која утрово ја пронајде Дуња Марковиќ, двегодишното девојче по кое од вчера попладне интензивно се трагаше.
Како што објаснил, девојчето било покрај мал поток.
„Лежеше во природа, не паднала во потокот. Ќе видиме кога ќе го направиме брифингот, но мала е веројатноста дека детето ќе стигне до тука“, рече тој.
Како што објасни, Дуња била зашеметена и не знаела што навистина се случува, а додал дека во потрагата учествувале 35 спасувачи од ГСС.
-И Данка ја баравме во Бор, постојано сме во потрага, па вложуваме многу во обуки во однос на пребарувањата. Секој пат се повеќе и повеќе и конечно добивавме добар резултат. За ова е одговорен целиот тим на ГСС, не само мојот колега, јас и кучето, а да не беше целата услуга, немаше да постигнеме толку добар резултат – изјави спасителот на ГСС.