Регион
(Видео) Поплави ширум Србија: спасувачите трагаат по брачен пар кој останал заробен во својот дом
Поради зголемувањето на нивото на водата и поплавите, прогласена е вонредна состојба во седум општини во Србија, каде 500 домаќинства се под вода, оштетени се седум мостови, евакуирани се 48 лица, а едно лице е спасено. Во моментов, најзагрозени се Осечина, Крупањ, Лозница, Љубовија, Мали Зворник, Косјериќ…
Više od igre pic.twitter.com/tiDQKFPmrg
— Bauk (@BaukDesign) June 23, 2020
Поради обилните дождови, членовите на Секторот за вонредни состојби 24 часа ја следат состојбата, пружаат помош на населението и ги евакуираат граѓани во сите загрозени општини, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Čačak proglasio otcepljenje. Radimo na uspostavljanju prirodnih granica. pic.twitter.com/E8BWhRuCtL
— Костя (@kostja_r) June 23, 2020
Специјални тимови за спасување, заедно со жандармеријата, вчера и денеска евакуираа 71 лице на територијата на општините Крупањ, Љубовија, Косјериќ и Лучани.
Reka Rzav, Arilje danas ??? pic.twitter.com/HPVCYHbg1L
— žuna (@nekimojdrug) June 23, 2020
„Воведена е вонредна состојба во 12 локални самоуправи во Србија, како резултат на прелевање на реките заради обилните врнежи од дожд“, изјави премиерката Ана Брнабиќ и додаде дека владата ќе стори сé за да ги санира последиците од поплавата и да им помогне на луѓето што е можно поскоро.
Voda odnijela stari most u Janji kod Bijeljine#bijeljina #janja #poplave #voda pic.twitter.com/XtXNXxytD5
— InfoBijeljina (@InfoBijeljina) June 22, 2020
Во целото подрачје на Студеница, состојбата е критична заради прелевањето на реката која носи сè пред себе. Не е позната судбината на брачниот пар Богојевиќ, кој според последните информации останал заробен во нивниот дом, по излевањето на реката.
Според информациите на известувачот на РТС од местото на настанот, постарата брачна двојка Богојевиќ останале заробени во нивната куќа, а спасувачите не можеле да им пријдат.
Бидејќи не можеле да се спасат со чамец,пожарникар се спуштил од хеликоптерот до покривот на куќата за да ги пронајде. Тој останал во куќата околу десетина минути, ги барал на горниот и долниот дел од куќата, но не ги пронашол, јавуваат медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ за обидот за атентат врз него и неговото семејство: „Тоа се луѓе кои би убивале деца“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати на медиумите зборувајќи, меѓу другото, и за апсењата за обидот за убиство врз него.
Вучиќ изјави дека не знае кои се луѓето кои го планирале атентатот врз него и неговото семејство, но дека знае за нивната возраст, додавајќи дека од доказите видел дека станува збор за луѓе кои се спремни од тоа да го тепаат, па до тоа да го убијат неговото дете.
Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање за двајцата мажи кои беа уапсени во Краљево под сомнение дека планирале атентат врз него и неговото семејство, рече дека тоа е евидентирано како доказ.
„Она што го добив во материјалот, не знам точно за кои лица станува збор, знам од каде се, ги знам нивните години, па не навлегувам во сè друго. Единственото нешто што успеав да го видам е како треба да го тепаат моето дете до точка на врескање, до точка на колење“, рече Вучиќ.
„Гледам дека има околу 70 луѓе кои се залагаат тие да бидат ослободени. Зборуваме за луѓе кои би колеле нечии деца, тоа го имаме евидентирано како доказ“, рече Вучиќ.
Регион
(Видео) Додик вежбаше во природа, па порача: „Никогаш не сум бил во подобра форма“
Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, објави видео на социјалните мрежи на кое прави чучнувања во природа, што предизвика бројни коментари. Со тоа, тој се придружи на долгата низа политичари кои ги искористија своите физички атрибути и спортски активности за да привлечат внимание од јавноста, пишува N1.
Претседателот на СНСД на платформата Икс објави видео со пораката: „Никогаш во подобра форма“.
Никад у бољој форми. pic.twitter.com/Vh2A3e3E3v
— Милорад Додик (@MiloradDodik) February 22, 2026
Ова ги натера корисниците на социјалните мрежи да се пошегуваат, а се појавија и коментари дека тој се „подготвува за затвор“ или за Олимписките игри. Објавата на Додик е продолжение на трендот што во светот го популаризираше рускиот претседател Владимир Путин, познат по фотографиите на кои ги покажува своите мускули.
Регион
Борисов: Како Радев ќе се натпреварува со мене, врз основа на што?
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со градоначалници од партијата во Стара Загора упати критики кон поранешниот бугарски претседател Румен Радев, доведувајќи го во прашање неговото политичко позиционирање.
„Ние сме научени да бидеме скромни, но да бидеш скромен не значи да немаш самодоверба. Кој во оваа држава направил помалку од нас? Како ќе излезе Радев да се натпреварува со мене, врз основа на што?“, праша реторички Борисов.
Осврнувајќи се на новогодишното обраќање на претседателот, тој додаде: „На Нова година со задржан здив го слушавме говорот на претседателот. Кога рече олигархија – нека каже која е. Јас тврдам дека во ГЕРБ нема таква“.

