Свет
Поради грешка во системот пропуштени 31.000 случаи на коронавирус во Чиле
Дефектoт во компјутерскиот систем во Чиле доведе до пропуст на повеќе од 31.000 потврдени случаи на коронавирус, или речиси шестина од досегашниот вкупен број, изјавија здравствените власти.
Случаите откриени за време на прегледот на базите на податоци на Министерството за здравство беа потврдени кон средината на март, кога започна епидемијата во Чиле, соопштија властите.
„Откривме дека има значителен број луѓе кои не се информирани или чиј статус не е процесуиран“, изјави д-р Рафаел Араос, член на стручниот комитет што ја советува владата, пренесува „Ројтерс“.
„Оваа група на непријавени случаи има позитивни тестови за PCR и затоа спаѓаат во потврдени случаи“, рече Араос. Тоа се должи на големото зголемување на бројот на случаи, кои во просек ги имало над 5.000 на ден.
Чиле денес објави вкупно 184.449 инфекции и 3.383 смртни случаи од оваа болест. Дополнителните 31.412 случаи откриени од властите ќе бидат додадени во вкупниот збир на Чиле, рече Араос.
Јужна Америка стана нов епицентар на глобалната епидемија на коронавирусот , а особено тешко погодени се Чиле, Перу и Бразил. Чиле ја продолжи вонредната состојба за дополнителни 90 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.