Свет
Поради коронавирусот би можела да се разгори една опасна постара пандемија, предупредуваат експертите
Меѓународната заедница пропушта можност да ја запре „модерната трагедија“ предизвикана од најсмртоносното заразно заболување – туберкулоза, предупредуваат експертите и истакнуваат дека ковид-19 може да ја разгори „постарата“ светска пандемија.
Борбата против туберкулозата, респираторно заболување што може да се спречи и да се лекува, а сè уште убива повеќе од 1,4 милиони луѓе годишно, е хронично недоволно финансирана, поради што доцнат дијагнозите и лековите или воопшто не стигнуваат до милиони луѓе.
Меѓународната асоцијација за елиминација на туберкулозата (СТБП) наведува дека во многу земји со голема инциденца на туберкулоза, пациентите се третираат со застарени методи.
„ Туберкулозата е сè уште најсмртоносно заразно заболување, иако може да се спречи и лекува“, изјави извршниот директор на СТБП, Лучица Дитиу.
„ Да бидат работите уште полоши, повеќето земји сè уште користат застарени третмани. Треба да се подобриме“, додаде Максим Лунга од СПТБ во Конго. „Секој ден 4.000 луѓе умираат од туберкулоза. Тоа е модерна трагедија” предупреди тој.
Во светот, според СЗО, минатата година 10 милиони луѓе заболеле од туберкулоза. Две третини од овие случаи се од осум земји, Индија, Индонезија, Кина, Пакистан, Филипини, Нигерија, Бангладеш и Јужна Африка.
Неколку дена откако „Фајзер“ и „Модерна“ објавија одлични резултати за вакцините против коронавирусите во третата фаза на тестирање, Дитиу го потенцира постоењето на огромно несразмерно финансирање и организација на истражувањето за туберкулоза.
„ Имаме 47 вакцини во последните фази на тестирање за коронавирус и сите се развиени за помалку од една година. За туберкулоза, по неколку години истражување, имаме само една вакцина што се тестира на луѓе”, рече таа.
Со сегашното ниво на финансирање и истражување, вакцините против туберкулоза нема да бидат достапни до 2027 година, истакна таа.
„ За туберкулозата не се размислува доволно, таа е таканаречена„ стара болест “и во оваа несреќна ситуација не привлекува внимание“, рече Тереза Касаева, директор на глобалната програма за туберкулоза при СЗО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Расте бројот на повредени во рускиот напад врз Киев
Бројот на повредени во рускиот напад со беспилотни летала и ракети врз Киев се искачи на 19, објави Укринформ.
„Вкупниот број на повредени во главниот град сега е 19, од кои 11 се хоспитализирани“, напиша градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм.
-Има и штети на станбени згради, градилишта и претпријатија. Како резултат на нападите, една третина од Киев остана без греење, изјави украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха.
Русија синоќа нападна неколку региони, вклучувајќи ги Черниговската, Николаевската, Харковската и Житомирската област.
Свет
Белата куќа ја потврди средбата на Трамп со Зеленски за утре
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски утре на Флорида, соопшти Белата куќа.
Според распоредот на американскиот претседател, билатералните разговори ќе се одржат во 15 часот по локално време во Палм Бич, Флорида.
Белата куќа не издаде посебно соопштение во врска со ова, но во распоредот за викендот што го испрати до медиумите, го прецизираше времето за средбата меѓу Трамп и Зеленски за недела во 15 часот, пренесува „Њујорк тајмс“.
Повеќе детали не се соопштени. Зеленски овој состанок го најави вчера на социјалните мрежи.
Тој рече дека во таа пригода ќе претстави нов план од 20 точки за завршување на војната, кој вклучува предлог за демилитаризирана зона, а главен фокус на средбата ќе бидат безбедносните гаранции за Украина.
Свет
Уште трае рускиот напад, во Киев нема струја и парно, има и загинати
Речиси 9 часа Киев ноќеска беше под опсада. Во градот воздушната опасност сè уште е на сила поради заканата од балистички ракети. Русија лансираше повеќе хиперсонични ракети „Кинжал“, балистички ракети „Искандер“ и крстосувачки ракети „Калибр“ врз украинскиот главен град. Во нападот, најмалку 11 лица беа повредени, пишува „Киев Индепендент“.
Речиси една третина од украинскиот главен град е без греење, а во некои делови од Киев нема електрична енергија.
Kyiv is dying – just a few hundred kilometers from the NATO border.
All because Europe is led by the most cowardly and stupid politicians like Merz, Macron, Starmer, Meloni, and Tusk. pic.twitter.com/GqvmYbCwMf
— Jürgen Nauditt 🇩🇪🇺🇦 (@jurgen_nauditt) December 27, 2025

