Свет
Помпео: САД пробаа и не успеаја да ја обединат венецуелската опозиција
Обелоденета аудиоснимка на американскиот државен секретар Мајк Помпео, наводно, ги открива американските напори за обединување на венецуелската опозиција, чии врвни личности се очигледно премногу вовлечени во борбата за моќ за да станат следниот претседател одобрен од САД, пренесува РТ .
Венецуелските лидери на опозицијата во ред чекаат за да ја преземат претседателската функција кога Николас Мадуро ќе биде соборен со помош на Вашингтон, а САД се борат да ги натераат да работат заедно, објави „Вашингтон пост“ цитирајќи ја снимката. Снимката, наводно, била направена на состанокот на Помпео со еврејските лидери минатата недела.
Помпео вели дека напорите да се здружи обединетиот фронт против Мадуро не се само од изминатите месеци, туку датираат од времето кога тој станал директор на ЦИА, веднаш по заклетвата на Трамп за претседател.
„Од денот кога станав директор на ЦИА, тоа беше во центарот на она што претседателот Доналд Трамп се обидуваше да го направи“, рече тој.
Задачата се покажала ѓаволски тешка зашто сите во опозицискиот логор се борат за лични интереси и не сакаат да се фокусираат на заедничката причина за државен удар.
„Во моментот кога Мадуро ќе замине, секој ќе ги крене рацете и ќе рече: Земете ме, јас сум следниот претседател на Венецуела. Ќе има четириесет и повеќе луѓе што веруваат дека се вистинскиот наследник на Мадуро“, вели аудиозаписот на Помпео.
Во обид да ги принуди разните кловнови на Вашингтон да се здружат, Помпео се обидел да побара помош од верските организации.
„Се обидувавме да ги поддржиме разните религиозни институции за да ја принудиме опозицијата да се здружи“, вели тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Хаити прогласи тридневна жалост по ураганот Мелиса, најмалку 30 лица загинаа во поплави и лизгање на земјиштето
Хаити прогласи тридневна национална жалост почнувајќи од денес откако најмалку 30 лица загинаа во поплави и лизгање на земјиштето предизвикани од ураганот Мелиса, според официјалните бројки.
Владата, исто така, прогласи тримесечна вонредна состојба во неколку региони.
Ураганот ги погоди и Јамајка, Куба и Бахамите. Мелиса ја погоди Јамајка со полна сила, убивајќи најмалку 28 лица, според прелиминарните официјални извештаи.
WATCH: Drone footage captures the catastrophic aftermath of Hurricane Melissa along Jamaica’s coastline. pic.twitter.com/y0NBquLBLJ
— Fox News (@FoxNews) November 1, 2025
Министерството за култура на Јамајка соопшти дека ќе одржи добротворни концерти за собирање средства за обнова.
Под слоганот „Ја сакам Јамајка“, реге музичарите ќе настапат во Кингстон од 14 ноември, по што ќе следат концерти во Лондон, Њујорк, Торонто и Јужна Флорида. Целосниот распоред сè уште не е објавен.
„Како што сме правеле толку многу пати досега, се свртуваме кон нашата музика, нашата реге музика, која се покажа како лековит мелем и еликсир во време на тага не само за жителите на Јамајка, туку и за целиот свет“, напиша министерката за култура Оливија Грејнџ на Инстаграм.
фото: принтскрин
Свет
Трамп се закани со воена акција на Нигерија: „Убиваат рекорден број христијани“
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека американската војска би можела да испрати војници во Нигерија или да започне воздушни напади за да го спречи она што тој го нарече убивање на голем број христијани во западноафриканската земја.
На прашањето дали предвидува војници на терен или воздушни напади во Нигерија, Трамп им рече на новинарите во авионот „Ер Форс Уан“: „Може да биде. Мислам, и други работи. Замислувам многу работи. Тие убиваат рекорден број христијани во Нигерија… Тие убиваат христијани, и ги убиваат во многу голем број. Нема да дозволиме тоа да се случи.“
Трамп ги даде овие забелешки во неделата вечерта, враќајќи се во Вашингтон од викендот поминат во неговата куќа за одмор во Флорида. Трамп се закани со воена акција против Нигерија во саботата ако најнаселената земја во Африка не преземе мерки против убивањето на христијаните.
Заканата на американскиот претседател за воена акција дојде еден ден откако неговата администрација повторно ја додаде Нигерија на листата на „земји од особена загриженост“ за кои САД велат дека ги прекршиле верските слободи. Други земји на листата се Кина, Мјанмар, Северна Кореја, Русија и Пакистан.
Нигерија во неделата изјави дека ќе прифати помош од САД за борба против исламистичките бунтовници сè додека се почитува нејзиниот територијален интегритет, во одговорот на заканите за воена акција на претседателот Доналд Трамп. „Ја поздравуваме помошта од САД сè додека таа го признава нашиот територијален интегритет“, изјави за Ројтерс Даниел Бвала, советник на нигерискиот претседател Боле Тинубу.
фото: принтскрин
Европа
Дронови забележани над воена база во Белгија: полициски хеликоптер ги следеше, па ги изгуби
Четири дронови беа видени синоќа над белгиската воена воздухопловна база Клајне-Брогел, која ја користат силите на НАТО, во најновиот од неколкуте инциденти пријавени за време на викендот.
Белгиската новинска агенција Белга ги објави видувањата, повикувајќи се на локалниот градоначалник Стивен Матеи. Полициски хеликоптер ги следеше, но на крајот исчезнаа на север кон Холандија.
Дронови беа видени и во ноќта од сабота кон недела.
„Беше користен попречувач, но се покажа како неуспешен. Полициски хеликоптер и возила го гонеа дронот, но го изгубија по неколку километри на север“, извести за инцидентот белгискиот министер за одбрана Тео Франкен.
Министерот ги опиша дроновите како големи модели и рече дека „не станува збор за редовно прелетување, туку за јасна мисија насочена кон Клајне-Брогел“. „Тие летаа на голема надморска височина“, истакна тој. Истрагите се во тек.
фото: принтскрин

