Контакт

Свет

Помпео во ненајавена посета на Ирак додека растат тензиите со Иран

Објавено пред

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, ненајавено го посети Багдад за да ја покаже поддршката на ирачката влада во време кога САД собираат разузнавачки податоци за да докажат дека Иран претставува закана за нивните интереси на Блискиот Исток.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Помпео се состана со ирачкиот претседател и премиер, како и со други официјални претставници со кои разговараше за безбедноста на Американците во Ирак и ја изрази американската загриженост во врска со зголемувањето на иранските активности, објави „Ројтерс“.

Посетата на ирачкиот главен град се случи кога Помпео одеднаш го откажа патувањето во Германија, а на новинарите на АП и на другите не им беше кажано која е новата дестинација сè додека неговиот авион не полета за Багдад.

АП забележува дека на новинарите не им било дозволено да известуваат за движењето на Помпео сè додека неговиот авион не полетал  за Лондон.

Помпео им изјави на новинарите за време на летот дека целта на неговите состаноци со претседателот и премиерот на Иран е да му дадат американска поддршка на „суверен, независен“ Ирак, ослободен од влијанието на соседниот Иран.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Зеленски: Украина врати повеќе од 4.300 војници од руско заробеништво

Објавено пред

Украина успеала да врати вкупно 4.306 воени заробеници од руското заробеништво од почетокот на руската инвазија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Украинската влада работи со меѓународни партнери и организации за да ги врати своите граѓани дома. Само во 2024 година, 1.358 луѓе беа ослободени од руско заробеништво.

„Кога разговараме со американската страна и другите партнери за тоа како да се стави крај на војната, ослободувањето на затворениците е едно од првите прашања“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател нагласи дека сите надлежни служби продолжуваат неуморно да работат на враќање на Украинците од руско заробеништво.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Откажан собирот на приврзаниците на Вучиќ во Ниш

Објавено пред

Собирот на Српската напредна партија (СНС) што требаше да се одржи вечерва во Ниш, на кој беше најавено доаѓањето на највисоките партиски функционери, е откажан, пренесе Н1 Србија.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Градоначалникот на Ниш од бината ги известил собраните луѓе дека собирот нема да се одржи, а во салата не се видени ниту претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ, премиерот во заминување и претседател на СНС Милош Вучевиќ, ниту претседателот на Извршниот одбор на СНС Дарко Глишиќ.

Граѓаните на Ниш денеска се собраа на протест пред Офицерската сала, каде што требаше да се обратат и други високи партиски функционери од СНС. Демонстрантите носеа транспаренти, а со јајца фрлаа кон членовите на СНС.

Како што објави Н1, полицијата ги блокирала сите пристапни патишта до Офицерскиот дом, кој го обезбедувале големи полициски сили распоредени во повеќе безбедносни обрачи.

Насобраните граѓани во неколку наврати фрлаа со јајца кон функционери на СНС додека се движеа кон зградата. Фрлија јајца и кон градоначалникот на Ниш, а го полија и со вода.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Жителите на Нови Сад му оддадоа почит на Вукашин, 16-та жртва од уривањето на железничката станица

Објавено пред

Жителите на Нови Сад вечерва се собраа да му оддадат почит на 18-годишниот Вукашин Црнчевиќ, 16-та жртва од уривањето на настрешницата на железничката станица.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Вукашин, кој беше тешко повреден при уривање на настрешница на Железничката станица во Нови Сад, почина по четири месеци и 20 дена борба за живот, станувајќи 16-та жртва на трагедијата што со месеци предизвикува протести на студентите и граѓаните во Србија.

„И покрај сите преземени мерки за лекување и максималната посветеност на персоналот на ВМА, пациентот им подлегна на сложените повреди и последователните компликации. Упатуваме најдлабоко сочувство до семејството на починатиот“, соопштија од Воено медицинската академија.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ23 минути

Уапсен возачот кој денеска удри 12-годишно девојче во Ѓорче Петров

Денеска полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 39-годишниот Х.Х. од село Крушопек, скопско, затоа што околу 14.30...

Македонија1 час

(Видео) Струмичкиот градоначалник: Уште колку жртви треба да дадеме за да се свестиме дека со оганот нема играчка

Во денови на огромна жалост во Македонија и Струмица, несовесни граѓани запалија стрниште, а за среќа нашите пожарникари од ТППЕ...

Македонија6 часа

Тошковски: Целосна мобилизација на институциите, МВР работи со сите свои капацитети

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во денешната изјава за медиумите повика на целосна мобилизација на сите институции и потенцира...

Македонија7 часа

За да добива лиценци, сопственикот на „Пулс“ со години користел незаконски проект, а подмитил и службеник, според истрагата

Верижните пропусти и незаконитите дејства на одговорните и на службените лица довеле до смртоносниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани....

Македонија8 часа

Кривични пријави за 34 физички и три правни лица, доколку постојат докази, истрагата ќе се шири, рече Тошковски

МВР во соработка со ОЈО Кочани ја завршила првата фаза од постапувањето во кривично-правниот настан, истакна министерот за внатрешни работи,...

Македонија9 часа

Панчо од ДНК е надвор од животна опасност, шести ден е на интензивна нега во „Систина“, велат од болницата

Фронтменот на бендот ДНК, Владимир Блажев-Панчо, повреден во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е во стабилна состојба и во...

Македонија9 часа

Насилно задушување е причината за смртта кај сите 59 пациенти во пожарот во Кочани, соопшти првиот човек на Судска медицина

Кај сите 59 настрадани во пожарот во Кочани причината за смртта е насилна и е настаната поради насилно задушување и...

Македонија10 часа

Дискотеката имала устен договор за концертот на ДНК, објектот бил пренатрупан и никој не ги сопрел децата да влегуваат

Едниот од осомничените за пожарот во дискотеката „Пулс“, одговорно лице во клубот, усно го договорил концертот, без притоа да биде...

Македонија11 часа

На 97 фирми им биле издадени градежни лиценци, па престанале да ги исполнуваат условите, ќе им бидат одземени, рече Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на прес-конференција зборуваше за контролата на сите издадени лиценци во согласност со Законот...

Македонија11 часа

Таравари: Нема потреба никој да собира пари, лекувањето на повредените во странство е бесплатно

Лекувањето на 115 повредни во пожарот во Кочани е бесплатно. Министерот за здравство, Арбен Таравари, денес рече дека нема потреба...

Македонија12 часа

Четворица пациенти во Италија се веќе на нозе, Таравари вели може да се вратат дома следната недела, критичен е пациент во Турција

Денес, од болница излегуваат десетмина пациенти што се лекуваат кај нас, соопшти утрово министерот за здравство, Арбен Таравари. Си заминува...

Македонија13 часа

Одреден 30-дневен притвор за 13 лица за пожарот во Кочани, меѓу кои Бектеши и Трајковски

Судот го прифати предлогот на Обвинителството и определи притвор за 13 од вкупно 19 лица опфатени со истрагата за пожарот...

Македонија13 часа

ОЈО: Истражна постапка против 27 лица и три фирми за пожарот во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни...

Македонија14 часа

Белград би можел да обезбеди и дополнително сместување на повредените од Кочани, ако има потреба

Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград утринава изјави дека е достапна за евентуално дополнително сместување на повредените во пожарот во Кочани,...

Македонија14 часа

(Видео) Би-би-си со реконструкција за пожарот во Кочани

Би-би-си направи реконструкција на пожарот во дискотката „Пулс“ во Кочани, каде што објаснува зошто толку многу луѓе загинале. Во реконструкцијата...

Македонија14 часа

Мораме да размислуваме како да си ги вратиме децата назад, од понеделник ќе ги имаме првите враќања, најави Клековски

Од понеделник се очекуваат првите повлекувања од странство на повредените пациенти, кои по пожарот во Кочани, беа препраќани на лекување....

Македонија15 часа

Maкедонските медиуми известуваат професионално во овие траурни моменти, оцени Министерство за дигитална трансформација

Министерство за дигитална трансформација како надлежно за уредување на прашањата поврзани со медиумите и медиумското работење апелира на одговорност, професионалност...

Македонија1 ден

Телефонски броеви и информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство, објави Муцунски

Преку социјалните мрежи министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски објави како што пишува, важни информации за семејствата на пациентите кои...

Македонија1 ден

Во Кочани полициска акција за приведување на лица за пожарот во дискотеката

Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за...

Македонија1 ден

Медицински центри во странство каде се лекуваат пациенти од пожарот во Кочани, објави Таравари

Министерот за здравство Арбен Тараври на социјалните мрежи објави список со медицински центри во странство каде се лекуваат пациентите од...